Фан Клуб: Барселона

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
10.292
Последна, ултимативна жртва од Меси за клубов. Да останеше немаше да се смени ништо, од игра и резултати до управа. Доста беа трилионски "засилувања" што забораваат да играат фудбал откако ќе стапнат на терен со него и чекаат да им ја вади платата. Мора од 0 да се почни, колку и да е болен новиот почеток.
За Меси не трошам зборови, најголем во историјата на клубов и спортов. Кај и да оди се надевам ќе продолжи со успеси. Глупо е што ќе замине после најлошиот резултат во кариерата и на 10 голови од рекордот на Пеле, веројатно без почести какви што заслужува поради коронава ама тоа е тоа...ќе дојде ден и за тоа верувам.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.284
Поени од реакции
4.216
Јас го поддржувам. Не е нормално што се случува во тимот после Енрике.
Место да земе 10 титули у ЛШ да направат тим, да донесат тренер како што треба, Бартомеу се понаша како Груевски у 2011!

Ќејф ќе ми е за човекот.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Јас го поддржувам. Не е нормално што се случува во тимот после Енрике.
Место да земе 10 титули у ЛШ да направат тим, да донесат тренер како што треба, Бартомеу се понаша како Груевски у 2011!

Ќејф ќе ми е за човекот.
Тотална поддршка, само заминување на Меси може да ги избрка овие пијавици од управа.
Он ќе отиде у екипа каде уште 2,3 сезони ќе се бори на секој фронт и нема да трпи вакви понижувања.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Како што пиша @Спојлер, а пишав и јас дека ако се почнува проект, се почнува од нула, штета што во тимот останаа Бускетс, Пике, Алба, Роберто, а Меси да замине пред нив, ама тоа е. Ќе видиме како ќе се одвива работата, нема да го пуштат така лесно, освен ако во договорот тенџерината не му ставиле да си оди слободен било каде, а не надвор од Европа.

Еден ден мораше да се случи ова, никој не игра вечно. Ќе има многу негативни, а и позитивни работи од ова, ама отом потом.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Измешани емоции. Како вчера да гледав пред да дебитира за првиот тим, кога се покажа на младинското првенство. Мислам дека беспредметно е да се зборува што и колку ни донесе со текот на годините. Легенда која вечно ќе остане, а знам дека сенката на Барса ќе го прати кај и да замине. Но, има еден дел во мене што се надеваше дека ќе остане спортска величина до крај, калибар на Тоти, Дел Пиеро, Занети, Марадона. Тој никогаш не стана таков витез. Заминува како капитен, којшто никогаш и не требаше да биде, поголем од сите,со наведната глава, а не грандиозно и со испраќање на Кампот како секоја величина на клубов. Заминува во период кога во клубот се разговара за расчистување со авторитите.Го напушта бродот во најтешките мигови. Му се радувавме многу, му простивме многу бруки. Потрошија многу пари за да му склопат екипа. Барса му направи дом, го направи легенда. И може да му изградат статуи и споменици, но никогаш тие нема да бидат поголеми од Камп Ноу. Како фан сум гневен и горд, но кој сум јас, кои сте Вие и илјадниците, милионите фанови низ светот? Фудбалот одамна е една голема лакрдија од холивудски размери.
Најголемиот фудбалер,а некомплетна спортска величина. Таков ќе остане во моите сеќавања.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.284
Поени од реакции
4.216
Едини спас мислам дека е вечер Барто да каже давам оставка само Меси да остане....
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Ради глупакот Суарез е ова гарант. Куман не е ретардиран после средбата да дава изјави дека е среќен што Меси ќе игра под негово водство следна сезона, дебелиот го има подбуцнато.
 
M

Mayavin

Гостин
Сумњам дека ке си замине, ова мора да е некоја дубара за да си замине Бартомеу, чисто ради она што му го направија на Суарез.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
10.292
Чисто сумњам дека ке си замине, ова мора да е некоја дубара за да си замине Бартомеу, чисто ради она што му го направија на Суарез.
Бартомеу не си заминува. Му треба сезонава да ги изедначи бројките, за пари се работи. Инаку ќе мора од џеб да вади за долгот што го направи, има вакво некое правило во клубот. Лично повеќе верувам дека го молел Меси да си замине да ослободи буџет. Оние талентиве каталонски што добиваат милионита шанса исто им е речено да прифатат помала плата или ќе летат и тие ко Суарез и Меси.

Вистинските причини зошто си заминуваат се погрешни, Барто го уништи клубов, но сеуште мислам дека на долг рок е подобро за Барса.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Најглупо ми е што не бараат да бидат продадени, туку раскин на договор, па клубот да не добие ништо за возврат. За фри не смеат ни под разно да попуштат, а и нема.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
10.292
Најглупо ми е што не бараат да бидат продадени, туку раскин на договор, па клубот да не добие ништо за возврат. За фри не смеат ни под разно да попуштат, а и нема.
И јас сум 50-50 за ситуацијава, од една страна глупо ми е што му раскинуваат договор на Суарез, ама му рекоа дека нема место за него и овој не сака да си оди за да лапа плата. Што треба клубов да направи сега? Ако ова е причината за Меси да си замине тогаш веројатно го става другарот над клубот што го направи човек, инаку ќе беше метар двајсе во некое гето во Аргентина сега. Ама шпекулации се ова, ќе се дознае некој ден ваљда.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.339
Поени од реакции
7.091
Побитно е Барса да го воскресни средниот ред и одбраната отколку да го задржи Меси кој веќе го изогра најдоброто од својата кариера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom