Маскерано со неговите 174 цм е Пујол за Пике. Али џабе, може тој муабет да го вртиме до 2021, ваљда тогаш можно е да се пензионира шакирата, недопирлив е моментално, а тандемот Масче-Умтити оваа сезона би бил на многу поголемо ниво.
Меси, Семедо, Паулињо, Д.Суарез, С.Роберто (само шо влезе се осети) - без зборови, перфектна утакмица.
Иниеста и Бускетс просек. Диње е добар бек за од клупа, ќе врши работа кај ротацијата против вакви екипи. Делофеу не го коментирам, греота е.
Мора да му се даде признание и на Валверде, добро изротира со оглед на збиениот распоред. Суарез, Алба, Умтити без минути оваа утакмица. Заборавив дека и ЛШ има во вторник/среда. Најдобар потег му беше оставањето на клупа на Суарез, мислам дека ќе распали против Гирона викендов.
Наредните 2 се Гирона гости, Лас Палмас дома. Меѓу нив е Спортинг во ЛШ. Да ги добиеме овие 3 и да влеземе со сите бодови во дербито против Атлетико М би било идеално.