Шта је мишеви, шта сте се усрали??
Абе комшиите наши ги пегламе како директорско одело, 3 години по ред, па уште се живи.
Арсенал изгуби 8-2 од Арсенал, навивачите на Арсенал уште се живи. И уште милион вакви случаи, ајде да не редам сега. А, Барса изиграла 0-0 со Севиља(Хави Варас
) и вие овде(дел од вас) вршите колективно самоубиство. Па зашто, мајку му?! Зашто? Porque? No entiendo porque.
Лошата страна на овие форуми е што сега после еден натпревар давате оценки и коментари како да 42 месеци немаме победа, како да играме очајно. Гледајте на подолг рок, брача и сестри. Еден натпревар и натпревар после него може да бидат сосема различни. Можеби ќе ја разнесеме Гранада во следното коло. Гледајте 'долгорочно', оти еден натпревар може и да го загубиме со 3-0, ама ние сме и понатаму најдобра екипа, го имаме најдобриот играч и во тимот владее одлична атмосфера. Не го заборавајте тоа.
Барса минувала низ многу подолги периоди, кои траеле со месеци. И знаете што? После сите тие периоди излегувала ПОСИЛНА. Овој натпревар ќе биде само уште една лекција плус за Маестро Мистер Пеп Гвардиола(се осудуваат некои и на него да му кажуваат што да прави
).
Вака беше и кога кикснавме против Сосиедад, овде кажувавте дека сме катастрофа, тиња.... А кога ја победивме Осасуна 8-0 бевме најдобри. Епа људи, кога во некое од наредните 4-5 кола ќе разнесеме повторно некој така, ќе заборавите на ова вечерва.