Одамна немам пишано низ фан клубов, ова televisa presenta со Нејмар е станато комедија, не ни сакам да ја коментирам, нека си ја чукне главата дали во следниве години сака да игра со Кавани и Рабиот или со Меси и Суарез.
Ама не знам шо ви е со Кутињо, па типчето е машина, тоа што во Ливерпул игра со Стариџ и Фирмињо е друга приказна, ама во Барса има да реди 15 асистенции во сезона ко од шала кога напред ги имаш Меси/Суарез/Нејмар (ако остане).
А Роберто/Гомес/Денис има време. Посебно за Серхи и Денис, и Иниеста беше труп недоделкан на почетокот, па бумот го доживеа некаде на 24-25 години, полека малку има време, деца се уште. Мене ме нервира шо факинг Деулофеу го вратија од позајмица, не го можам со себичењето, веќе ако некој таков сакаа да вратат назад за да грее клупа, боље Тељо да беше тоа, не овој шо не знае да подаде.
П.С. Не знам под каква среќна ѕвезда треба да си роден во животот, ама Мундо велат дека Бенфика е заинтересирана за Даглас...Нека го даваат, нека крши глава.