Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Според моите информации, Јован Костовски и Босанецот Семир Керла се официјално играчи на Вардар, а најверојатно и Бекхан ќе патува за Анталија со екипата како алтернатива на Рангеловиќ. Повторно се поставува прашањето зашто се потпишува Керла кога веќе претходно Вардар добро се надополни на таа позиција со Таневски?! Далеку дека е од лошо сработен преодниот рок, ама има некои нелогичности со непотребно дуплирање на одредени позиции во одбраната и нападот, а останавме тенки на страничните бекови и офанзивните крила. Како и да е, добро се екипиравме за продолжението од првенството и двојната титула не смее да биде доведена во прашање!
П.С. Грозданоски вардарски го прослави роденденот

Извор: http://www.mkd.mk/10608/sport/grozdanoski-vardarski-go-proslavi-rodendeno/
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.050

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Чисто се сомневам дека Илчо ќе ја менува формацијата. Златно правило во фудбалот е дека секој тренер ја прилагодува формацијата врз основа профилот на фудбалерите кои ги има на располагање. Оттука доколку Илчо се реши да менува во 4-4-2 автоматски би испаднале Лико и Петров бидејќи не се ниту класични центар-фор играчи, ниту пак крила од средниот ред. Тоа според мене е незамисливо и формацијата ќе остане во поставеноста 4-1-4-1 од есенскиот дел дел од сезоната. Како и да е останува да се сочека утрешната прес-конференцијата па да видиме што ќе каже шефот на стручниот штаб
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Јас мислам дека и те како може да ја промени формацијата во 4-4-2. Со Оса и Ранѓеловиќ во средина, Лико/Петров/Гроздановски по страничните позиции и двајца напаѓачи. Сеа ич не ми текнува кој играше во средина друг, али изгледа беше Остоја и Стојаковиќ.

Најверојатно ќе ја менува бидејќи не видовме ништо посебно од играчот позади Ивановски,повеќето акции идеа по крилата, т.е. Лико и Петров кои често комбинираа со бековите.
Со двајца напаѓачи многу подобро ќе бидат искористени пробивите на крилните играчи и бековите.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Јас мислам дека и те како може да ја промени формацијата во 4-4-2. Со Оса и Ранѓеловиќ во средина, Лико/Петров/Гроздановски по страничните позиции и двајца напаѓачи. Сеа ич не ми текнува кој играше во средина друг, али изгледа беше Остоја и Стојаковиќ.

Најверојатно ќе ја менува бидејќи не видовме ништо посебно од играчот позади Ивановски,повеќето акции идеа по крилата, т.е. Лико и Петров кои често комбинираа со бековите.
Со двајца напаѓачи многу подобро ќе бидат искористени пробивите на крилните играчи и бековите.
Добра анализа, меѓутоа и да ја промени формацијата во 4-4-2, средниот ред ќе биде поставен во т.н. „баклава формација“, односно еден деструктивец (Оса), две класични крила (десно ќе биде Грозданоски а лево најдобро би се снашол Цикарски затоа што е левак, додека Лико и Петров се деснаци), како и еден полушпиц (е тука покрај Ранѓеловиќ, ќе конкурираат и Стојаковиќ, Стјепановиќ, како и Бекхан доколку биде ангажиран). Според мене токму затоа не би требало да има промена формацијата, бидејќи со Оса како класичен деструктивец ќе мора да има и еден полушпиц каде што ќе се створи непотребен вишок на играчи и во тој случај никој нема да биде задоволен од минутажата. Истиот проблем е и со нападот!
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
ФК Вардар имаше успешен зимски преоден рок, потпишувајќи договори со 6 нови фудбалери, и тоа: Златко Таневски, Ибе Зито Огбона, Јован Костовски, Филип Колеќевски, Жан Мановски и Самир Керла.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.050
Кој е овој Жан Мановски?
Освен ова, има некој друга информација?
На крај се изнакупувавме играчи, па слободно можам да кажам и повеќе од потребното. Али вишокот играчи не е лошо, лошо ќе беше ако немавме соодветни замени.
Е сега малце е неочекувано што при тројца солидни централни дефанзивци Вајс, Бојовиќ и Тони Вељановски, се носат уште двајца, а онаму каде што бевме потенки, на бековските позиции не доаѓа никој...
Ама ќе се ротира валјда, Цикарски ќе биде бек место крило, Бојовиќ или Велјановски ќе ротираат на бековските позиции по потреба...
Неможам многу да кажам за другиве играчи, ама за Златко Таневски и Јован Костовски посебно ми е мило што се вратија во старото јато.
Добро е што дојде и Огобона, пошто од клиповите може да се види дека е поразличен напаѓач од Фичо и од Јован, има брзина (додуша сега сигурно не е во таа форма), има снага, тоа што ни требаше.
Напаѓачки ред одличен!
Е незнам каде ќе се вклопи Колеќвски во оваа приказна...

Ме загрижува тоа што Ранѓеловиќ ќе го пропушти стартот, ама сепак со опоравен Стојаковиќ нема за што да се грижиме. Може и овој Жан Мановски ќе се покаже добро...

Ни нема рамен годинава во првенствово, па комотно можам да кажам дека волку силен тим во Македонија немало во последниве 10 години :свиркам:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.946
Поени од реакции
15.085
Само уште бекови не земавме ама тоа е...
Централни дефанзивци сме топ покриени дури и вишок може е ама малце конкуренција не е на одмет :)
За средина нема потреба да се збори :)
Напагачи мислам дури и овој од МЃП вишок е освен ако не мислат да менуваат формација.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Па можда и Таневски ќе игра десен бек пошо он играше за Лех мислам дека токму на таа позиција доста често
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 22:24 ---
Инаку и за утре во 17 часот највена е прескоференција за да се претстават 6те засилувања :)
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
82
Поени од реакции
62
Керла некако на лево влече по малце на клиповиве.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Добро е,доста играчи убаво е кога ке имаш повеке играчи на располагање во тимот.Земавме пред напагач што е бешенајбитно,и се ослободивме од Али,кој што замина во Тетекс.Од овие другиве Таневски ми познат и знам дека се работи за добар играч,и што бидна со Холанганецот ке довага или слушнав дека бил добар креативец,и ако може некој да ми каже што е со Рангеловиќ,викаат почетокот на Април ке почне да игра,се работи за некаква повреда или?
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Дојдоа:
Златко Таневски (Белхатов, Полска)
Ибе Зито Огбона (Атирау, Казахстан)
Јован Костовски (Ордуспор, Турција)
Самир Керла (Жилина, Словачка)
Филип Колеќевски (Македонија ЃП)
Жан Мановски (Рад, Србија)

Заминаа:
Илбер Али (Тетекс)
Димче Ристевски (Пелистер)
Марјан Мицков (Тиквеш)
Борјан Ристевски (Тиквеш)
Владимир Неловски (Тиквеш)
Дарко Ѓурчиновски (Миравци)
Дарко Штерјов (Миравци)
Александар Пандовски ???

Ако Пандо навистина си заминал тогаш тоа е навистина погрешен потег на стручниот штаб. За овие што дојдоа ајде првин да ги видиме на дело па потоа ќе коментираме. Искрено ме радуваат ангажманите на Јован Костовски и Златко Таневски затоа што како што напомена и Saber Rider во прашање се фудбалери кои се враќаат во старото јато. Според мене требаше да биде задржан Дин Томески, затоа што по заминувањето на Мицков сме тенки на десната бековска позиција. Тука останува само Милан Илиевски како класичен десен бек, а по потреба може да покрива и Таневски иако неговата природна позиција е стопер. Што се однесува до Тони Вељановски тој изминатава есен беше повеќе користен како деструктивец одошто стопер ... битно се покажа како исклучително корисен при прекините.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom