Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Дибала прашање е дали Јувентус би го дале и за 200 милиони. Исто е и за Кутињо, клучни играчи се во тимовите. Да немаше Нејмар клаузула Барса не би го продала ни за 500 милиони. Само во Шпанија од јакиве лиги изгледа постои глупата откупна клаузула.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Заборавете на некое звучно име. Се додека управа што е сеа, раководи со Барса, ќе се дешаваат вакви работи. Поголеми шанси некој играч да и каже "не" или да биде одбиена. Ми се смачи и од Нејмаров, ништо нема да земе во ПСЖ, освен пари.
Трансфер за Нејмар пари + Верати, нема никад да се деси. До толку немаат кликер управава.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Дибала прашање е дали Јувентус би го дале и за 200 милиони. Исто е и за Кутињо, клучни играчи се во тимовите. Да немаше Нејмар клаузула Барса не би го продала ни за 500 милиони. Само во Шпанија од јакиве лиги изгледа постои глупата откупна клаузула.
А од кај знаеш дека уште кога го потпишаја договорот таткому на Нејмар не инсистираше да има толку мала клаузула?..не е тукутака таа клаузула ставена од 222 милиони евра,сигурно уште од порано си имаше цел таа граница.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
А од кај знаеш дека уште кога го потпишаја договорот таткому на Нејмар не инсистираше да има толку мала клаузула?..не е тукутака таа клаузула ставена од 222 милиони евра,сигурно уште од порано си имаше цел таа граница.
Можеби инсистирал татко му, можеби толку процениле способниве од управава дека никој не може да плати, небитно. Проблемот е зошто воопшто да има клаузула кога во Франција, Англија, Италија нема.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Проблемот е зошто воопшто да има клаузула кога во Франција, Англија, Италија нема.
In Spain, buy-out clauses are mandatorily inserted into every player’s contract, as given by the Real Decreto 1006/1985 of 26 June (For the Regulation of the Employment of Professional Sportspeople).

https://www.sportskeeda.com/football/buy-out-clauses-how-they-work-spanish-football
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Се претворивме во клуб кој што не може да ги донесе засилувањата што ги посакува, а почнавме и да ги продаваме играчите што ни се незаменлив дел од стартните 11. Тажно!
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Официјално..утрово се поздравил со сите во соблекувалната. Не сакал да биде сенка на Меси, и тоа официјално. Што се однесува до мене нека оди нека моча, Барса го направи играч. Прашањето е што ќе донесеме за замена?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.856
Поени од реакции
10.329
Официјално..утрово се поздравил со сите во соблекувалната. Не сакал да биде сенка на Меси, и тоа официјално. Што се однесува до мене нека оди нека моча, Барса го направи играч. Прашањето е што ќе донесеме за замена?
Кутињо 150 милиони, Паулињо 50 милиони, трета лига Бразил братучед на Лорд Даглас талент 20 милиони. Левото крило ни е една голема црна дупка сега со Арда како единствен што игра на таа позиција. Деулофеу игра десно колку што знам, Меси никогаш нема играно лево, Суарез си е центар. А требаше класа средњак едно време да бараме...

Јас Кутињо не го сакам. 1 во 10 натпревари му е класа, за 100+ милиони не фала. Башка ми стои нежен и често повреден. Дембеле може да биде подобра инвестиција од Нејмар, само ризик е со денешниве цени...ако промашиш отидоа 100 милиони. Незнам, тешка ситуација. За некоја недела почнуваат првенствата, наебавме.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Начинот на кој замина, од зад грб на клубот и играчите, со ќутење, класичен пичкарски потег.

120 за Дембеле, 100 за Ериксен(овај е невозможна мисија, ама вчера сам изрази желба да дојде, па можеби има некој промил шанса).
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353
100милиони единствено за Али би дал од Тотенхем ама со Леви поарно не фаќај работа за трансфери.. Ериксен со Кутињо тука негде се.. Не само што не вредат ни приближно 100мил туку и нема да ги дат за толку клубојте така да..


На Сери од Ница отклупната му е 35милиони мислам.. Тој би го зел.. Марсиал за 50-60 би требало да го дат не му е по ќеф на Мурињо.. Останатото за Дибала фрли ги мора да се задоволат навивачите
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.710
Поени од реакции
22.849
Сакал и опроштајна да игра на Гампер купот. Кој лицемер, гнида од човек
Сакам и јас.
Чисто да види како му беше на Фиго кога се врати на Кампот како играч на Реал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom