Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Како дојде до оваа промена во клубот, да се смени цел стручен штаб, цел играчки кадар каде што останаа само поединциве кои стварно вредат и се прволигашки калибар на играчи сеуште ми е мистерија, разни шпекулации се вртат за тоа кој како и зошто инвестира во Беласица.
Од играчите што заминаа единствено ми е криво за Јордето, дечкото секоја утакмица гинеше за клубот, даваше повеќе од својот максимум, посебно на дерби утакмиците, се надевам пак ќе се врати таму и каде што припаѓа, во Беласица па макар и бил играч од клупа.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481

pa ne se investira mnogu, najskap e trenerot. srbite koi potpisaa za vas se deca bez iskustvo vo profesionalen fudbal koi igraa vo srbija za mladinski timovi ili dremea na klupa/tribina kaj indjija. site 4 srbi koi gi potpisavte od indija zaedno imaat tocno NULA nastapi za nivniot prv tim. mozda nekoj ke se pokaze, nemam pojma, ama tie se recisi gaga dojdeni na kalenje deka kaj indjija nemaa sansa na minutaza.

anderson kaj gjorce se pokaza kako drvce, pri prilicno slaba konkurencija recisi voopsto ne zaigra. isto beni demir bese rezervist kaj niv. od novite edino oliver peev imase pogolema minutaza, ama i on se setase megu startniot sostav i klupata na borec.

taka sto ne znam kako si dosol do zaklucok deka nekoj investira pari koga gi imate najslabo platenite fudbaleri vo 1. MFL (ako se trgne na strana situacijata kaj vardar).
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Според мене шансите да се спаси Беласица се еднакви на нула.Точно Вардар и Борец паднаа многу ама тие веќе имаат натрупано бодови и со 3/4 победи ќе извадат опстанок.На Беласица ни 10 победи од преостанатите 15 натпревари не и вршат работа.
 
ne zaboravaj deka e mozno nekoj od klubovite da ne ja doigra sezonata, i kaj borec i kaj vardar momentalno ne e jasno kako ke se finansira polusezonata. vo takov slucaj moze dovolno da bide da se pretica pelister koj e 9 boda pred belasica. voobicno ni toa ne bi trebalo da se sluci, ama so mestenje se e mozno, ne bi bilo prv pat vo poslednite godini belasica na toj nacin da soberi bodovi. posle sekako ke treba vo play off da opstanat, ama toa bi bil pomal zalak.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Браво момци :aplauz::aplauz::aplauz::aplauz: така се гине за клубот, предобро поставена игра од страна на Ѓоре, освен падот тие три минути кога ги примивме двата гола бевме супер поставени на терен, не им дававме да создават шанси и да развијат игра, Србите за кои бев преголем скептик денес изиграа одлично, браво момци се е на наша страна, три од три наредните утакмици и веќе може да размислуваме за опстанок.
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Денес пораз, прво полувреме Струга Т.Л. далеку подобар противник, второ бевме на егал на крајот и доста подобри, но Струга добро се затвори и Беласица немаше некој посериозни шанси од иницијативата која ја имаше , штета, сега со Борец ќе се решава ако не победиме (посебно ако изгубиме) ќе може слободно да си посакаме успешно враќање во Втора лига исток.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Денес пораз, прво полувреме Струга Т.Л. далеку подобар противник, второ бевме на егал на крајот и доста подобри, но Струга добро се затвори и Беласица немаше некој посериозни шанси од иницијативата која ја имаше , штета, сега со Борец ќе се решава ако не победиме (посебно ако изгубиме) ќе може слободно да си посакаме успешно враќање во Втора лига исток.
Важно не сте толку лоши како во првиот дел од сезоната и не сте топовско месо за билдање на туѓа гол разлика. Сега во вториот дел од сезоната барем противничките екипи ќе треба да се испотат добро ако сакаат да дојдат до бодови.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Црна е оваа судбина моја, со тебе Беласицо во лига втора !
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Денес фантастична игра на Беласица со новите засилувања играта на тимот е три класи над онаа во првите два натпревари, тотална доминација во текот на целиот натпревар, голот го примија по лошо изведен корнер каде имаа брза контра пехчевци, штопериве буквално не дадоа топка да помине, добра игра и креативна во нападот, голманот им се истепа бранејќи две-три чисти скина, фали уште еден добар шпиц напред (старата болка со години) и овој тим без проблем се враќа во ПМФЛ.

Како и да е фудбалски празник денес во Струмица, во ист термин три натпревари, три победи за струмичките екипи, поради технички причини Беласица доцнеше околу половина час па публиката од другите натпревари и плус младите играчи на Беласица кои се вратија на некое гостување со нивните родители ја зголемија солидната посетеност за наши услови, рефлекторите пуштани, празник за очи и душа, на крај стравичен мотивационен говор од газдата, :D:D:D:D,сега купот со Кораб во Дебар па идеме јако на Кожуф во Гевгелија :cool::cool:.
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Само што се враќам од Гевгелија, убаво гостување со сите нишани, кој не иде на гостување не знае што пропушта во животот, мало доцнење наше што од подоцна што тргнавме од предвиденото што од милион камиони по пат.

На терен Беласица денес променливо, прво полувреме доминантно, второ на почетокот напаѓачки, потоа период на доминација на Кожуф од едно 20 минути каде имаа гол од офсајд, еден гол и една стопроцентна шанса по што Беласица превзема иницијатива, даде гол и ја умртви играта по што се знаеше дека победата нема кај да бега.

На трибини солидно, два пати палење пиротехника еднаш при навивање, втората при голот, беше доста интересно и на моменти смешно кога се собраа основци да навиват за Кожуф али браво за децата :aplauz::aplauz::aplauz:, на крај се знае враќање во Струмица и прослава на победата :):).
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Пораз дома кога најмалку требаше на Беласица, се виде денес најубаво нападот и тоа постојано предавање напред без шут, денес се на се една стопроцентна шанса која ја скина голманот на Саса инаку дете на Беласица, другите акции беа сите со пас повеќе од што треба.

Друга работа прв пат видов екипа во македонски фудбал на тактички план толку добро подготвена како Саса, буквално секој играч си го знае местото на теренот, секогаш кога Беласица правеше полуконтри некој легнува на терен и одма судијата иста секунда прекратува акција, 20 минути си лежеа на терен, а и немаа ниту еден погрешен пас додека нашиве згрешија 50 паса, прво полувреме освен голот на контра немаа ниту една акција, второ последните десет минути имаа три-четири контри во кои голманот на Беласица на два пати ја вадеше топката буквално од линијата , но џабе ко нападот денес без прав напаѓач се виде дека против подобри екипи тешко ќе ни оди.

Сега гостување во Виница каде очекувам три бода, слаби се Слога и не би требало да има проблем, по играчкиот кадар што го видов денес кај Саса е сериозен кандидат за прва лига, не сум ја видел уште Победа но по тоа што слушам за нив Саса би требало да има поквалитетна екипа.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025

Саса во Прилеп не изигра ништо, ние бевме подобри тогаш, не ги искористивме шансите за 2-0 тогаш и на крајот физички паднавме и не казнија безврска.
А за Слога, јас понеписмена и посељачка екипа немам видено од нив во лигава. Преслаби се, јас не знам како не тепаа, додуша сами му поклонивме 2 гола..
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Црвен картон каде што ц од црвен немаше , на граница на жолт , малку погруб старт од дозволеното но играчот на Слога ниту беше тргнат кон гол ниту беше последен играч во напад, потоа гол од слободниот удар по растурен жив ѕид, добро е што на таа дефанзива успеавме и да израмниме.

Тие два чисти бода изгубени со Братство сега ќе ни се ударат у глава цела сезона :tapp::tapp::tapp:.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Која им е целта и што прават господ знае, ко газ и гаќи се станати со Пандевци, дали ќе прават рокади догодина и ќе прават голем клуб или ќе не носат у трета лига, како и да е да ни скратат маките дека со вакво темпо лудница не ми бега .
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.965
Поени од реакции
6.789
Денеска еден интересен ден да одиш на стадион иако самиот натпревар беше слаб, сепак денес ми беше ден исполнет со целиот мерак и задоволство што цел живот го постветив на стадионот и Беласица.

Одам на натпревар со мало задоцнување од работа кога ги гледам цела дружина од маало во опрема на Беласица како се враќат од нивниот натпревар со родител, одма ми се враќат сеќавањата на златните времиња кога ќе се нафати еден родител и цело маало заедно одиме на натпревар, преубави моменти од детството.

Потоа одам наке трибина кога слушам навивање, знаев дека ние се собираме дел од екипата ама пак да навиваме, кога влегувам и гледам група дечиња групирани на едно место цело време постојано навиват за Беласица, интересното беше што повеќето беа девојчиња и цело време си навиваа за Беласица, од милина да гледаш повторувајќи се познатата од генерација на генерација љубовта се пренесува, буквално.

На крај старава гарда навивачи на Беласица ни даде рака на верноста дека сите овие години и на врв и на дно сме постојано на секоја утакмица и дека ние сме тие кои треба да им го дадат и да го водиме клубот, никој не заслужува повеќе од вас да го има тој клуб.

Обичен безвреден натпревар на хартија а ќе ти даде такви емоции, враќање на тоа чувство на гордост што живееш за Беласица, знаејќи дека цело ова време посветено на неа не е залудно, туку напротив, највредно посветено време во животот !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom