Фан Клуб: Барселона

Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Како бе Тито ужива кога човекот е на терапија да го победи РАКОТ ??? Каде со муабетов. Сите сакавме да го видиме Тито како ќе се покаже во збиен распоред со големи фудбалски имиња, но се случи тоа што се случи, али верувам ќе имаме прилика пак само да се заврши се на добро со него.
Во однос на Барса, Пеп е "виновен" што ги издигна критериумите кај фановите толку високо да секоја сезона си мислиме дека мора барем два трофеи да се освојат. Епа не може не е ова ПЕС.:)
Не заборавајте како го фалевме Тито дека е најдобар, има рекорд без порази, му бегаме на Реал, со една рака ја имаме Ла Лига. И сега после два пораза одма не чини се. Не може така. Грешки има тоа е факт, ама ситуацијата е таква каква што е.
Со тоа УЖИВА не мислев дека ужива во животот (знаеме дека е на терапија заради ракот) туку ужива во одлуките кои ги носи во врска со тактиките и составот.Дека оди со глава у ѕид,тоа се гледа...Или пак некој помоќен ги котролира составите па така тој не може ништо да прави.Друга причина не верувам да има,пример за неиграњето на Виља...Со тоа што Тито не ја менува тактиката и составот упорно,а гледаме дека греши,ондак правилно е да пишиме дека УЖИВА во својата работа....Па зошто и јас да не уживам....
Можно да е некоја политика,пример да има во тимот колку што може повеќе каталонци,така да место Виља игра Фабре,тогаш слободно нека даде оставка и нека дојде некој врвен трнер кој може да се носи со тој притисок и да работи САМ....
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.122
Поени од реакции
20.986
Брача и сестри, не сакам да повторувам исти работи. Тоа дека нешто не оди како што треба во тимот, сите го гледаме. Дека составот на играчите со кој излегува Роура(или Тито) не ни се допаѓа, во тоа сите се согласуваме.
Е, сега, за да не повторувам исти работи, ја ќе дадам мое видување како треба да се продолжи во остатокот од сезоната, за да не имаме дебакл на крајот да не освоиме ни една титула.

Значи да сум стратег(није да се хвалим, али могу да му конкурирам на Роура) јас, би играл вака:
Не знам колку и дали се сеќавате, пред 2 сезони(2010-11), токму во овој период имавме 4 Ел Класика (2 во ЛШ, 1 во лигата и финалето од купот).
Откако првото заврши 1-1(лигата), во финалето од купот, по продолженија изгубивме 1-0. Потоа следуваше ова што сакам да го кажам.
На 27ми април 2011та, на Бернабе се играше првиот меч од 1/2 финалето од ЛШ. Уште на пресот, еден ден пред натпреварот Пеп најави жестока битка и делуваше премногу самоуверено. Имаше неколку вулгарни зборови и го нарече Жозе Lo puto jefe, lo puto amo. Рече дека на Жозе би му дал титула за зборување во салата за прес-конференции, бидејќи таму знае се и најдобро зборува, ама дека вистинската битка следува наредниот ден на теренот на Бернабе.
Поучен од претходните 2 натпревари, каде Реал не правеше баш ништо, само седеше во своја половина и чекаше на контри, Пеп се одлучи вака: зошто Барселона по секоја цена да напаѓа и да остава простор за контри на противникот? Таа вечер, 27ми април, Пеп го направи токму спротивното. Сите 4ца одбранбени играчи седеа во наша половина, се играше мирно, топка од нога на нога, доколку нема простор напред, не се напаѓаше. Топката беше постојано во наш посед, најчесто кај Пике и Пујол, па кај Валдес, повторно напред до Пике, Пујол, па Бускетс.... И така постојано, Мадрид губеше контрола, следеше директен црвен картон за пепе, па исклучување и на Жозе и потоа шоу на Меси во Мадрид. 0-2 заврши тој натпревар, со 2 гола на Меси.

Е, сега, оваа формација против Милан нема да успее. Оти ако ние не нападнеме и ги чекаме нив да преземат иницијатива, натпреварот ќе заврши 0-0 без ниеден шут на 2те страни.
Меѓутоа, зборот ми е дека треба да се промени стилот на игра, барем во одредени утакмици. Наместо традиционалното пимплање на топката, да се почне повеќе директност, дриблинзи и пред се БРЗИНА. Затоа напред ќе жртвуваме некои играчи, кои ќе бидат на клупа(пр. Чави), на сметка на некои побрзи(Адриано, Тељо).
Е, сега, не верувам дека ова ќе вроди со плод одеднаш, бидејќи тоа треба да се увежбува подолго време, па затоа можат со послабите екипи(т.е. кога ќе имаме осигурана титула, последните 3-4 кола) да се игра некоја ваква варијанта:​

Валдес​
Дани - - Пике - - - Пујол - Монтоја​
Бускетс - - - Сонг​
Адриано - Меси - - - Алба​
Тељо​
каде што, нема да се игра нон, стоп тики-така во противничко поле, туку ќе се дозволи(т.е. исчека) противникот да се подотвори и нападне, па потоа со брзо пренесување на топката напад, да се прават контри. Тоа е тоа што Мадрид постојано ни го правеше на вчерашниот натпревар.
Колку и да изгледа чуден и необичен составот, мислам дека ќе делува. Прво, целата одбранбена 4ка треба да има одбранбени задачи, бековите да не се улетуваат напред(затоа подоле че спомнам друга, поексцентрична одбранбена 4ка), Бускетс и Сонг исто така треба да работат на дефанзива, а 4ката напред, со контра-напади да го решава противникот. Сите 4ца се исклучително брзи, а исто така сите можат да се пофалат и со искличително одлична завршница. Алба и Адриано како крила, Меси плејмејкер, а Тељо(иако природно е крило) заради неговата брзина, снаодливост, дриблинг и одличен шут би бил идеален за најистурен напаѓач.

Истата формација може да се изведе и на овој начин, со ваква одбрана:

Валдес​
Пујол - Пике - - Бартра - Сонг​
Бускетс - Иниеста​
Адриано - - Меси - - Алба​
Тељо​
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ернесто ЧЕ Гевара

Се ок ама иако нема шанси вака да играме,ако се одлучиме на ваква стратегија тогаш позицијата на најистурен напаѓач е зацементирана за Виља, па дури и Санчез би играл пред Тељо на таа позиција.

Значи знаеме дека нема да има драстични промени, но би било подобро против Милан, Чави да е на клупата и да почнеме со Тиаго, заедно со него да игра Иниеста и нападот да се состои од МВП. Станав досаден веќе ама Меси треба да започне како десно крило, нормално ќе има поголема слобода и ќе ротираат со Виља.
Едноставно е, мораме да бидеме подиректни, повеќе пати да се проба среќата да се шутира и од надвор од 16-никот и внатре. Со Виља, Меси и Педро кои се одлични шутери можеме да им направиме големи проблеми на италијанците. Алудирам на жестоки напади, што побрзо да се префрли топката во противничката половина и што побрзо да се обидуваме да креираме шанси, не мора да бидат 100% шанси туку и полушанси кога ќе има веднаш да се шутира. Што почесто напаѓаме толку потешко ќе им биде на противничките играчи, ќе се стега обрачот и ќе мора да пукне некаде.
Ако во првото полувреме имаме водство од еден гол, пак да се продолжи со константно напаѓање без непотребно пимплање, чим се отвори простор одма напред. Така и паника ќе ја фати противничката одбрана.

Се на се ни треба да бидеме директни, ама џабе го тупиме ние овде кога знаеме дека пристапот барем во првото полувреме ќе биде стандарден како сме научени. Тоа е...

Сега нека се концентрираат за во сабота, бидејќи со победа во Бернабеу гледам добра можност да се фати моментумот и да бидеме со позитивни мисли за ЛШ!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.122
Поени од реакции
20.986
Клучот за со Милан ќе биде, нафрлање, нафрлање, нафрлање и само нафрлање.....
Зошто?
Нормално дека не можеме да дадеме гол од нафрлена топка, ама на тој начин постои шанса да некој од згуснатата одбрана на Милан(10 души во 16-ник) игра со рака и да ни судат пенал.
Исто така, многу ќе биде значајно да глумиме што е можно повеќе. Во 16-ник тешко дека ќе судат прекршок, освен ако не е премногу очигледен, ама затоа треба да се глуми на 2-3 метри пред 16-никот. Така ќе се создадат шанси за Меси за слободен удар.
Значи во ваков натпревар, каде противникот се брани со сите сили, мораме да научиме да поентираме од прекин. Од корнер тешко, ама затоа нека тренираат слободни удари и пенали.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Извинете, имаме недовршена работа со Мадрид. Сабота, 16:00.
Чисто онака да им покажеме која среќа ја имаа :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Реални се фановите скоро сите од нив џентлменски му честитаа на Реал и кажаа дека беше подобар од Барса, а скоро пола од нив проблемот го посочија дека е во клупата, односно луфтата од неколку месеци без тренер, што директно оди на сметка на Росељ и Зуби.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Клучот за со Милан ќе биде, нафрлање, нафрлање, нафрлање и само нафрлање.....
Зошто?
Нормално дека не можеме да дадеме гол од нафрлена топка, ама на тој начин постои шанса да некој од згуснатата одбрана на Милан(10 души во 16-ник) игра со рака и да ни судат пенал.
Исто така, многу ќе биде значајно да глумиме што е можно повеќе. Во 16-ник тешко дека ќе судат прекршок, освен ако не е премногу очигледен, ама затоа треба да се глуми на 2-3 метри пред 16-никот. Така ќе се создадат шанси за Меси за слободен удар.
Значи во ваков натпревар, каде противникот се брани со сите сили, мораме да научиме да поентираме од прекин. Од корнер тешко, ама затоа нека тренираат слободни удари и пенали.
Овој тим на Милан е неискусен и млад(што ми дава надеж дека брз гол страшно ќе ги дестабилизира).Плус тоа,ќе дојдат со истата “бункер“ формација како и на предходниот меч(нешто што дава опции при изборот-како да се игра?)
Друг многу важен аспект-РАБОТА!ТРЧАЊЕ!ПОЖРТВУВАНОСТ! Нешто што го видов со Реал на почетокот на мечот се до пеналот(потоа се се изгуби).

Барселона не смее да дозволи да игра на ист начин со крилата(нешто што гадно се заебале многу пати низ историјата-пр:Челзи на Стемфорд бридџ со Рајкард на клупа и нивниот фуриозен старт од контри по крилата кои беа експозирани и резултираше со неверојатни 3:0 по само 20мин игра).Рајкард тогаш касно се сети,се вративме во игра но сепак,поради тие три гола изгубивме.Така исто изгубивме против Реал вторникот.
Значи,овие дупки Пеп ги пополнуваше додека Роура е Мамли.

Значи,формациски стојам да се исфрлат:Бускетс и Фабрегас а на нивното место да се стават Адриано и Тиаго.

Вака нешто би изгледало:

-----------Валдес---------
-----Пујол-----Пике----
Дани--------------------Адриано
----------Чави------------
Тиаго-------------Алба

Меси--------------Иниеста
--------Педро---------

Често пати да ги мешаат позициите(пр:Алба/Иниеста,Меси/Педро,Адриано/Алба,Чави/Тиаго...),ДИРЕКНОСТ(влегување во дриблинзи,шутеви од далечина,нафрлувања...),ТРЧАЊЕ(отворање простор,бркање при секоја изгубена топка),Бековските крила посебно предпазливи и не премногу излетувања во нападот,АГРЕСИВНОСТ(Не како бускетс кој го чека Озил да пимпла,дирекност во одбрана,грубост...) и.т.н
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
He is currently going through the toughest phase of the treatment and will not be back until a month.

Ова е за Тито. Значи се останува во рацете на играчите, да бидат максимално концентрирани и дисциплинирани. Сепак не ми влева многу надеж ситуацијата!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Тоа е тоа, ситуацијата е многу тешка, без тренер сме, без мотивација, играчите скоро и да се оставени сами на себе, така да за мене како што кажав и претходно, ќе биде доволно оваа година барем првенството да го освоиме.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Би било глупо да се трошиме со реал наредната. Треба се да се фрли на една карта, а тоа е реваншот со милан. Ако се извади таа утакмица тогаш можно е брзо сето ова да се заборави и сезоната да се заврши во стил со двете најважни титули.

Секогаш, секоја сезона има еден ваков дуел, по жица, кој ако се добие веројатно се освојува и лигата. Сетете се само како лагано ги добивме ман ју после трилерот со челзи, каде што воопшто не заслиживме да поминеме. Трилерот со интер, каде ако поминеве ќе освоевме и тогаш и лани.

Убеден сум дека и сезонава ќе биде така.


Искрено, длабоко во себе верувам дека милан ќе го поминеме, се сложивме дека 0-2 не е недостижно, но играта и шансите кои ги нема се тие што матат ум. Лани во гости со челзи господ беше со нив, па си рековме дома ќе ги згазиме сигурно. Се сличи тоа што се случи. Се е можно. Се зависи од денот. Може од 5 полу шанси 5 да дадеме, може од пенал да утнеме. Во екипата го имаме најдобриот евер, ги имаме светските и европските прваци, искуство еден тон, знаење...се е тука, па макар и со мамли. Јас лично не стравувам, едвај чекам да дојде реваншот. Целата перцепција ни се смени во две недели, да му се невиди милан се тие што треба да му ја мислат, не ние. Ми мириса на крв уште сеа, едвај чекам....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom