Фан Клуб: Барселона

Член од
17 август 2011
Мислења
9.701
Поени од реакции
17.353
Не ви го разбирам плачењево по Нејмар. Сам си отиде, притоа ја поеба Барса со клаузата. На крај ради Меси пробаа да го вратат дури, ама Псж не го даде. Што поишр?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Најмногу ме иритира што инсистира на раскинување на договорот место клубот да добие пари, е толку му значи Барса. Нула карактер, да не употребам потешки зборови, ќе се навреи пола фан клуб, мада наскоро ако продолжи и тоа ќе биде :)
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.697
Поени од реакции
5.583
Бартомеу си има кривица секако во целава ситуација имаше еден куп промашени трансфери повеќе од 500 милиони фрлени во бунар,ама од друга страна и Меси не е цвеќе за мирисање и стварно не ми е јасно како Бартомеу е крив ако Лео замине.
Последните години Меси господ го направија во клубот,платата му ја покачија,договори какви што сака му правеа,за сите трансфери беше прашуван,поставите сам ги правеше,тренери сам менуваше,сите коцки во клубот беа наредени по негова желба.
Да не збориме за слободата во игра што ја имаше,пенали,слободни,која позиција сакаше го ставаа во одбрана 3 години со другарчето Суарез гзот не го померија итн...
За возврат на сето тоа добивме 3 дебакли во ЛШ и срамни испаѓања.

На крај краева Меси никој не го избрка од Барса,ова е негова одлука.
Ако сака да замине фала му за се и довидување,ќе остане запаметен како најдобриот во историјата на клубот и спортот воопшто.
Единствено ми е криво што заминува на ваков начин,ама тоа е тоа.

Мора сега да се исчистат и останатите ''староседелци'' од клубот и да почнеме да градиме нова екипа,би ги оставил само Пиќе,Бускетс и Алба доколку се согласат да не бидат прва опција на своите позиции.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.257
Абе сте нормални што пишувате за Меси, 33 титули ни донесе човекот, 10 ла лига 4 лш. Го издигна клубот 10 скалила погоре, пред Меси бевме горе доле просечен тим со ЕДНА ебена титула ЛШ. Треба да се крстиме во Меси а не да се лупаат глупости имал карактер 0, подобро да замине и сл. Срамни се вакви коментари посебно од фанови на Барса.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Кога велите дека Меси се прашувал за се во клубот сте контрадикторни со тоа што го пишувате.
Меси и другите играчи беа за останување на Валверде, Бартомеу им го донесе Сетиен.
Меси не беше за трансферот на Гризман, Бартомеу го донесе.
Бартомеу преку своите пиуни цело време тера кампања на оцрнување на Меси и соиграчите, се со цел да си работи непречено и да им пере мозок на навивачите.
Заборавивте ли на ситуацијата кога Абидал ги окриви играчите за отпуштањето на Валверде, а сосема спротивното беше. Тогаш сите баравме од Меси да излезе со изјава и да го брани тимот, тој го направи тоа!
Се налутил за третманот кон Суарез, па кажете нормално ли е еден од најдобрите стрелци на клубот така да се третира, да му кажат телефонски дека треба да си оди!?
Сите сме за да си оди, но голем клуб треба да знае да ги испрати најдобрите играчи, тоа што Суарез веќе не е стариот Суарез не значи дека треба да се заборави се што направил за клубот.

Срамота е да се спомне платата на Меси, па најдобриот играч во историјата на овој спорт не заслужува ли да биде најплатен во светот!?
Барселона до пред корона кризата беше топ 3 клуб со најголеми приходи, па нормално дека најдобриот ќе го платат најмногу.
Не заборавете дека Меси и соиграчите се согласија на 70% намалување на платите за време на најголемата криза.

Меси нормално ќе биде највлијателен во клубот, тука порасна, најдобар е, даде најмногу за овој клуб, кажувајте што сакате но најзаслужен е за сите овие титули откако игра во првиот тим, најзаслужен е за растење на брендот Барселона во светскиот пазар. Сепак и покрај овие работи работите не се како се прикажуваат дека Меси бил диктатор и што уште не. Пропагандната машинерија на Бартомеу цело време на удар го имаа Меси кога требаше да се донесат важни одлуки за да тераат со агендата да перат пари преку клубот. Кога велам на удар не мислам на тоа дека излегле со наслови, туку пуштање демек внатрешни информации на други медиуми кои не се познати како каталонски.

Меси е и ќе остане најголемиот играч што играл за Барселона, број еден легенда на клубот, па кој што сака нека каже, нека поминат година-две без Меси па тогаш ќе се присетуваме и ќе видиме што направил Меси за клубот.

Ова со барањето на Меси да си оди има две страни.
Едната е дека стварно му прекурчи со управата и гледа дека нема да се смени ништо.
Другата е дека е дел од целата кампања да се собори Бартомеу, па сега се користи најсилното оружје против Бартомеу за да се оди на избори веднаш.
Легенди како Чави и Пујол не сакаа да слушнат да соработуваат со оваа управа, па Пујол а и Ето јавно искажаа подршка за Меси.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Во ситуацијава да, Суарез ја зготви манџата, Меси немаше намера да замине. Нема друг играч на кого клубот му одел по газот како на Меси, буквално го направи приватна фирма. Ниедна одлука не е донесена без Меси, покушаја и Нејмар да му го вратат ама беше невозможно. Непочитување од тренери кон Меси?? Ова се зафркаваш ваљда пошто баш обратно е, тој немаше никаква почит кон Сетиен особено, да свртиш глава и јавно да јадеш гомна за тренер досега немам видено и при тоа никој да не реагира. Барса му даде се, тој возвраќа со заминување, то е то.
Автоматски споено мислење:

Иначе според RAC1 Барса бара повеќе од 222 милиони за да биде најскап трансфер во историјата. Сити има буџет од 300 милиони, може да плати и Псж сигурно можат да платат.
Ептен го навредил Лордот Сетиен.
Сетиен стави свој заменик кој јавно сред натпревар мајки им пцуеше на играчите, не требало глава да му сврти.
Сериозно мислиш дека Меси до вчера не планираше да оди, и му се јави Суарез, друже овие ќе ме бркаат, ај си идеме?
Уште по испаѓањето сите пишуваа дека толку е, само никој не веруваше.
Иначе Барса му дала се, он и враќа со заминување? Барса е тоа што е ради Меси, од одличен шпански клуб, ги направи топ 2 светски клуб и по спортски успеси, и по буџет, и по навивачи на глобално ниво, и по се.

Запрашај се сеа зошто Чави у најтешки моменти за тимот одби да биде тренер, или не му е важна Барса? Не бе друже едноставно е, ваква не почит никој не ти трпи. Ќе им го бараше Тиаго, ќе му го донесеа Пјанич. Со таа политика, со среќа нека им е.

Прашај се Пујол зошто го поддржа?

Или полесно вака, најди една легенда на клубот што НЕ го поддржа и го осуди, освен ти нормално :D
 
Ау на примадоните им пцуел матер, се навредиле куклите. Секогаш и секаде има пцуење, составен дел на играта, било да играш во твојот сокак или на Камп Ноу.

Да, Меси немаше теоретска шанса да си оди доколку Суарез го оставеа, а и Видал, како и другите подмолни суштества како Бускетс и Алба. Меси никогаш не важи за некој што има план, секогаш импулсивно дејствува, со Аргентина два-три пати се повлекуваше и враќаше, така да сеуште не е сигурно дека ќе си оди. Доколку му речат утре го оставаме Суарез овај ќе остане, немам дилема тука.

Меси не можеше да ја направи Барса уштр подобра, ако овие прво него не го направеа човек. А и кога дојде Барса веќе беше на пат на доминација со Роналдињо, Деко и компанија, не е дека тој единствен е што ја направил Барса клуб.

Пред него покрај другите легенди во Барса играле и Марадона и Кројф и Ривалдо и Роналдо и Роналдињо итн. Нема клуб низ кој што поминале повеќе легенди кои се сметаат за најдобри на сите времиња.

Управата не ја бранам, нема некој што повеќе од мене ја напаѓал, ама каде беше досега Меси да удри по управата, да прозборе барем збор. Нигде, нула. Сега на 6 месеци до заминувањето на Барто тој реши да си оди поради него? Немој да ме јебеш бре, не сме мали деца. Пујол гледа да добие функција со новата управа откако не успеа со оваа, не е се така сјајно во играчите, не е само управата црна тие бели.
 
Не удри по управата?
Јавно збореше и пишуваше против спортски директор на тимот - Абидал. Кој фудбалер/капитен го има тоа направено?
Пола стадион цела сезона бели марамчиња им вади за оставка, они се закачиле ко пијавици на Меси ќе му покачиме плата, ќе се спасиме. Не е се до тоа, тука ја утнаа работата.
Без конкурентност на спортски план, нека покачуваат што сакаат. Меси гениј каков што е, со Барса идентитет, им бараше играчи и тренери што би успеале да ги склопат коцките за да бидат конкурентни. Валверде коа го избркаа за да донесат тренер ко Сетиен, сите се чудевме зошто се бунел и го барал Валверде. Свесен беше сам дека освен во случај на Чави, Гвардиола, ништо нема да смени промената на Валверде на пола сезона помината, само полошо ќе донесе. Ете виде што се случи. Без шпанско останаа од најутепаниот Реал 15 години назад.
Не му испочитуваа ниедно барање ни за играч ни за тренер. Величини ко Меси, Роналдо, Леброн и да не мешам спортови, не траат вечно, ама додека траат или ќе ги почитуваш и искористиш за да испишеш историја и ти и они, или ќе си заминат и ќе пишат историја со друг.
Не го испочитуваа и ова не трае од вчера, трае 2 години. Ова е најнормален епилог после се.
И многу ги трпеше требаше после Рома ова да се случи, ама не е лошо ни вака.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Не удри по управата?
Јавно збореше и пишуваше против спортски директор на тимот - Абидал. Кој фудбалер/капитен го има тоа направено?
Пола стадион цела сезона бели марамчиња им вади за оставка, они се закачиле ко пијавици на Меси ќе му покачиме плата, ќе се спасиме. Не е се до тоа, тука ја утнаа работата.
Без конкурентност на спортски план, нека покачуваат што сакаат. Меси гениј каков што е, со Барса идентитет, им бараше играчи и тренери што би успеале да ги склопат коцките за да бидат конкурентни. Не му испочитуваа ниедно барање од тоа, и ова е најнормален епилог.
И многу ги трпеше требаше после Рома ова да се случи, ама не е лошо ни вака.
Абидал изјави дека одредени играчи не се залагале доволно и тоа беше единствената добра работа што ја направи, тука кланот се налути, од вистината. Кој е Меси да кажува кој играчи ќе се носат и кој тренери, затоа ни се смеат од другите клубови. Затоа имавме кукли за тренери без свое јас, за да може тој да кажува како ќе се игра и кој ќе игра. Не е поголем од клубот, кој сака нека е, одамна требаше да му се каже јасно.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ау на примадоните им пцуел матер, се навредиле куклите. Секогаш и секаде има пцуење, составен дел на играта, било да играш во твојот сокак или на Камп Ноу.

Да, Меси немаше теоретска шанса да си оди доколку Суарез го оставеа, а и Видал, како и другите подмолни суштества како Бускетс и Алба. Меси никогаш не важи за некој што има план, секогаш импулсивно дејствува, со Аргентина два-три пати се повлекуваше и враќаше, така да сеуште не е сигурно дека ќе си оди. Доколку му речат утре го оставаме Суарез овај ќе остане, немам дилема тука.

Меси не можеше да ја направи Барса уштр подобра, ако овие прво него не го направеа човек. А и кога дојде Барса веќе беше на пат на доминација со Роналдињо, Деко и компанија, не е дека тој единствен е што ја направил Барса клуб.

Пред него покрај другите легенди во Барса играле и Марадона и Кројф и Ривалдо и Роналдо и Роналдињо итн. Нема клуб низ кој што поминале повеќе легенди кои се сметаат за најдобри на сите времиња.

Управата не ја бранам, нема некој што повеќе од мене ја напаѓал, ама каде беше досега Меси да удри по управата, да прозборе барем збор. Нигде, нула. Сега на 6 месеци до заминувањето на Барто тој реши да си оди поради него? Немој да ме јебеш бре, не сме мали деца. Пујол гледа да добие функција со новата управа откако не успеа со оваа, не е се така сјајно во играчите, не е само управата црна тие бели.
Да сигурно поради Суарез сака да си оди! Абе ни Меси не е опседнат со Суарез колку што си ти.
Ако си оди дали ќе го земе со себе Суарез?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.850
Поени од реакции
16.130
Не удри по управата?
Јавно збореше и пишуваше против спортски директор на тимот - Абидал. Кој фудбалер/капитен го има тоа направено?
Пола стадион цела сезона бели марамчиња им вади за оставка, они се закачиле ко пијавици на Меси ќе му покачиме плата, ќе се спасиме. Не е се до тоа, тука ја утнаа работата.
Без конкурентност на спортски план, нека покачуваат што сакаат. Меси гениј каков што е, со Барса идентитет, им бараше играчи и тренери што би успеале да ги склопат коцките за да бидат конкурентни. Не му испочитуваа ниедно барање од тоа, и ова е најнормален епилог.
И многу ги трпеше требаше после Рома ова да се случи, ама не е лошо ни вака.
Меси мислам дека му го врие уште кога го бараа Нејмар а тие му ги донесоја Гризман.
На тренинзи апла се гледаше дека се незадоволни со Суарез од потегот па имаше некои видеа како го игнорираат играчот.
Е сега не можи па и Меси да кажува кој да му го донесат не е на татко му клубот, ама горе долу во право беше за некои работи.
За ЛШ колку шо се криви сите и тој е крив, невидлив беше на тие натпревари.
На натпреварот со Баерн како капитен наместо да застани да ги бодри тој го даваат на снимка кај шо се држи за глава во ходникот како жена пмс кога ке има.
Многу лош капитен, настрана шо е најдобар играч ама нема карактер за капитен Меси.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Да сигурно поради Суарез сака да си оди! Абе ни Меси не е опседнат со Суарез колку што си ти.
Ако си оди дали ќе го земе со себе Суарез?
Не знам, ќе го прашам и ќе ти кажам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom