Фан Клуб: Барселона

Член од
21 јули 2014
Мислења
549
Поени од реакции
544
Играта е срање, не можат да победат еден ебан Билбао. Се однесуваат како препотентни идиоти предводени од неписмено муле.
Скоро секогаш после претходна успешна сезона се замислуваат дека го фатиле Господ за брада, а паралелно со тоа играта станува жива катастрофа.
Нек се ебат у гз јас таква препотентна Барса не сакам да гледам и мило ми е што нема да го овојат супер купот. Со ваква игра најверојатно и ќе освојат курац (иако е рано за прогнози, сезоната само што започна).
не сум неписмен !
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Со Арда Туран јас се надевам дека ќе добиеме на креативност , бидејќи Чави повеќе го нема , а ќе биде потребен да го заменува Иниеста . А за Погба не знам ни која позиција би му одговарала во овој систем .
Споредба јака. Чави со дивјако шо фрла копачки по судии. Ако чекате на него, добро е тоа за нас. :icon_lol:
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Не коментирам за изгубената титула,сакав нешто друго да пишам.Вчера коментаторов од СК кажа битен податок дека овој тим на Барса што излезе вчера е со просечна старост на играчите од 29,4 години o_O.Ептен е загрижувачки тоа што ни стареат ичгачите а ние не се засилуваме со млади играчи туку купуваме 28-29 годишни играчи(Суарез,Арда).Не дека не ги сакам играчиве,муабетот ми е дека раководството треба сериозно да го свати ова и да почнат да се носат млади играчи и тоа не само таленти туку проверени играчи пр.Погба,Верати,Кутињо(последниов ми е најголема желба:love: )
Мора да почне да се купува зошто за некоја година ќе треба да направиме тотална чистка во тимот а ќе се ослонуваме на антиталенти од школата кој немаат потенцијал за да бидат ни резерви во Барселона(Бартра,С.Роберто па и Мунир и Сандро не се ништо посебно иако Сандро ми е ок).
Значи иднината на Барса се Тер Штеген,Нејмар кој и тој има Бразилски менталитет и може за некоја година да забега,Рафиња е просек и најмладите Халилович,Д.Суарез и Сампер(како што тргнала работава со најмладиве играчи добро ќе биде барем еден од овие да задржат).Значи треба да се донесат едно 3-4 млади и добри играчи кој ќе имаат доволно квалитет да можат достојно да ги заменат Иниеста,Чави,Алвеш,Маскерано и сл.
Доста е пишување,мислам дека ми ја свативте поентата.Забегав од сабајле :eek:
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.534
Поени од реакции
7.646
Споредба јака. Чави со дивјако шо фрла копачки по судии. Ако чекате на него, добро е тоа за нас. :icon_lol:
Арда Туран го сметаш за чист копач? o_O

Комбинација ти е Арда , и да ве плеска и да ве дрибла . :D
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.567
Поени од реакции
13.898
Значи вака стојат работите ахам. ЛФП нема да дозволи Барселона да биде првак и оваа сезона тоа е очигледно. За вреѓање на судија се добива максимум жолт картон, а според овој критериум Пепе против Гетафе требаше да добие помеѓу 4-12 години затвор, исто и Пеналдо барем една година суспензија заради удирање со бокс противнички играч. Тоа е тоа, сезонава ќе сме сведоци на уште мноу вакви бизарни одлуки, само што штета што Барса нема некои луди навивачи да им покажат малце демократија на дело на судивчињата. Очекувам поради длабоки анални проблеми од претарано силување на противничките играчи Меси да добие 30 натпревари казна, а Браво поради избегнување на крвнички противнички старт да добие минимум 2 години суспензија бидејќи не останал во место да биде прекршен. Ако на ова не реагира остро управата нека се лечат пичка им лепа материна, ако имаат грам мозок бар ќе пуштат жалба иако не вреди за мадридските гомна.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Под итно мора десен бек да си земе Барса, и навистина не разбирам зошто на Дани Алвес му го продолжија договорот... Значи последниве две сезони е дрво невидено, еден добар центаршут нема, во дефанзива е патарушка, а и прави непромислени работи како да има 17 години.... Замена за Дани Алвес кој е ? Ако е само Даглас, колку што имав можност лани да го гледам еден или два натпревари дечкото сеуште незнае кај тера... Дали е повреден или не знам што е работата во моментов со него гледам последниве неколку натпревари го нема ни на клупа...
 
P

pepito*

Гостин
Како не разбирате зошто му го продолжиле договорот на Дани Алвес? Како? Кој ќе игра? Даглас? Поглупо прашање нема, налет тоа што минатата сезона беше предобар, во најдобра форма беше кога требаше најмногу.
За муабетот што ни е застарена екипата се сложувам. Меси, Луис Суарез, Ракитич, Арда, Бускетс, Пике, ќе играат како сега уште 4 сезони минимум, Иниеста, Матје, Дани Алвес, Вермален, Браво(овој можда повеќе), Маскерано мислам максимум уште две сезони, некои од овие ни една. После тука се Видал и Алба што мислам уште минимум 6 години ќе бидат страшни бекови, Рафиња се надевам дека ќе се развие правилно оти има многу потенцијал, во Бартра, Роберто немам надежи, а за Мунир и Сандро немам мислење се' уште. Мора малку да купуваме како Реал, тие во последниве години се изнакупија играчи кои на 23-4 години се веќе играчишта, со овие тимови моментално ние за неколку години ќе имаме стар тим и ќе мора да сменуваме од корен, а тие отприлика ќе го имаат истиот костур. Кај нас такви се само Тер Штеген и Нејмар (одлично е што најдобриот од генерацијата го зедовме ние). Следниот преоден рок наместо да го купуваме Нолито на 29 години треба да купиме некој помлад и подобар, да купиме еден од Погба, Верати и Кутињо, да го купиме најдобриот млад стопер - Маркињос, Лапорт. Ова е важно и за евентуално продавање, кој ќе го купи сега Матје за 20 милиони колку што го зедовме или Вермален, Адриано.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.104
Поени од реакции
3.923
Немора да ги продаваме за толку колку што сме ги купиле. Матје кој сака нека збори али лани си ги заслужи тие 20 мил. Да, да 20 милиони. Не како Реал шо дава по 35 за бекови и тоа замена. Си даде лани два најбитни голови у лигата, против Реал и Селта и освоивме титула. Годинава е тука добар за ротација за штопер и лев бек. Другата год. комотно може да иде у Лион или Рен за 7-8 милки.
А дека треба да се прави реконструкција, треба.
Ама треба да има и искуатво во тимот. Најдобри години за фудбалерите се од 26 до кај 30-31.. баш во тие години ни се најдобрите (Меси, Суарез, Раќитич, Пиќе, Бускетс, Арда, Видал, Алба, Браво...) кои можат да играат на врво ниво уште 3-4 год. па и повеќе, а ние за тоа време ќе купиме 15 фудбалери. Плус тука се Нејмар, кој го гледам како иден предводник на тимот после Меси, Тер Штерген, Рафиња.. и најмладите Сампер, Халилович, Денис Суарез..
Искрено од Мунир и Сандро не очекувам ништо, освен ако може да им земеме по 10-15 мил. за некоја година.
Следното лето треба да се тргне по квалитетен млад средњак (Погба, Верати, Кутињо.. сите ми се желба), десен бек, лев, штопер и напаѓач потенцијален.. а тимот треба да го напуштат Дани Алвеш, Даглас, Матје, Адриано, С.Роберто, Маскерано.. и да им се даде шанса на Д.Суарез, Халилович и Сампер..
Каков само тим ќе имаме, спој на искуство и млади таленти кои сакаат да се докажат.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.534
Поени од реакции
7.646
Не коментирам за изгубената титула,сакав нешто друго да пишам.Вчера коментаторов од СК кажа битен податок дека овој тим на Барса што излезе вчера е со просечна старост на играчите од 29,4 години o_O.Ептен е загрижувачки тоа што ни стареат ичгачите а ние не се засилуваме со млади играчи туку купуваме 28-29 годишни играчи(Суарез,Арда).
Па ако ја гледаш средината тогаш Бускец 27 , Ракитиќ 27 , Иниеста 31 и Арда 28.
Во одбрана Пике 28 , Бартра 24 , Вермален 29 и Маскерано 31 , но десен бек е донесен Видал 25 а Алба е 26год.

Тер Штеген(23)
Видал(25)
-Пике(28)-Маскерано(31)-Алба(26)
Ракитиќ(27)-Бускец(27)-Иниеста(31)
Суарез(28)-Меси(28)-Нејмар(23)


Браво(32)
Алвес(32)-Бартра(24)-Вермален(29)-Матје(31)
Рафиња(22)- Сампер(20)-Серхи Роберто(23)
Мунир(19)-Х-Сандро(20)
Голманската позиција е добро покриена Браво , а потоа Тер Штеген стандарден .
На десната бековска позиција Видал ќе биде прв избор а втор Алвес , ќе почекаат Монтоја како ќе се покаже во Интер па да решат дали ќе го вратат или продадат(се надевам ќе го продадат на некоја друга екипа) а мора да се земе квалитетна замена .
Лева бековска позиција е Алба , замена засега Матје додека не созрее Грималдо .
Во средината наскоро мора да се најде директна замена на Иниеста во прв состав . Серхи Роберто нека фаќа патот во друга екипа а Рафиња нека се задржи . Желба ми е Верати да дојде а може и Погба , ама лично не го сакам Погба , не одговара во овој систем.
Нападот наредните неколку сезони е обезбеден со Суарез , Меси и Нејмар. Замени Мунир и Сандро се задоволителни , но мора уште некој напаѓач но не од типот на Нолито итн. Не сум задоволен што ги дадоа Адама и El Ouariachi .

 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Ќе ја истераме сезонава со овие. Наредно лето, се надевам ќе купат асални играчи.
До јануари незнам што ќе биде, пред да почнат да играат Арда и овој другиов го заборавив. до тогаш, се надевам нема да бидеме последно место со играва.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
Не знам дали сте пишале и дали прочитавте Барса наголемо тргнува во ангажирање на Верати.. Прашање е само кога ќе тргнат дали летово или во Јануари...Почетна понуда би била 50 милиони, а Браида бил длабоко навлезен во преговори
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Не знам дали сте пишале и дали прочитавте Барса наголемо тргнува во ангажирање на Верати.. Прашање е само кога ќе тргнат дали летово или во Јануари...Почетна понуда би била 50 милиони, а Браида бил длабоко навлезен во преговори
Каде го прочита ова бе? Нели Погба се спремаше да дојде, шо сеа па Верати.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.791
Поени од реакции
18.422
Не знам дали сте пишале и дали прочитавте Барса наголемо тргнува во ангажирање на Верати.. Прашање е само кога ќе тргнат дали летово или во Јануари...Почетна понуда би била 50 милиони, а Браида бил длабоко навлезен во преговори
Браида може навлегол у преговори со агентот негов Ди Кампли, али ништо со Ал Келаифи. Флорентино две лета по ред оди кај него да го моли, овој неќе да чуе



ова е од пред месец дена. Иако гледам дека Верати у изјавите флертува со Барселона, па можно е се да се деси, иако си кажа дека е среќен у Париз и дур клубот го сака, сака и тој да остане. Али ако реши да го шитне верувам дека до кај 100 милиона ќе отиде.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.534
Поени од реакции
7.646
Проценет е на 35 милиони евра , но поради продолжениот договор до 2019 , цената може да иде до 50-60 милиони евра.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
na ova rakovodstvoto ke mu tekne godinava da kupe igrac od odbrana
pa i sega pike ako go jade 12 natprevari ubavo ke bide, veselo
 

Kajgana Shop

На врв Bottom