Нас во тимот ни фали баш овој дух и желба што ги има Атлетико,јас не памтам вака да се бореле нашиве поседните 2-3 сезони,веројатно тоа е главна причина за сите неуспеси,ептен се заситени дел од играчите треба малце свежа крв.
Тоа е тоа. Види ги само на Ел Класико, овие од Реал како беа напалени. Марсело му одзема топка на Меси и скока, оди слави со навивачите, ја крева додатно атмосферата и кај навивачите и кај соиграчите. Реал дава гол, Касемиро слави со клизачи на колена како да освоиле ЛШ.
Од друга страна нашиве веќе 3 сезони анемични, без душа, ни се радуваат, ни пак имаат волја и мотивација да трчаат и да гинат по теренот. Исклучок е лани во ЛШ, каде трчаа како луди се до тоа полуфинале против Ливерпул. Од тогаш наваму мислам дека пола екипа е во депресија и играат со психички пореметувања, посебно после секој примен гол како да им се враќаат сцените од натпреварите против Рома и Ливерпул...
Преку потребна е свежа крв во екипата.