Ваква слична игра, не толку убедлива како обично, очекувам и во вторникот против Шахтар. Реализацијата нема да ни биде најдобра, противникот ќе има многу шанси. Играчите ќе изгледаат незаинтересирано, а очекувам резултатот да биде нерешено со повеќе голови(мој тип: 2-2).
Спротивно на тоа, во саботата во Мадрид очекувам една (старо-)нова Барса. Со точни пасови, брза игра, максимална мотивираност, консолидирана одбрана, ефективен напад. Секое Ел-Класико е така. 1-2 натпревари пред тоа ќе се опуштиме, најинтересното е што Мадриѓани(дел од нив, чест на исклучоците) добиваат крилја, летнат, победата е сигурно нивна(додека да почне натпреварот), а само после 90 минути, гледаме штрајкови со глад на нивниот фан клуб, еднонеделно молчење и слични револуционерни методи(од типот на Муро), потоа честитање за освоената титула на овој фан клуб, разочараност од играчите, тренерот, но само после 3-4 дена, се знае: они имаат 31 титула во лигата, 9 во ЛШ, они го имаат Мурињо и се разбира, најважното и најзастрашувачкото од се: ќе видите од наредната сезона, има лом да ве направиме.
Ова горе(и за натпреварите и за случувањата по Ел Класико) е чисто субјективно мислење, ама некако убеден сум дека ќе биде токму така. Се ми е некако 'дежа ву' и се повторува секоја сезона.