Ликот гарант е во тешка депресија, по фаца му се познава дека е психички проблемот кај него.
Можеби сфатил дека направил погрешен избор шо го направи трансферот, во смисла не дека отиде во лош клуб или пак дека Атлетико е подобар клуб од Барса ама за него ќе беше подобар избор да останеше во клубот.
Алфа и омега беше во Атлетико, се крстеа навивачите во него, звезда, во Барса е обичен играч, како шо му рече таја неговата мисирката во документарецот " Во Атлетико си Бог, легенда, во Барса ќе бидиш само уште еден играч" така и ќе испадни на крај.
Сакам да го видам под Куман како ќе се снајди, ако изигра како прошлата сезона Барса треба да биди среќна ако му извлечи 50/60 милиони за негово заминување, ако не се лажам зема најголема плата после Меси, 25 милиони ? Лошо, ептен лошо.