- Член од
- 27 ноември 2008
- Мислења
- 5.541
- Поени од реакции
- 4.078
Ај вака, волонтираш во некоја компанија како практикант, после со полнолетство се вработуваш во истата компанија, напреднуваш во својата работа од ден на ден. На компанијата и носиш признанија во целиот свет, и носиш еден куп мултимилионски договори, на пазарот на труд си фактор број еден играч, компанијата енормно расте од ден на ден благодарение на тебе и доаѓа момент кога се менува управувачката структура, доаѓаат лица на раководните структури кои немаат никакви управувачки вештини и способности, немаат грам респект спрема најдобрите вработени, не ги множат со нула, доаѓа претседател на компанијата кој си тера матни бизниси, дел од вработените кои оставиле голема трага во компанијата (Чави Пујол ) веќе не сакаат да имаат ништо со нив иако овие на неколку пати се обидуваат да ги ангажираат, потоа го имаш еден од најголемите ментори во компанијата ( Пеп ) човек кои исто така оставил огромна трага и под негово водство компанијата бележи огромни резултати а сега исто меѓу редови вели дека не се гледа во Компанијата со моменталната управа, ти од друга страна сеуште го даваш најдоброто од себе за компанијата.Не знам зошто Барса ја поистоветуваш со Бартомеу. За жал ликот е претседател на Барса во моментов, но од март ќе го нема повеќе во клубот, факт. Никој не навива за него, навиваме за Барса и од таа страна гледаме како да се постигне најдоброто за клубот. Не знам што си изнапишал еден куп работи за него, знаеме се, еден од најголемите злосторници на Барса во историјата без дилема.
Меси ако остане ќе даде се од себе за Барса, за навивачите, барем тоа го очекуваме од него, нема да игра за Барто. Не му требаше ова што се случува, не преку факс да бега од клубот, не за нула, не му личи. Не го оштетува Бартомеу со тоа, не му оди контра него, туку на Барса, сакал ти да признаеш или не. Ние како навивачи чекаме да се обрати, да каже нешто, капитенски, не може да се однесува вака. Требаше да седне на маса, да се договори со клубот за заминувањето, да дејствува што поголема ќар да добие клубот којшто го сака. Без циркузи, без јавно барање за трансфер, во таа позиција Барса би добила 200+ милиони. А на гомнава од Сити моментално не би им го продал ни за 300, па нека се чешаат со Анелињо и Гарсија.
Иако компанијата ти е далеку од главните конкуренти на пазарот на труд, ти сепак успеваш со своите менаџерски способности да ја држиш на многу високо ниво притоа во тие години иако компанијата не е број 1 ти заради твојата стручност и посветеност зимаш уште неколку признанија за најдобар светски работник.
И покрај се тоа, компанијата која што моентално ја претставува претседателот ( Бартомеу) ангажира фирма преку лажни акаунти да сере за тебе и цела твоја фамилија, потплаќа новинари полтрони да шират лажни вести и да оддаваат инсајдерски информации од состаноците.
Освен тоа, капак на се ти доаѓа кога твојата компанија за која си ја дал и душата и срцето и нозете и сеуште ги даваш, служи како боксерска вреќа на пазарот на труд од компании помали од тебе ( Рома ) а потоа во наредните неколку години компании кои долго ги немало а сега се во раст те шлакаат како мало дете ( Ливерпул ) а ти и покрај тоа си ја тераш својата работа најдобро што знаеш, за да во една од твоите последни преостанати години кои можеш да ги истераш на ниво те праќаат во таков нок даун што компанијата во поновата нејзина историја не го доживеала, и тоа се благодарение на моменталниот претседател и неговите погрешни одлуки.
И кога едвај чекаш да си поднесе оставка претседателот после огромното доживеано фијаско он назначува нов ментор кој на прв состанок тебе што толку многу си дал за фирмата, ти вика дека твоите привилегии со неговото назначување завршуваат, дрско и без никаков респект.
Ти пука филм, викаш гонете се у пичку матер, не ви доаѓам веќе на работа, а претседателот место да ја смири топката повторно преку неговите полтрони сака тебе да те оцрни измислувајки работи како он е спремен да поднесе оставка само за ти да останеш во фирмата.
Епа не може така со најдобриот работник во историјата на фирмата.
Зашто еднаш Бартомеу не проба да го добие Меси, он да инсистира на разговор, иако не верувам дека овој ќе прифати такво нешто а и нема зашто да седнува на маса со гомнаров кои и сега пробува да го оцрни преку медиумите кои што ги држи.
Меси се што треба да направи е да излезе на прес, да им се заблагодари на навивачите и чао, апсолутно не е должен да кажува зашто вака одлучил и да ни полага сметки.