Фан Клуб: Барселона

Член од
6 декември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
12
Можни ривали на Барса во 1/8 финалето ЛШ:
- Наполи
- ЦСКА Москва
- Базел
- Лион
- Леверкузен
- Марсеј
- Зенит


Кој и да ни се падне од овие сигурно ќе ги потопиме со најмалку три гола разлика:pos::pos:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
12
Ич не сакам да се паднеме со тим од Русија како што се ЦСКА и Зенит.
Треба да се троши пари за зимска опрема како со Рубин полани беа вистински вонземјани.Но не ни лесно да се игра на -20 степени целзјусови :нинџ::нинџ:
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Го сакам Леверкузен, одамна неаме играно со германска екипа.:D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.701
Поени од реакции
22.841
The clásico could be Xavi's 600th game for Barça


Ел-Класико во саботата ќе биде 600тиот настап за Чави во дресот на Барса. :cuc: Освен што е рекордер по бројот на настапи во клубот(599), Чави е и играч со најмногу титули освоени во дресот на Барса(18).
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Ако Пеп ќе игра со формација 4-3-3 верувајте дека ќе игра со неговите 11 мина ( ВВ,Алвес,Пујол,Пике,Абидал,Чави,Бускетс,Иниеста,Меси,Виља,Педро) а ако игра 3-4-3 ондак ќе игра со плус Фабре на средина а одбрана Алвес-Маске-аби ( што не верувам).Но,знаеме дека на последниот меч на Сантијаго,Рм играше со многу пресинг и не можевме да излезиме од нашата половина како што знаеме и можеме.Решение за тоа може да биде 3-4-3 формацијата,со плус еден фудбалер на средина,Цеск.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.701
Поени од реакции
22.841
Јас стварно не знам со кој состав би излегол Пеп во саботата.
Ај, веќе сите сме согласни во едно, да се игра 4-3-3.
- Валдес е сигурен на голот.
- А, одбраната? Ако одбере Пеп 4-3-3, мислам дека Дани и Абидал се сигурни на бековските позиции? Што со стоперските? Пујол, Пике и Маскерано се борат за место на стоперските позиции? Кој би одбрале вие?
- Средината, местото каде што треба да се добие битката. Мислам дека бедемот, 3ката, триаголникот Чави-Буски-Иниеста е секогаш сигурен и не треба да се чепка. Што со Цеск? Дали и тој да игра во средината? Дали да се игра со Цеск како лажна 9ка? Што и со Тиаго? Многу тешко дека би бил стартер во овој натпревар, ама јас не би го отпишал, барем нека изигра некоја минута, без разлика на резултатот.
- Нападот, овде претстојат големи чудења и размислувања. Која напаѓачка тројка да излезе на Бернабе? Со кое напаѓачко трио би биле најубиствени? Овде едно е сигурно. Меси е стартер. Кои се неговите партнери? Може ли Виља повторно да биде на клупата или треба да стартува? Дали Цеск треба да игра лажна 9ка? Санчез или Педро? Првиот е нов, се надевам дека полека влегува во ритам, но дали да му се даде толкава голема задача, дали ќе може да ја исполни? Да биде еден од авторите на победа на Бернабе, која ни е потребна како вода сред пустина? Педро пак, како што кажа некој претходно, можеби во текот на сезоната ќе пружа неколку бледи изданија, ќе биде слаб, незабележителен, ќе промаши и зицери, но секогаш кога игра против Реал игра со 100% од себе. Трча како атлетичар, го има на секој дел од теренот, едноставно добива крилја во дуелите против Реал. Често постигнува и погодоци против Реал. Овде да го спомнам и Куенка, кој иако тешко дека ќе игра во таков важен натпревар, без искуство, сепак кога и да игра, тоа го прави одлично, движењата му се одлични, прави продори, има брзина, центаршутевите му се прецизни и силни. Може да заигра на крајот и да биде нашиот x-фактор, како што тоа беше Афелај(Anims Ibi) на претпоследното гостување на Бернабеу?
- Од играчите кои не ги спомнав, Максвел и Фонтас сигурно ќе го проследат натпреварот од клупа(ако не и од трибини), додека за Адриано и Кеита не се знае, а веројатно барем еден од нив ќе заигра во било која минута од натпреварот.

Им посакувам многу среќа на момците, веројатно во ваков голем натпревар и таа ќе ни биде потребна. Ние можеме само да праќаме подршка до екипата, да се радуваме на нејзините успеси и да ја бодриме и во нејзините неуспеси. Другото е работа на Пеп, Тито и играчите. Се надевам и верувам дека одлично ќе си ја завршат работата за овој викенд, во саботата навечер. Бараме од нив, како и секогаш досега, да дадат се од себе, да го остават срцето на терен. Без разлика на победа, или дури и пораз, со самото оставање на срцето на терен, тие се победници за нас. Во врска со моите очекувања, понекогаш сум голем оптимист, некогаш дури и песимист, но сигурен сум дека можеме да победиме. Го имаме најдобриот играч на светот во своите редови:)cuc:), зад него, во средината имаме, велемајстори, Чави, Иниеста, Цеск. :cuc: Ако одиграат сите на своето највисоко ниво, нема ништо што може да ги запре.
VISCA BARCA!
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
моментално како што стојат работите најдобра 4ка во одбрана е
алвеш---маске---пике---абидал
скоро е сигурно дека тројца од овие ќе стартуваат,дилемата е маскерано или пујол..
јас би му дал предност на маскерано,пујол многу се мачеше со повреди,маскерано е поконстантен моментално..
ако алвеш го запре роналдо како и на минатата утакмица,ќе си немаме проблеми.
средина:
чави---бускетс---иниеста
многу ми е криво што фабрегас нема да го почне овој натпревар(иако можеби и ќе го почне)
но гледајќи ги последните натпревари кога стартуваа чави,иниеста и фабрегас од прва минута..иниеста некако како да се губи,некако мислам дека не се за во прв состав сите тројца,плус бускетс...се прави некако гужва на средина.
напад:
виља---меси---педро
гледајќи го последниот натпревар со бате,мислам дека педро ќе стартува на овој натпревар,си ја врати самодовербата со головите,а и претплатен е за одлични утакмици против реал,искуството му дава предност пред куенка.
за виља важи истото,рака на срце секогаш игра одлично на големи натпревари,можеби затоа ќе добие предност пред алексис
но сепак ништо чудно да го видиме алексис,и тој влегува во шема полека,а и веќе играше против реал, и тоа во најжешкото беше уфрлен на терен :)
така да ништо чудно и сега да го видиме.

малку не кочи што роналдо и ди марија се во форма па ни требаат бековите,а и ни требаат 3ца во напад за да се искористат арбелоа/лас и марсело/коентрао како точки за пробивање.
инаку овој тим на барса плаче за 3-4-3

јас сум некако убеден во победа,ќе ги спуштиме задриѓаниве на земја,многу брзо се кренаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom