Фан Клуб: Барселона

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.766
Воздржете се од коментари во отсуство на официјални информации. Одбил ПЦР тест и ете готово заминувал. Своето заминување ќе го соопшти на прес. А овие гадни медиуми кои измислуваат разни глупости за кликови би им забранил пристап до Камп Ноу во иднина.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Мора да се ликвидира Бартомеу денес, жив да се запали!!!! Сега е во кал од испраните пари, нема да си даде оставка бидејќи на површина ќе излезе целиот негов криминал.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Време е за голем рез. И живот после Меси, макар и да остане проект околу него не е реално да се прави. Проект може да се прави околу Мбапе да речеме.
Греота е лут и преку судови да си оди. Само тоа е проблемот за мене.
Меси има и тоа како улога во сите случувања последниве 6-7 години. Од преферирање одредени играчи за сметка на други, до кланови и слично. Најголем е во историјата на фудбалот, не па во Барселона, ама со тек на време и он ќе свати дека неколку пати се става над клубот..
Лојален си кога ќе завршиш како лојален, а не дали си во моментов. Ако заврши вака лојслноста во целост паѓа во вода. И Фиго беше лојален до моментот кога веќе не беше.
Управата е менлива, клубот е вечен.

Ако остане ќе го сакам најмногу на свет сеуште, ако си оди гоод лак и тотално нема да ми биде битен неговиот учинок каде и да оди. Исто ко со Пеп, господ во Барселона, од кога замина тотално небитен за мене. Клубот е битен.
Како, кој е крив нема да се открие, освен во некоја автобиографија на Меси за 10 години.

Јас искрено сум повеќе да си оди, но не на ваков начин. Ако остане ќе има сеуште големо влијание и на некој начин повеќе ќе смета него што ќе помогне во транзицијата. Да не се лажеме не е он Тоти во карактер да влезе 15 мин да помогне и да биде среќен. Роналдо има его и не крие, а Меси прикрива неуспешно. Голем егоист стана и он. А не беше
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Добро според тебе Меси и Суарез се криви, Бартомеу е исправен? :D
Меси со величината што ја има, од управава не доби никаква почит. Освен договорите што му даваа плата колку сака, ни играч, ни тренер, апсолутно ништо не донесоа по негова желба.
Човекот жртвува веќе 3 сезони од кариерата со неконкурентен тим, ради лојалност кон Барса, трпи не почит му носат треторазредни тренери, го бара Нејмар му носат други.
Капак на се легенда ко Суарез, втор најдобар стрелец во историјата на клубот, милион титули што донесе, дошол Бартомеу по телефон да го извести дека треба да си оди?
Едни Пујол и Чави застануваат на страната на Меси, он Меси и Суарез биле криви.
Пишував уште Нејмар коа си идеше, и тоаш имаше коментари клубот над се, нека си иде, кур се тресе.
Виде на кое ниво паднаа.
Уште Меси фали и да се вратат едно 40 години назад, тогаш веројатно ќе се научат како се цени таков играч во тимот.
Во ситуацијава да, Суарез ја зготви манџата, Меси немаше намера да замине. Нема друг играч на кого клубот му одел по газот како на Меси, буквално го направи приватна фирма. Ниедна одлука не е донесена без Меси, покушаја и Нејмар да му го вратат ама беше невозможно. Непочитување од тренери кон Меси?? Ова се зафркаваш ваљда пошто баш обратно е, тој немаше никаква почит кон Сетиен особено, да свртиш глава и јавно да јадеш гомна за тренер досега немам видено и при тоа никој да не реагира. Барса му даде се, тој возвраќа со заминување, то е то.
Автоматски споено мислење:

Иначе според RAC1 Барса бара повеќе од 222 милиони за да биде најскап трансфер во историјата. Сити има буџет од 300 милиони, може да плати и Псж сигурно можат да платат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.471
Не ви го разбирам плачењево по Нејмар. Сам си отиде, притоа ја поеба Барса со клаузата. На крај ради Меси пробаа да го вратат дури, ама Псж не го даде. Што поишр?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Најмногу ме иритира што инсистира на раскинување на договорот место клубот да добие пари, е толку му значи Барса. Нула карактер, да не употребам потешки зборови, ќе се навреи пола фан клуб, мада наскоро ако продолжи и тоа ќе биде :)
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.863
Поени од реакции
7.545
Бартомеу си има кривица секако во целава ситуација имаше еден куп промашени трансфери повеќе од 500 милиони фрлени во бунар,ама од друга страна и Меси не е цвеќе за мирисање и стварно не ми е јасно како Бартомеу е крив ако Лео замине.
Последните години Меси господ го направија во клубот,платата му ја покачија,договори какви што сака му правеа,за сите трансфери беше прашуван,поставите сам ги правеше,тренери сам менуваше,сите коцки во клубот беа наредени по негова желба.
Да не збориме за слободата во игра што ја имаше,пенали,слободни,која позиција сакаше го ставаа во одбрана 3 години со другарчето Суарез гзот не го померија итн...
За возврат на сето тоа добивме 3 дебакли во ЛШ и срамни испаѓања.

На крај краева Меси никој не го избрка од Барса,ова е негова одлука.
Ако сака да замине фала му за се и довидување,ќе остане запаметен како најдобриот во историјата на клубот и спортот воопшто.
Единствено ми е криво што заминува на ваков начин,ама тоа е тоа.

Мора сега да се исчистат и останатите ''староседелци'' од клубот и да почнеме да градиме нова екипа,би ги оставил само Пиќе,Бускетс и Алба доколку се согласат да не бидат прва опција на своите позиции.
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
1.278
Абе сте нормални што пишувате за Меси, 33 титули ни донесе човекот, 10 ла лига 4 лш. Го издигна клубот 10 скалила погоре, пред Меси бевме горе доле просечен тим со ЕДНА ебена титула ЛШ. Треба да се крстиме во Меси а не да се лупаат глупости имал карактер 0, подобро да замине и сл. Срамни се вакви коментари посебно од фанови на Барса.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Кога велите дека Меси се прашувал за се во клубот сте контрадикторни со тоа што го пишувате.
Меси и другите играчи беа за останување на Валверде, Бартомеу им го донесе Сетиен.
Меси не беше за трансферот на Гризман, Бартомеу го донесе.
Бартомеу преку своите пиуни цело време тера кампања на оцрнување на Меси и соиграчите, се со цел да си работи непречено и да им пере мозок на навивачите.
Заборавивте ли на ситуацијата кога Абидал ги окриви играчите за отпуштањето на Валверде, а сосема спротивното беше. Тогаш сите баравме од Меси да излезе со изјава и да го брани тимот, тој го направи тоа!
Се налутил за третманот кон Суарез, па кажете нормално ли е еден од најдобрите стрелци на клубот така да се третира, да му кажат телефонски дека треба да си оди!?
Сите сме за да си оди, но голем клуб треба да знае да ги испрати најдобрите играчи, тоа што Суарез веќе не е стариот Суарез не значи дека треба да се заборави се што направил за клубот.

Срамота е да се спомне платата на Меси, па најдобриот играч во историјата на овој спорт не заслужува ли да биде најплатен во светот!?
Барселона до пред корона кризата беше топ 3 клуб со најголеми приходи, па нормално дека најдобриот ќе го платат најмногу.
Не заборавете дека Меси и соиграчите се согласија на 70% намалување на платите за време на најголемата криза.

Меси нормално ќе биде највлијателен во клубот, тука порасна, најдобар е, даде најмногу за овој клуб, кажувајте што сакате но најзаслужен е за сите овие титули откако игра во првиот тим, најзаслужен е за растење на брендот Барселона во светскиот пазар. Сепак и покрај овие работи работите не се како се прикажуваат дека Меси бил диктатор и што уште не. Пропагандната машинерија на Бартомеу цело време на удар го имаа Меси кога требаше да се донесат важни одлуки за да тераат со агендата да перат пари преку клубот. Кога велам на удар не мислам на тоа дека излегле со наслови, туку пуштање демек внатрешни информации на други медиуми кои не се познати како каталонски.

Меси е и ќе остане најголемиот играч што играл за Барселона, број еден легенда на клубот, па кој што сака нека каже, нека поминат година-две без Меси па тогаш ќе се присетуваме и ќе видиме што направил Меси за клубот.

Ова со барањето на Меси да си оди има две страни.
Едната е дека стварно му прекурчи со управата и гледа дека нема да се смени ништо.
Другата е дека е дел од целата кампања да се собори Бартомеу, па сега се користи најсилното оружје против Бартомеу за да се оди на избори веднаш.
Легенди како Чави и Пујол не сакаа да слушнат да соработуваат со оваа управа, па Пујол а и Ето јавно искажаа подршка за Меси.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Во ситуацијава да, Суарез ја зготви манџата, Меси немаше намера да замине. Нема друг играч на кого клубот му одел по газот како на Меси, буквално го направи приватна фирма. Ниедна одлука не е донесена без Меси, покушаја и Нејмар да му го вратат ама беше невозможно. Непочитување од тренери кон Меси?? Ова се зафркаваш ваљда пошто баш обратно е, тој немаше никаква почит кон Сетиен особено, да свртиш глава и јавно да јадеш гомна за тренер досега немам видено и при тоа никој да не реагира. Барса му даде се, тој возвраќа со заминување, то е то.
Автоматски споено мислење:

Иначе според RAC1 Барса бара повеќе од 222 милиони за да биде најскап трансфер во историјата. Сити има буџет од 300 милиони, може да плати и Псж сигурно можат да платат.
Ептен го навредил Лордот Сетиен.
Сетиен стави свој заменик кој јавно сред натпревар мајки им пцуеше на играчите, не требало глава да му сврти.
Сериозно мислиш дека Меси до вчера не планираше да оди, и му се јави Суарез, друже овие ќе ме бркаат, ај си идеме?
Уште по испаѓањето сите пишуваа дека толку е, само никој не веруваше.
Иначе Барса му дала се, он и враќа со заминување? Барса е тоа што е ради Меси, од одличен шпански клуб, ги направи топ 2 светски клуб и по спортски успеси, и по буџет, и по навивачи на глобално ниво, и по се.

Запрашај се сеа зошто Чави у најтешки моменти за тимот одби да биде тренер, или не му е важна Барса? Не бе друже едноставно е, ваква не почит никој не ти трпи. Ќе им го бараше Тиаго, ќе му го донесеа Пјанич. Со таа политика, со среќа нека им е.

Прашај се Пујол зошто го поддржа?

Или полесно вака, најди една легенда на клубот што НЕ го поддржа и го осуди, освен ти нормално :D
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Ептен го навредил Лордот Сетиен.
Сетиен стави свој заменик кој јавно сред натпревар мајки им пцуеше на играчите, не требало глава да му сврти.
Сериозно мислиш дека Меси до вчера не планираше да оди, и му се јави Суарез, друже овие ќе ме бркаат, ај си идеме?
Уште по испаѓањето сите пишуваа дека толку е, само никој не веруваше.
Иначе Барса му дала се, он и враќа со заминување? Барса е тоа што е ради Меси, од одличен шпански клуб, ги направи топ 2 светски клуб и по спортски успеси, и по буџет, и по навивачи на глобално ниво, и по се.

Запрашај се сеа зошто Чави у најтешки моменти за тимот одби да биде тренер, или не му е важна Барса? Не бе друже едноставно е, ваква не почит никој не ти трпи. Ќе им го бараше Тиаго, ќе му го донесеа Пјанич. Со таа политика, со среќа нека им е.

Прашај се Пујол зошто го поддржа?

Или полесно вака, најди една легенда на клубот што НЕ го поддржа и го осуди, освен ти нормално :D
Ау на примадоните им пцуел матер, се навредиле куклите. Секогаш и секаде има пцуење, составен дел на играта, било да играш во твојот сокак или на Камп Ноу.

Да, Меси немаше теоретска шанса да си оди доколку Суарез го оставеа, а и Видал, како и другите подмолни суштества како Бускетс и Алба. Меси никогаш не важи за некој што има план, секогаш импулсивно дејствува, со Аргентина два-три пати се повлекуваше и враќаше, така да сеуште не е сигурно дека ќе си оди. Доколку му речат утре го оставаме Суарез овај ќе остане, немам дилема тука.

Меси не можеше да ја направи Барса уштр подобра, ако овие прво него не го направеа човек. А и кога дојде Барса веќе беше на пат на доминација со Роналдињо, Деко и компанија, не е дека тој единствен е што ја направил Барса клуб.

Пред него покрај другите легенди во Барса играле и Марадона и Кројф и Ривалдо и Роналдо и Роналдињо итн. Нема клуб низ кој што поминале повеќе легенди кои се сметаат за најдобри на сите времиња.

Управата не ја бранам, нема некој што повеќе од мене ја напаѓал, ама каде беше досега Меси да удри по управата, да прозборе барем збор. Нигде, нула. Сега на 6 месеци до заминувањето на Барто тој реши да си оди поради него? Немој да ме јебеш бре, не сме мали деца. Пујол гледа да добие функција со новата управа откако не успеа со оваа, не е се така сјајно во играчите, не е само управата црна тие бели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom