Фан Клуб: Вардар

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Дојдоа:
Златко Таневски (Белхатов, Полска)
Ибе Зито Огбона (Атирау, Казахстан)
Јован Костовски (Ордуспор, Турција)
Самир Керла (Жилина, Словачка)
Филип Колеќевски (Македонија ЃП)
Жан Мановски (Рад, Србија)

Заминаа:
Илбер Али (Тетекс)
Димче Ристевски (Пелистер)
Марјан Мицков (Тиквеш)
Борјан Ристевски (Тиквеш)
Владимир Неловски (Тиквеш)
Дарко Ѓурчиновски (Миравци)
Дарко Штерјов (Миравци)
Александар Пандовски ???

Ако Пандо навистина си заминал тогаш тоа е навистина погрешен потег на стручниот штаб. За овие што дојдоа ајде првин да ги видиме на дело па потоа ќе коментираме. Искрено ме радуваат ангажманите на Јован Костовски и Златко Таневски затоа што како што напомена и Saber Rider во прашање се фудбалери кои се враќаат во старото јато. Според мене требаше да биде задржан Дин Томески, затоа што по заминувањето на Мицков сме тенки на десната бековска позиција. Тука останува само Милан Илиевски како класичен десен бек, а по потреба може да покрива и Таневски иако неговата природна позиција е стопер. Што се однесува до Тони Вељановски тој изминатава есен беше повеќе користен како деструктивец одошто стопер ... битно се покажа како исклучително корисен при прекините.
Кај пишува за Пандо ?
Иначе Тони ни е џокер сезонава:)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343

Реално Пандо не се наметна и најдобро е за него да оди некаде на позајмица, каде што би имал можност да потврди дека е квалитет, а не само потенцијал. Тоа колку што сум информиран е замислата на стручниот штаб. Според тоа, не мислам дека се работи за погрешен потег, туку баш напротив. Поголема грешка е што не се обезбеди алтернативи за Илиевски и за двете крила: Петров и Лико. Тие позиции би ги потенцирал како слабост за Вардар и треба да се реагира поквалитетно. Како добро би ни дошол тука сега еден Немања Милисављевиќ.
 
Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40

Ќе се согласам со поголемиот дел од она што си го напишал, меѓутоа ќе ти реплицирам со фактот дека токму Пандо беше алтернативата за крилните офанзивни позиции каде што играат Петров и Лико ... баш дека сме тенки на тие места требаше да го задржат пролетва како златен џокер од клупа ;)

Исто се согласувам дека Немања Милисављевиќ како класично лево крило во моментов би бил идеално засилување!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Сум тренирал заедно со Жан Мановски, али ич не ми текнува кој е дечкото.
Мислам дека Вајс сега треба да седне на клупа и да ослободи место за Таневски или Керла.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.764
Поени од реакции
6.553
Лидерот на табелата, Вардар, ги претстави новите фудбалери кои ќе го засилат тимот за пролетниот дел од сезоната. Доведени се шест нови фудбалери со кои „црвено-црните“ ќе се обидат да ја задржат предноста на табелата пред конкурентите Металург и Шкендија во шампионатот, а ќе атакуваат и на куп-трофејот.

Златко Таневски и Јован Костовски се повратници во „црвено-црното“ друштво откако неколку сезони одиграа во други клубови и во странство, па тие, како што истакнаа се враќаат дома. Нови странци во тимот се Нигериецот Ибе Зито Огбона и Босанецот Самир Керла, а конкуренцијата ќе ја засилат и младите Жан Мановски и Филип Колеќевски.

„Се враќам во Вардар за да ја освоиме титулата. Раководството на клубот и тренерот Илчо Ѓорѓиоски реагираа брзо, откако го раскинав договорот со Белхатов и на мое задоволство, пристигна понуда од најтрофејниот клуб, што без размислување ја прифатив. Вардар е Вардар, ќе дадам се од себе за да ги освоиме двете титули оваа сезона, посебно што во претходниот период во овој клуб, останав без трофеј“, изјави Златко Таневски, кој ќе го засили дефанзивниот бедем на „црвено-црните“.

Јован Костовски е дете на Вардар, замина во Металург, потоа и во Ордуспор и сега се враќа назад во својот матичен клуб.

„Се враќам дома. Имам многу поголемо искуство и се надевам дека ќе дадам придонес за да се подигне нивото и квалитетот на играта на Вардар. Останува добро да се подготвиме и да атакуваме на титулите“, истакна Костовски.

Засилување за одбраната ќе биде и интернационалецот од БиХ, Самир Керла. Тој може да игра како централен дефанзивец, но според информациите добро се снаоѓа и на левата бековска позиција.

„Дојдов во Вардар, најдобриот клуб од Македонија. Тимот е лидер на табелата и се надевам дека ќе ја задржиме таа позиција и до самиот крај. Инаку, добив многу убава слика за Вардар во овие неколку денови и се надевам на успешни игри и резултати“, посочи Керла.

Ибе Зито Огбона, робусниот нигериски интернационалец, ќе биде задолжен за давање голови. Тој знае дека тоа му е работа и ветува дека ќе го даде својот максимум за успесите на Вардар.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Свесен сум дека навивачите од мене ќе очекуваат голови и јас сум подготвен за тоа, затоа што тоа е мојата работа. Ќе го дадам мојот максимум за да ја освоиме титулата и да играме во Лигата на шампионите“, вели Огбона, кој потенцира и дека го послушал советот на Ѓорѓиоски и „симнал“ четири килограми од првиот пробен период, по завршувањето на есенската полусезона.

Меѓу засилувањата се и двајцата млади фудбалери, Жан Мановски и Филип Колеќевски. Тие најавија дека ќе работат напорно и дека ќе се обидат да се наметнат кај тренерот Илчо Ѓорѓиоски.

Се разбира, конечниот збор во Вардар го има шефот на стручниот штаб. Тој истакна дека засега подготовките течат според планот, задоволен е од засилувањата, а од утре тимот патува на подготовки во Анталија.

„Задоволен сум од засилувањата, генерално ги реализиравме нашите желби и планови. Што се однесува до новите фудбалери, се надевам дека ќе го оправдаат епитетот на засилувања преку своите игри и дека ќе му помогнат на тимот. Го одработивме првиот дел од подготовките, сега следува и патот за Анталија, каде што ќе одиграме неколку пријателски натпревари. Треба да ги одмериме силите со рускиот Ростов (05.02), Славија Софија (09.02), полската Краковија (12.02) и со еден молдавски тим (14.02), но тој меч се уште не е финално договорен. Во Анталија директно ќе контактираме со Црвена Звезда и со Левски и можно е да договориме и со овие клубови тест средби. На подготовките ќе патуваат 20 фудбалери и тројца голмани“, информираше Илчо Ѓорѓиоски.

Пандовски на позајмица во Брегалница?
Александар Пандовски најверојатно нема да биде дел од Вардар во наредните шест месеци. Како што информираше шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски, на него му е понудено да игра за прволигашот Брегалница како отстапен фудбалер во наредниот период.
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Кој е од тука тој Босанецот Самир Керла? Него Огбона вадење капчето маде ин шутка :D
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Те држиме за збор :icon_mrgr:
Дали го исполнив зборот? :)

Туку ме интересира дали сте задоволни од засилувањата и има ли некои други забелешки во однос на подобрување на работата на управата да може да бидат разгледувани?

Со почит
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Па и јас се чудам,требаше одма по главата да го познаам :pos:
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.256
Поени од реакции
2.592
Дали го исполнив зборот? :)

Туку ме интересира дали сте задоволни од засилувањата и има ли некои други забелешки во однос на подобрување на работата на управата да може да бидат разгледувани?

Со почит
Задоволен сум од засилувањата, признавам дека го поправивте работењето на управата во последниов период.
Сега откако полека се комплетираат обврските со АД, се надевам ќе обратите големо внимание на маркетингот, кој може а и мора да биде подобар. Како што самите изјавивте, поради други активности немавте многу време да се бавите со тоа изминатава полусезона, затоа сега очекувам драстични промени на тоа поле. Поздрав.
 
Апсолутно се согласувам
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.984
Поени од реакции
74.046
Дали го исполнив зборот? :)

Туку ме интересира дали сте задоволни од засилувањата и има ли некои други забелешки во однос на подобрување на работата на управата да може да бидат разгледувани?

Со почит
И повеќе од тоа :icon_mrgr:
Браво за потезите од последните денови. Преминување во АД, носење на Таневски пред се како една од најголемите желби на фановите на Вардар, враќање на Костовски, носење на Огобона и Керла, не е мала работа.
Само да продолжите со такво работење, и секако да не информирате што почесто :)

Сега мирно да си газиме кон титулата, пошто мислам дека имаме доста јак состав.
Можеби требаше да се запне за некое бекче, ама здравје, ваљда и овој Керла ќе го покрива на тие позиции :D

Поздрав и за тебе:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom