Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.331
Поени од реакции
38.426
"Шо е работта бе делегација шо е работта? ОДИ ЛИМАНОВ!!" - Петрето.

Бог да го прости.

 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.380
Седи доле бе, Ѓубре ! хахаа .. легендарнио чика Петре . Исто интересно ми беше ка доаѓаше у конфронтација со некој блиско шо седе до него позади некој ред , имаше еден Ром мислам дека беше некој негов шо се познават сигурно и си имат историја , па тај често го подбуцнуваше го провоцираше и Петрето експлодира одма ќе се извреѓат јако, и на крајта ќе си се насмеет и се продужува да се гледе утакмицата .. почивај во мир чич Петре .
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.380
100 години струмичка гордост!
1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули Ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот "Благој Истатов" во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод 100годишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев.
100 години струмичка Беласица, бидете дел и вие!
1656864100647.png

Редно беше.. требаше уште порано но никогаш не е доцна.. само треба повеќе детали , какво е тоа спојување ... ќе згасне името академија Пандев предпоставувам.. ако некој има повеќе информации нека сподели .
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.120
Поени од реакции
8.061
iskreno vi posakuvam eden i edinstven tim belasica vo koj cel strumicki region ke vlozuva vo edno od najtalentiranite regioni vo mk, dosta beshe vekje so igranje klubcinja, se nadevam i goran deka sfati
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.867
Поени од реакции
6.380
што се случи, се споија ли?
Мало сутра :( .... Академија Пандев демантираше уште истиот ден со пост на фб , дека сето ова се невистини... искрено да ти кажам ова е аматерски , поготово од клуб како Беласица, објавуваш официјално за една доста важна вест, која е демантирана за само неколку часа.... ја сакам Беласица но после ова немаат никаков кредибилитет повеќе кај мене. Пинда треба да се самораспушти и да остави на сериозни луѓе да го водат клубот.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.170
Поени од реакции
5.821
Мало сутра :( .... Академија Пандев демантираше уште истиот ден со пост на фб , дека сето ова се невистини... искрено да ти кажам ова е аматерски , поготово од клуб како Беласица, објавуваш официјално за една доста важна вест, која е демантирана за само неколку часа.... ја сакам Беласица но после ова немаат никаков кредибилитет повеќе кај мене. Пинда треба да се самораспушти и да остави на сериозни луѓе да го водат клубот.
somnitelna od start bese rabotata bidejki izjavata na pinda bese dosta ponizuvacki kon pandev. izjavata mu bese vo pravec "pandev finansiski ne e dovolno moken, pa nie ke mu pomogneme na kutriot". smesna izjava bidejki pandev poslednite godini potrosi mozda 5 pati povise od belasica i sea kao demek pinda ke mu pomagal. zaradi toa uste vo momentot koga ja procitav izjavata si pomisliv deka nesto ne stima, pandev kako sto e cisto radi takva izjava bi se ispokaral.

e sea, steta za belasica. najdobro bi bilo pandev da ja prezemi belasica i opstinata da mu pomaga dodatno uste so 250.000-300.000 godisno, taka bi imale klub koj bi bil redovno pri vrvot.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.298
Поени од реакции
8.247
Честито 100 години од Беласица, само имам едно прашање шо му е филмот на Пинда шо ја смена маскотата од Кенгур сега Лисица бела инаку слаба прослава и малку луѓе на стадион а најјако беше шо се угаснаа рефлекторите

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
епа невреме фатило, веројатно ги избркало повеќето шо сакале да одат. иначе кенгурот одамна го сменија и од логото оти го сметале за маскота на Бате Ване.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.124
100 години ФК БЕЛАСИЦА !

100 - 1.jpg

100 -2.jpg

100 -3.jpg

 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.124
Фан Клуб ФК Беласица Струмица :

Денес ФК БЕЛАСИЦА требаше да игра свој натпревар против екипата со име ФК Пехчево Скопје, која вo минатата полусезона беше водена од Локомотива, а оваа полусезона настанува промена и клубот е превземен од страна на ФК Фортуна Сингелиќ.

Наместо натпреварот да се игра на терен и да победи подобриот во спортска битка, денес типично во населено место кое е лоцирано како во Дивиот Запад (дури таму важеле одредени правила) нашите играчи и стручен штаб беа нападнати физички и кон нив се упатени закани за употреба на огнено оружје.

Денес се покажа уште една немоќта на нашава држава ако воопшто може да се нарече таква, кога нема услови да се одигра еден спортски натпревар во спортски дух, тогаш што повеќе има да зборуваме за другите аспекти од животот во неа, токму настани како овие се последната капка во чашата која прелива поради која еден куп наши сонародници неподнесувајќи ја неправдата денес се во емиграција а не во сопствениот дом.

Напад над ФК БЕЛАСИЦА во времиња кога спортот значеше нешто е напад над цела СТРУМИЦА и јавно ги повикуваме органите на редот (ако имат храброст да се осмелат) да го решат овој случај и оние кои се заканувале да добијат соодветни санкции предвидени од законот во Македонија.

А нашата целосна поддршка до сите оние играчи кои покрај сите тешкотии овие натпревари играа со срце за синиот дрес и за малата и млада но верна публика која го сака и живее за овој клуб, ние сме со вас, секогаш ќе бидеме ваша поддршка, со ништо не го заслуживте тоа што се случи денес, срам за спортот во Македонија.

ФК БЕЛАСИЦА е гордоста на Струмица, една од ретките институции што останаа во државата каде што луѓе со гордост го истакнуваат својот македонски национален идентитет, а вакви инциденти со добро позната позадина не стимулираат уште толку да бидеме горди на нашите национални вредности.

Ние ја поддржуваме одлуката на нашиот клуб за да не излезат на теренот во Сингелиќ и застануваме позади клубот во секоја одлука која ќе биде донесена во наредниот период за заштита на реномето на клубот и на играчите кои вистински покрај се играт и гинат за светиот дрес оваа полусезона.

Ова лудило не само во фудбалот туку и во државата мора да престане !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Само контра акција кога они гостуваат кај нас, вака само ние јадеме ќотек.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.331
Поени од реакции
38.426
Им влегле у соблекувална, двајца од надвор чекале со метални шипки ако некој избега.

Пички албанскии, не ме чуди ништо.

Едит: пичките се шиптарскiii, не албански. Да ве изебам у уста и да ви свршам у гркланот затоа шо го цензурирате форумот матер ви либерална "прогресивна":kuracc::kuracc::kuracc:
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.124
Како одминува времето се повеќе почнува да ми станува криво што сите овие години по натпреварите на Беласица не пишувам како поминал натпреварот, да го правев тоа ќе напишев книга бестселер, на повеќето приказни луѓево немаше да веруват дека се реалност.

Самиот клуб е стандарден ролеркостер од емоции годинава, ќе почне срање, па потоа победи кога никој не очекува те дига на врвот, па порази од противници од кои нема логика па те спушта доле, па пак гази и те дига горе и оп пак пораз и пак разочарување, сезона во која речиси без тим, да не беа глупостиве ќе се боревме сериозно за влез во ПМФЛ, но што би се рекло тоа е фудбалот ...

Како прво за самиот тим на Беласица е успех и овој пласман ако гледаме реално, тим без напаѓач (прв пат можеби у историја на Беласица), со неколку позиции каде што не сме добро покриени и склони на криминални киксеви, дечките во повеќето натпревари стварно изгинаа и дадоа се од себе, има и некој каде што тотално не го заслужија светиот дрес, но толку е капацитетот, нема лутење на тоа.

Како само почнавме со Пелистер, чист гол поништен поради "офсајд", па ај тоа направивме пенал каде топката си удри у рака на играчот а идеше у голаут, пеналот по новите правила чист, ама таков малер да го удри у рака, но тоа е, па тоа теренот на Беса, криминал, па враќање во нормала со што си следуваа победи со игри како што доликува за Беласица, посебно неочекуваната доминација сред Куманово со Башкими победувајќи со 3- 0, а на серијата успеси и дојде крајот кога убедливо најмалку се очекуваше, што требаше да биде најлесно гостување и впишани три бода во Кочани, да се претвори во убедливо најслабата и најкукавичка игра од кога одам по стадиони и пораз на Беласица.

Кочани гостување кое е интересно заради самата трибина, која на жал се распаѓа, ресторантот позади , но и загарантираната главоболка од сонцево, домаќаните беа затечани кога се појавивме, од каде ние, како влеговме (филозофија ко да е тоа за навивачи да влезат на затворена трибина :pos::pos::pos::pos::pos:) сепак она што е за пофалба е дека дечките стварно си го сакат Осогово и се трудат колку можат да заличат на клуб, ни барат карта, прво пеесче, после иде а не дечки стотче,но ти дават уредно карта намената само за натпреварот, да си ја имаш за спомен, и на форумов деновиве ми излезе нешто тема за карти, па еве да ја споделам.
403618856_1267464017280384_4567889572218094732_n.jpg

Да не заборавам пред натпреварот со Осогово беше натпреварот со Гостивар во Турново на кој не приствував ради работни обврски, али пратев стриминг од работа, какво само гинене , за потоа пенали рамни на криминал, еден шут не достигна до стативата, за луѓе што цел живот играт фудбал срамно, па јас ако не дадам гол барем ќе достигнав со шутот до стативата или ќе ја однесов у нивите позади голот, ама тоа е, умор, грч и изгубивме на пенали но со машка игра пред тоа, да не се заборави подредувањето на играчите по натпреварот во Кочани, сами си признаа сосема заслужено.

Па пак Турново, тој терен никаков, влегуваме со мало задоцнување поради патот што се гради и прв пат стандардниот изведувач на пенали на Беласица промашува, до тоа Турново ли е, еден пенал не погодивме, на крај Охрид ни забибери гол и не доби, па пак победи, па Гевгелија каде вадиме X, па пак фаќаме залет со победи и на крај се лизнуваме со криминално судење и очаен терен во Неготино, со милион перипетија што ги имавме по пат ние, но и судијата но и самите сме криви кога не решаваме ваков натпревар.

Стадионите низ Македонија се жива трагедија, дали дека израснав на Младост кој со години е најубав и најсреден стадион во државата, но не ќе да е до тоа, трибините на речиси сите стадиони се распаѓаат, слободно може ако се залетиш и прославиш гол од дупки кратери на трибини да пропаднеш и да се повредиш сериозно , терените очај, дали имаме еден терен вреден во државата (нашиов арно го направија сега со Ерменија) повеќе наликуваат на свинарници во кои треба да се валкаа свињи , него на место каде што се игра професионален фудбал (колку и звучи смешно) самите клубови се повеќето катастрофално организирани, некако повеќе и повеќе фудбалот на Истокот е пред тотално замрување, кога дојде едно Делчево да нема третолигаш, ситуацијата во фудбалот е жална, да пожална нема да биде, но ќе се лажеме со одредени репрезентативни успеси, а забораваме дека базата е длабоко под дното.

Навивачки сезоната си тера, со исклучок на една утакмица присутни секаде, најмногу ме радува што гледам кај десетина деца се раѓа истата љубов и жар која ја имаме ние кои веќе над 10 години поминавме сито и решето со нашата Беласица, посебно приказната за двајца помлади дечки кои иако се основци не пропуштаат утакмица дома-гости и се трудат да дадат се за својата група, едниот од нив ама буквално израсна со нас на трибина, кога гледаш дечки кои се синови и внуци на лидери на Ајдуци низ историјата сега се на нивно место во првите борбени редови, знаејќи колку и самиот си дал за да се случи тоа, чувството на гордост е пресилно.

А Беласица, што би рекол еден рапер е повеќе од име на клуб и планина, каков ли само празен ќе беше животот ако не беа тие викенди, тие утакмици, тие настани кои остануваат врежани во меморијата за цел живот, што би се рекло повторно да се родам, ќе го правам истото, па дури и порадикално.

Сега останува натпреварот со Скопје за наша душа :ајнапиво: , за сите оние кои живееме со тој клуб за последен пат годинава да си го направиме ќејфот со сите нишани :pivo2:.
 
Последно уредено:

Кригла1988

Екипа 4600
Член од
5 јуни 2015
Мислења
57
Поени од реакции
132
Што се случува моментално во ФК Беласица? Точно ли е дека голем дел од играчите го напуштиле клубот и во следната полусезона ќе играат со младинци?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom