Пишете за синоќа ако некој гледал
Прво полувреме имавме мешан состав, Рафиња кој најмногу го критикувам беше добар, Феран се изгуби на 9ка, Ез Абде има добар дриблинг и многу е брз, али последното го нема, пасот или да шутне, на пример тоа што го направи Фати со голот.
Средината скромно, Ромеу стандард ДМ, нема некоја улога во креациите али добро покрива, Педри беше затворен, а Лопез изгоре од желба да се покаже, али немаше простор. Одбраната солидна.
Не ми е јасно како може Араухо да го игра десен бек со таа конструкција и све што има.
Второ полувреме малку подруго откако влегоа Балде, ДеЈонг и Фати. Почнавме да играме фудбал.
Ме плаши формата на Лева.. како уште да одмара.
И да, Јамал ако се развива како што треба и дај Боже да го заобиколат повреди и такви работи, сигурен сум дека ќе е новиот миленик на навивачите, каква лева има
и дриблинг и доба удар.
Дембеле не влезе нормално, исто и Кеси, што е очигледно дека ќе си оди.
Се поизвесно ми се чини дека ќе се земе Кансело. За офанзивен везен и крило не знам што ќе се праи.