Фан Клуб: Барселона

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Не е преуморен, има изјавено стопати дека ќе остане се додека играчите се гладни за титули. По она со Челзи покажаа дека е така. Сакам да остане Пеп, сакаат играчите, сака публиката. Останува на него дали ќе остане или не.

Во весниците блиски до клубот пишува дека на состанокот вчера на Пеп му е понуден бланко чек и целосна слобода над трансферите и спортските одлуки.

Ме претркал Че:D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
По најнови информации изгледа нема да потпише нов договор.
Утре ќе кажат.

Ако не потпише, само Биелса и никој друг.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Чави 15 дена во аут...

Оваа сезона не уништија повредите...
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Не глеам една асална причина зошто не би продолжил. Све мислам дека вака ке држи во неизвесност и утре ке си потпише фино лепо.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Неуспеав да пишам порано па ете сега ....

Прво , елиминацијата од Челси како за мене така и за вас нормално беше големо разочарување ... Беше пред се поради играта која имавме, шансите кој не ги искористивме , несреќата која не пратеше во двата натпревари ....

На Камп Ноу имавме еден мал милион шанси, но повторно бескорисно ... Постигнавме два гола, но не беа доволни во никој случај ... Бев сигурен дека Челси ќе постигне барем еден погодок .... По промашениот пенал веќе бев свесен дека неможеме до финале ..... Тоа и се случи ... Без среќа ништо не се може .... Меси уште 100000 пати да не успее да постигне погодок од белата точка во клучни моменти ( само поради таа наша несреќа која не пратеше и среќата која ги пратеше Челси )Е И ЌЕ БИДЕ НАЈДОБРИОТ ВО ИСТОРИЈАТА !!!!

ЛШ и Примера отидоа во неповрат сезонава, не сум разочаран воопшто, ова донекаде се и очекуваше .... После последните брилијантни сезони, неизбежен е пад , но само во онаа мотивациона точка ... Токму овие две загубени титули не прават и не враќаат гладни за успех следната сезона, играчите ќе бидат мотивирани како ништо во минатото да немаат освоено ....

Сега за најважното, кое деновиве е се поактуелно ....

Прашањето за договорот на ПЕП ....

Дефинитивно најтешко е човек да биде тренер на екипа како што е Барселона .... Дали Пеп се плаши од нов неуспех следната сезона ...

Јас сум уверен и сметам дека Пеп сега ни е најмногу потребен.... Доколку остане верувам во нова брилијатна сезона, знам дека повторно ќе славиме на големо ....

А зошто Пеп има подсвесно некој страв ? Барселона секогаш е желна за успеси ... Веројатно затоа смета дека доколку следната сезона не е успешна неговиот успех ќе е зацрнет кај нас навивачите и се што е освоено претходно ќе е фрлено во сенка .... Но, за мене , верувам и за вас Пеп ќе е број 1 тренер , што и да се случи следната сезона .... Друга причина за негово заминување не гледам, и знам дека не постои ....

ВЕРУВАМ СИЛНО ДЕКА ПЕП ЌЕ ОСТАНЕ , ПОТРЕБЕН НИ Е НАЈМНОГУ !!!!

П.с Негова алтернатива не постои на овој свет, тоа е дефинитивно ... Недај Боже, доколку замине мислам дека прва опција треба да е Тито, никој друг ...

VISCA BARCA Y VISCA CATALUNYA <3
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ќе почекаме следните деновите да видиме што ќе биде. Ако во случај си оди што не верувам, сакам Тито да продолжи друг никој.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Voopsto ne go sakam Bielsa , forsira napad glava u zid.Sakam nekoj koj ke ima razlicna koncepcija i strategija vo sekoj natprevar.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.596
Поени од реакции
14.417
Да не се мешам, али мислам дека Биелса не би бил ни најмалку идеално решение за Барса.
Проблемот кога водиш голем клуб е како да излезеш на крај со 22 играчи кои сакаат бидат во првите 11. Големите тренери тука се одвојуваат од другите.
Тука се губат луѓето, имаат авторитет, али не доволно голем, на пример како Бенитез кога не зборуваше со играчите во Ливерпул.
И да си замине Пеп мислам дека нема да влијае тоа многу на Барса, ако добро се сеќавам Кројф веќе пред две години рече ја знаат замената за Пеп кога тој ќе замине, нешто во тој стил. Значи тие имаат спремна замена.
Кројф и не го сакам многу, али е непогрешлив кога е во прашање Барса, можеби пак ќе извлече некој од ракав, а се си мислам дека тоа ќе биде Луис Енрике на кој не му оди во Италија и направи лош потег во неговата тренерска кариера.. Али стекна многу искуство, и да сум на ваше место највеќе би го посакувал него за тренер.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.041
Поени од реакции
1.028
Voopsto ne go sakam Bielsa , forsira napad glava u zid.Sakam nekoj koj ke ima razlicna koncepcija i strategija vo sekoj natprevar.
Да, ама познавајќи го менталитетот на Барселона, дали има место за вакво нешто?
Јас како што знам овие категории се многу малце менливи за Барселона.
Баш поради ова сакам(сакав) да го видам Пеп за некое време во друг клуб.
Да видиме колку тој стварно вреди и е способен да манипулира со различни стратегии и пристап кон играта.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Да не се мешам, али мислам дека Биелса не би бил ни најмалку идеално решение за Барса.
Проблемот кога водиш голем клуб е како да излезеш на крај со 22 играчи кои сакаат бидат во првите 11. Големите тренери тука се одвојуваат од другите.
Тука се губат луѓето, имаат авторитет, али не доволно голем, на пример како Бенитез кога не зборуваше со играчите во Ливерпул.
И да си замине Пеп мислам дека нема да влијае тоа многу на Барса, ако добро се сеќавам Кројф веќе пред две години рече ја знаат замената за Пеп кога тој ќе замине, нешто во тој стил. Значи тие имаат спремна замена.
Кројф и не го сакам многу, али е непогрешлив кога е во прашање Барса, можеби пак ќе извлече некој од ракав, а се си мислам дека тоа ќе биде Луис Енрике на кој не му оди во Италија и направи лош потег во неговата тренерска кариера.. Али стекна многу искуство, и да сум на ваше место највеќе би го посакувал него за тренер.
Па Биелса досега нема водено голем клуб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom