Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.674
Повторно некои бранувања, потреси и дешавки во клубот. :D Изгледа таква ни е ѕвездата, мора постојано да е овој клуб во центарот на збиднувањата, и по добро и по не толку добро. Треба да се исфрли таа негативна аура што ја има оваа екипа.
Чави завчера и официјално доби отказ, во наредните 2-3 дена веројатно ќе ги договорат сите детали со Флик и ќе објават официјално.

Не знам дали Чави ќе одмара наредната сезона, ама би сакал што побрзо да го видам како тренер во некоја екипа.
За Чави се најдобро, легенда која има направено премногу за овој клуб и како играч и како тренер. Да не заборавиме дека се нафати да го води тимот во доста незавидна ситуација (9ти бевме во Ла Лига) и успеа да го врати ентузијазмот на Камп Ноу. Сезонава игравме четврфинале во ЛШ и да бидеме искрени само заради потегот на Араухо не игравме полуфинале (и потенцијално финале).

За Флик не би сакал ништо предвреме да коментирам многу, освен дека имам високо мислење за него како тренер. Факт е дека има преголема желба од негова страна да биде тренер на Барселона, за што говори фактот дека одбил неколку други екипи бидејќи бил заинтересиран само за Барселона.
Ја знаеме финансиската ситуација во клубот, така да немам илузија дека нешто може да се промени преку ноќ. Потребно е време и работа.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.637
Поени од реакции
22.674
За пола саат, последниот натпревар во сезоната и последен натпревар на Чави на клупата (и веројатно последен натпревар на неколку фудбалери).

 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Таман изгубив секаква надеж за клубов, сега ми ја враќаат. Лажна најверојатно со овај состав, ама сепак надеж.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.253
Поени од реакции
4.177
Риад од Бетис во Кристал Палас за 14 милиони. Мислам дека Барса има 50% од дилов.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.080
Поени од реакции
2.241
Annotation 2024-05-30 024449.png

Официјално ајде со среќа.

Многу подолго време се нудел и платата му е во најмала рака смешна за бонусите да не збориме. Ликов психички го уби клубот, го сруши до темел и го запали и одеднаш му станува сон да ја води Барса. Каков ебан плот твист, прав мазохист.

За мене очекувањата се големи, Флик навистина има моќ да однесе екипа чекор напред со оглед на тоа каков фудбал игра и каква филозофија имплементира. Очекувам од него најдобро да го скоцка овој тим Чави што му го остави што реално он ја препороди екипата, спаси клуб на раб на колапс.

Тек допрва се враќаме и на новиот Камп Ноу и ликов тотално ќе ја реконструира стартната 11ка и формација, ќе биде навистина интересна сезона за гледање.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Кондициски тренер ќе бил извесен лик кој што бил со Конте во Јувентус, Интер, Италија. Добар потег со оглед на тоа што тимовите на Конте секогаш биле исклучително физички спремни.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.080
Поени од реакции
2.241
Од сите информации што излегоа највеќе ми се допадна тоа што Серки Роберто е на излезна врата. Дојде Флик, одма истовар на ѓубрето му прави.(y)
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
433
Поени од реакции
160
Ако добро ме служи меморијата Барселона никогаш немала германец тренер ова е прв пат во историјата а и прв пат да имаат тренер кој нема допирна точка со барселонизмот и таа легендарна тика-така,дилемата е т.е ќе биде дали ростерот ќе се прилагоди на барањата и замислите на Флик или обратно? Дали Флик конечно ќе скрсне од патот т.е конечно ќе се излезе од таа фамозна тика-така и тој стил и ќе се игра (Да го наречам модерен фудбал) со друга формација или ќе се задржи стилот ќе видиме.Инаку подобро е за некој тренер/играч да не се крева толку голема фама кога го назначија Чави за тренер се крена голема фама како големо име икона легенда на клубот предизвика голема илузија дека Барселона ќеигра како во времето на Пеп ама ни четвртина не излезе од тоа, иако сега рака на срце назначувањето на Флик не предизвика некоја голема еуфорија околу смената на тренерот,туку повеќе негативни коментари за начинот на кој Чави беше сменет.Трета работа е кроењето на ростерот иако овај преоден рок сакал или не Флик мора да игра со ростер скроен од Чави и управата па енигма ќе биде претежно заминувањата со оваа управа нема да ме чуди ако имаме и некое НЕпланирано заминување а и засилување за кое воопшто не се ни пишувало периодов ќе видиме далеку е Август.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.080
Поени од реакции
2.241
b.png

1. Огромна победа, фала ти и довидување. Флик како аутсајдер едноставно гледа што не е потребно повеќе.
2. Наводно се збори сумата за Нико да биде поголема од клаузулата што му е а сето тоа би требало во installments. Нешто како сите досега ебани трансфери. Ако успеат малиов да го земат може да се каже дека стануваат сериозни. И самиот е свесен за интересот и он сака прелаз.
3. Со оглед на тоа што ќе иде 4-2-3-1 ја би да му го земат на Флик играчов, се погласни шпекулации дека он притиска за играчот. Се виде сезонава и те како фалат играчи средина. Каков распад систем им се случува на Баерн и влага во последна година од договорот ова и те како може да биде изводливо.
4. Не е ретардиран да се откаже од одлични играчи, мора на нив да градиме уште а не да продаваат и да го ослабуваат тимот. (Лева не би го продал, има уште една сезона барем во него во случај да има ротација за него.
5. Има фудбал во овој уште, се разбира и за него ќе треба ротација.
6. Знае дека нема пари клубот, исто така знае дека и во Ла Масија може да најде млади што ќе ги препороди за во прв тим.

Капак на сите овие наводно сакале Феликс да го задржат. Знае и самиот дека никој не го сака ниту пак Атлетико а и он сака во Барса да остане. Цената му е превисока и само позајмица би била изгледна, помага тоа што навистина имаше солидна сезона со нас ако не заборавиме каква смешна минутажата имаше.

Чави Симонс има избор да бира каде сака да игра додека е на позајмица и ПСЖ колку и да нејќе ќе мора да се договори со нас и се очигледно е дека ќе дојде. Одлично засилување би бил, знае каде доаѓа и има одлична конекција со пола од првотимците.

Ансу Фати заинтересирана е Севиља уште од минатата година, ликот несака да си иде мада мислам дека навистина нема место за него во тимов, сега поголем замав имаат Севиља што бивши тренер од Барса Б им е тренер и го посакува баш Фати на позајмица. Се надевам дека ќе отиде бидејќи не верувам дека ќе игра многу кај нас.

Ленгле е планиран да се врати но бидејќи е непосакуван планираат letter of freedom да му дадат. Уште ми е чудно како не успеаа апсолутно никаде да го продадат.

Рачунајте има уште многу одпадоци што треба да бидат продадени и млади фудбалери што имаат 50% sell on clause како што земаа сега на Чади Риад истото планираат со Ез Абде да направат, ќе прават некој простори тука со плати и продажби и income од играчи што не се во клубов, рачунајте и еден Кутињо има таква клаузула а одамна е продаден, не дека ќе извадат нешто таму, сепак тактикава од Лапорта му е океј со оглед што шиткаше се за џабе и сакаше од платите да се отараси.

Многу го ругаат Лапорта а сепак ова му е втор пат како ги вади од гомна во историјата, зар треба ликов покрај се што има направено да го сомневаат. Од какво дереџе го зема клубов и сега каде е?
Ако навистина ова е планот на клубот тогаш гледам можност да го заличи клубов како што треба.

Со оглед на тоа што Реал се засили со Мбаппе се погласни шпекулации денеска од клубот.
Ништо ново за мене, имале Галактикоси Реал со години уназад, секогаш силен противник давал предизвик за уште поголем прогрес кај Барселона.
Реалноста ја знаеме сите, да имале можност и они би влегле со таков бомбастичен трансфер но тоа е, кој како ја изиграл годиниве.
Има да гледаме се подобар и подобар фудбал од едната и другата страна.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.641
Поени од реакции
66.535
На кој Нико се мисли, Вилијамс?
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.253
Поени од реакции
4.177
Да сакаше Нико да дојде, немаше да го продолжи договоров, слободен играч ќе беше летово.
Ја мислам дека немаме пари и пак ќе бидеме исти како задњиве 3 години, ако успее Флик да земе титула како Чави лани, трева даживотен договор да му дадат со оглед на тоа каква атмосфера владее во Реал и какви играчи имаат.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.080
Поени од реакции
2.241
@NeymarJunior спомна нешто за пари?:D
Лапорта скоро сите договори со амортизација ги прави.

Не располага со тие пари моментално, но за преговарачкиот клуб да попушти овие ги договараат за поголема сума или бонуси што би биле исплатени наредна година.

Се збори Барса дека ќе зима највеќе од Најк годишно. Рачунај renewal bonus ќе им биде помеѓу 100 до 150 милиони.

И те како ќе биде интересен трансфер период за Барса.

1000032628.jpg
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.253
Поени од реакции
4.177
@NeymarJunior спомна нешто за пари?:D
Лапорта скоро сите договори со амортизација ги прави.

Не располага со тие пари моментално, но за преговарачкиот клуб да попушти овие ги договараат за поголема сума или бонуси што би биле исплатени наредна година.

Се збори Барса дека ќе зима највеќе од Најк годишно. Рачунај renewal bonus ќе им биде помеѓу 100 до 150 милиони.

И те како ќе биде интересен трансфер период за Барса.

Прегледај го приврзокот 419332
Приказни за мали деца. Треба да земеме бонус од 150 за да дојдеме до правилото 1:1 и после може да трошиме колку што сме продале.
Нас ни треба 200 милиони за да напраиме конкурентен тим, кој би продал за тие пари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom