Немора да ги продаваме за толку колку што сме ги купиле. Матје кој сака нека збори али лани си ги заслужи тие 20 мил. Да, да 20 милиони. Не како Реал шо дава по 35 за бекови и тоа замена. Си даде лани два најбитни голови у лигата, против Реал и Селта и освоивме титула. Годинава е тука добар за ротација за штопер и лев бек. Другата год. комотно може да иде у Лион или Рен за 7-8 милки.
А дека треба да се прави реконструкција, треба.
Ама треба да има и искуатво во тимот. Најдобри години за фудбалерите се од 26 до кај 30-31.. баш во тие години ни се најдобрите (Меси, Суарез, Раќитич, Пиќе, Бускетс, Арда, Видал, Алба, Браво...) кои можат да играат на врво ниво уште 3-4 год. па и повеќе, а ние за тоа време ќе купиме 15 фудбалери. Плус тука се Нејмар, кој го гледам како иден предводник на тимот после Меси, Тер Штерген, Рафиња.. и најмладите Сампер, Халилович, Денис Суарез..
Искрено од Мунир и Сандро не очекувам ништо, освен ако може да им земеме по 10-15 мил. за некоја година.
Следното лето треба да се тргне по квалитетен млад средњак (Погба, Верати, Кутињо.. сите ми се желба), десен бек, лев, штопер и напаѓач потенцијален.. а тимот треба да го напуштат Дани Алвеш, Даглас, Матје, Адриано, С.Роберто, Маскерано.. и да им се даде шанса на Д.Суарез, Халилович и Сампер..
Каков само тим ќе имаме, спој на искуство и млади таленти кои сакаат да се докажат.