Фан Клуб ФК Беласица Струмица :
Денес ФК БЕЛАСИЦА требаше да игра свој натпревар против екипата со име ФК Пехчево Скопје, која вo минатата полусезона беше водена од Локомотива, а оваа полусезона настанува промена и клубот е превземен од страна на ФК Фортуна Сингелиќ.
Наместо натпреварот да се игра на терен и да победи подобриот во спортска битка, денес типично во населено место кое е лоцирано како во Дивиот Запад (дури таму важеле одредени правила) нашите играчи и стручен штаб беа нападнати физички и кон нив се упатени закани за употреба на огнено оружје.
Денес се покажа уште една немоќта на нашава држава ако воопшто може да се нарече таква, кога нема услови да се одигра еден спортски натпревар во спортски дух, тогаш што повеќе има да зборуваме за другите аспекти од животот во неа, токму настани како овие се последната капка во чашата која прелива поради која еден куп наши сонародници неподнесувајќи ја неправдата денес се во емиграција а не во сопствениот дом.
Напад над ФК БЕЛАСИЦА во времиња кога спортот значеше нешто е напад над цела СТРУМИЦА и јавно ги повикуваме органите на редот (ако имат храброст да се осмелат) да го решат овој случај и оние кои се заканувале да добијат соодветни санкции предвидени од законот во Македонија.
А нашата целосна поддршка до сите оние играчи кои покрај сите тешкотии овие натпревари играа со срце за синиот дрес и за малата и млада но верна публика која го сака и живее за овој клуб, ние сме со вас, секогаш ќе бидеме ваша поддршка, со ништо не го заслуживте тоа што се случи денес, срам за спортот во Македонија.
ФК БЕЛАСИЦА е гордоста на Струмица, една од ретките институции што останаа во државата каде што луѓе со гордост го истакнуваат својот македонски национален идентитет, а вакви инциденти со добро позната позадина не стимулираат уште толку да бидеме горди на нашите национални вредности.
Ние ја поддржуваме одлуката на нашиот клуб за да не излезат на теренот во Сингелиќ и застануваме позади клубот во секоја одлука која ќе биде донесена во наредниот период за заштита на реномето на клубот и на играчите кои вистински покрај се играт и гинат за светиот дрес оваа полусезона.
Ова лудило не само во фудбалот туку и во државата мора да престане !