Фан Клуб: Вардар

Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
http://www.transfermarkt.co.uk/en/prva-makedonska-fudbalska-liga/startseite/wettbewerb_MAZ1.html

Oва како... озбилно?
Вардар вреди скоро 5 , а Работнички повеќе од тоа милиони ФУНТИ?
Па па па...
Да ама Вардар има 22 играчи , а Работнички 34 ,порсечната вредност на еден играч на Работнички е 150 000 додека Вардар убедливо има најголема просечна вреедност на еден играч од цела лига со 250 000 евра
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Да ама Вардар има 22 играчи , а Работнички 34 ,порсечната вредност на еден играч на Работнички е 150 000 додека Вардар убедливо има најголема просечна вреедност на еден играч од цела лига со 250 000 евра
За 250 000 евра, би можел Вардар да донесе МНОГУ квалитетно барем едно засилување, кое има искуство во најголемите лиги неколку сезони ... за следниве натпреварувања.
Само проблем е, дали би сакале да ми плаќаат добра неделна плата, и смештај.
Лесно е да се прелаже нашинец, не и туѓинец.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Абе баталете ги тие цифри, мало морген што се толкави цените на играчите.
А и да тие што ги купуваме, се се слободни играчи, многу ретко некој Македонски клуб да плати за трансфер на некој фудбалер, бар во поново време.
Мене Герогиев не ми оставил којзнае каков впечаток и искрено не сакам да дојде во наш тим. Порано ми личеше дека има страшен талент, ама не успеа во Европа, а и во Турново не ми остави којзнае каков впечаток. Просечен играч, колку за Македонска лига.
Попрво би го играл Јове, отколку Георгиев. Е језда овој е помлад, и може да напредува ама не ми изгледа како многу да се залага.
Реално од Македонскиве играчи од лигава нема што многу да се донесе.
Највеќе мерак порано ми правеше Настевски, ама и он многу слабо продолжува. И онака сме тенки на крило, јас би го земал во Вардар. Петров треба да го задржат, солиден играч а може и во Европа да покаже нешто.
Али обавезно ни требаат некои крила од типот на Пејчиќ во Работнички што беше во минатото. Таков некој, брз продорен, да нафрли топка, да знае и да издрибла...
А такви во Македонија ретко се наоѓаат...
Затоа нека ископаат некој што побрзо, пошто црно ни се пишува.
Знам дека многумина нема да се согласат, али сакам да го видам Ферхан Хасани во нашиот дрес. Кога замина во Волфсбург реков дека таму нема што да бара, и дека следен тим ќе му биде токму Вардар :D Првиот дел го погодив, а за второво се надевам дека ќе го погодам. Ама и он некако многу лета во облаци, го гледам за младинска репрезентација кога сака игра, кога не не се помрднува. Тука е лошото што и тие малку млади таленти работат на ист принцип. Ќе ги пофалат еднаш-два пати, ќе почнат дар-мар да прават кога сакаат да направат трансфер, после тоа нема да заиграат ни минута во странство каде што ќе отидат, и кога ќе се вратат не се веќе истите...
И од помладиве од Работнички, кои ги сметаат за надежи се виде колку може да се очекува. Летаат во облаци, а со такви играчи не се игра во лигава.
Се надевам дека бар за Европа, ќе го задржиме Фичо во нашите редови.
Оправдана шут карта за Огбона. Истотака од Македонскиве напаѓачи од лигава нема нешто што многу да се земе. Кировски е добар напаѓач, ама после неговите испади од времето на Цапар, ретко кој сака да го види во црвено-црниот дрес.
Бајо е посебна приказна, он за Вардар би играл со срце, ама ем Илчо не го сака како профил на играч, а од друга страна си зема многу пари на Азискиот пазар и не би се вратил тука. Слично и за Влатче...

За успех во Европа, нас не ни треба трансфер од типот на Георгиев, туку ни треба нешто многу поамбицизоно. Пример да се донесеше Марио Ѓуроски кога беше без клуб. Тоа е веќе ЗАСИЛУВАЊЕ.
Под итно ни требаат и бекови. Во Македонскава лига око ми фаќа Сиљановски...
Мада секако желба ми е да го видам Стефан Ристовски назад...
Сиљановски е одличен играч, треба да го донесат во Вардар.
@KireUltras што стана со братучед ти Бојан Георгиевски? Нели отиде во Бате Борисов? И он не беше лош, може да го вратат :)
Во одбрана највеќе ми се допаѓаат како играат браќава Степановски, ама знам дека Пелистер ги има веќе кандисано за идната година. Ќе ми беше мерак да го донесевме Кире Степановски, ако ништо друго за резерва, ама мислам дека не им е ни на крај памет во плановите...
Убаво ќе биде да се задржи Вељановски, ол раунд играч, сегде може да покрие и игра пожртвувавано.
Цикарски е променлив, ама покажува некој талент, може да биде нешто од него.
Ранѓеловиќ падна бајаги во форма, ама верувм дека ќе ја врати.
Средината е сигурна, се надевам сите четворица ќе останат Оса, Ранѓеловиќ, Стјепановиќ и Стојаковиќ. Ќе видиме што ќе испадне со Туневски...
А и Ацевски не е лош...

Крила нека се задржат Цикарски (и крило и бек) и Петров, за Колеќевски ШУТ КАРТА ОДМА, а нека се донесе Настевски, и некои странци, со квалитет од типот на Пејчиќ.
Савиќ е добра опција, ама сите тие играчи доаѓаат само за аматерски договори за да си одат како сакаат, а така несакам да работиме. Ми текнува каов тим имавме со Деспотовски и Савиќ, ама џабе кога им се игра им се игра, кога не спијат...

На голманска позиција би продолжил со Захов, на Симов доста му е...

Да резимирам според мене:

Голман
Захов
нов голман, за Симов чао пријатно

Одбрана
Илиевски како резерва, Бошковски како резерва, Вајс, Таневски, Бојовиќ, Вељановски
Ни треба да дојде уште еден централен, ОБАВЕЗНО нови побрзи бекови кои може да играат и напад и ќе бидат провтимци. Тоа треба да биде приоритет во овој преоден рок

Средина
Петров, Цикарски, Стјепановиќ, Стојаковиќ, Ранѓеловиќ, Оса, Туневски и Ацевски како резерви
Колеќевски, Лико чао пријатно, обавезно ни треба крилце како перспективен играч од типот на Настевски и двајца поискусни кои играат стандардно, нормално со поголема брзина како Пејчиќ

Напад
Ивановски и Костовски
Огбона чао пријатно
Ни треба обавезно е продорен напаѓач откако Огбона беше тежок феил...

Балканскиве тимови тешко може да привлечат некои врвни играчи. Но секогаш може да се најде некој Нигер, од типот на Блесинг кој ќе раздрма малку...
Истотака подобриве Балкански клубови и покрај тоа што имаат многу поголеми средства од нас, сепак кога почнуваат да кројат тим, го засилуваат со некои репрезентативци кои се при крај на своите кариери или пак некои кои подолго време се во странство и лутаат без клубови. Такво нешто ни треба и на нас...
На пример да се донесе Владе Лазаревски :)
Роберт Петров, Новески (научна фантастика:D), Стојков итн...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.060
Настевски не го рачунај он си падна на допинг тест заедно со Дино и компанија :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Настевски не го рачунај он си падна на допинг тест заедно со Дино и компанија :)
Како бе, не беа само Дино и Петровиќ?
Мислам дека само они ја имаа "среќата" да им биде правен допинг?

Нема везе тоа, кога ќе се донесе одлуката дека вината е кај клубот, тогаш играчиве мислам дека и официјално ќе бидат "невини" :)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Е ова е добар напаѓачки везен инграч за мали пари втор лига бразил
http://www.transfermarkt.co.uk/en/lucca/profil/spieler_178940.html
Не сме компатабилна лига за 22 годишни играчи да би доаѓале.
Сериозно сме мизерни, со што само ако успееме некои 29+ играчи да потпишеме... тоа би било одлично.
Друго се, е она домашното...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ѓорѓиев од Турново и Стојанов од Брегалница се првите конкретни најави за нови освежувања. Стојанов всушност се враќа онаму каде што веќе настапуваше претходно и значително би ја подмладил одбраната. Додека овој Ѓорѓиев мислам дека е она што му е потребно на Вардар, односно малку да го живне бавниот, тром и старомоден напад со својата брзина.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Ѓорѓиев од Турново и Стојанов од Брегалница се првите конкретни најави за нови освежувања. Стојанов всушност се враќа онаму каде што веќе настапуваше претходно и значително би ја подмладил одбраната. Додека овој Ѓорѓиев мислам дека е она што му е потребно на Вардар, односно малку да го живне бавниот, тром и старомоден напад со својата брзина.
Се израдував бајаги за Стојанов, заборавив да го споменам погоре :)

За Георгиев кажав, не ме импресионирал којзнае колку. Немам ништо против да го земат, ама во тој случај да најдат уште еден поквалитетен странски напаѓач, особено во ситуација кога Фичо тешко да остане.
Па би имале напад Георгиев, Костовски и страско засилување поквалитетно од овие двајца, и се надевам Фичо бар за Европските мечеви.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Се израдував бајаги за Стојанов, заборавив да го споменам погоре :)

За Георгиев кажав, не ме импресионирал којзнае колку. Немам ништо против да го земат, ама во тој случај да најдат уште еден поквалитетен странски напаѓач, особено во ситуација кога Фичо тешко да остане.
Па би имале напад Георгиев, Костовски и страско засилување поквалитетно од овие двајца, и се надевам Фичо бар за Европските мечеви.
Брат многу грешиш за Ѓеоргиев звер е дечкото дома кога игравме со Турново не кинеше имаше 2-3 стопостотни шанси среќа промаши една и една Захов му одбрани
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
А што позиција игра Стојанов ?
лев бек кој потекнува од школа на вардар
Оваа сезона играше за Брегалница и беше откритие на сезоната. Дури и Левски беше заинтересиран да го доведе.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275
лев бек кој потекнува од школа на вардар
Оваа сезона играше за Брегалница и беше откритие на сезоната. Дури и Левски беше заинтересиран да го доведе.
Јас читав дека бил пред трансфер во Левски, но супер ако го одбере Вардар (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom