Фан Клуб: Барселона

Член од
24 август 2008
Мислења
238
Поени од реакции
133
Сите ќе свршувате на следните мечови ама ај да се јадело нешто за куп кој се сфаќа озбилно само против реал


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
P

pepito*

Гостин
Очекував да се изглупираме во некое натпреварување и да не ги освоиме сите 6 и ете. Лучо што направи ротирање, играчиве немаа играно сигурно ни на тренинг во ваков состав. Доволно ќе беше да ротира еден стопер, еден во средина и еден во напад. Тој смени ТРОЈЦА во одбрана од минатата утакмица, ТРОЈЦА во средина и еден во напад. Поразот - i saw it coming, ама на ваков дебакл ни најхардкор навивачите на Реал не се надеваа. Не ми е толку битна утакмицава искрено, не изгубивме три бода во Ла лига и не отпаднавме од некое натпреварување кое ќе го играме цела сезона, сепак ремет голем ќе јадеме. Пресврт не очекувајте, во три дена нема време ни салам да се наспијат.[DOUBLEPOST=1439624115][/DOUBLEPOST]Адриано и да си замине немам ништо против, на ниво на аматер е моментално. Грималдо од Барса Б сигурно ќе се покажи подобро ако го промовираат. Бартра цела претсезона правеше грешки за гол, во официјалните утакмици само си продолжи со мизеријата, како излетуваше напред без врска жал ми беше да го гледам, не бил послаб никогаш од моментално. Вермален беше единствен од четворицата назад што не беше мизерен, тој беше само лош. Се виде само повторно колку сме слаби без Пике назад. Роберто освен за влегување во 75 минута да го замени Иниеста или Ракитич кога ќе водиме 5/6-0 со некоја екипа не знам дали служи за нешто. Во Рафиња имам доверба и простено му е од мене за играта вчера, ќе биде топ играч од овој сигурно. Педро мене не ми е јасно зошто го молиме да остани, јасно е дека ако сака минути треба да си бара друг тим, едноставно МСН се класи над него. Рафиња, Сандро и Мунир ќе ја одиграат неговата ланска улога, воопшто не се плашам, Арда и Видал исто можат да играат таму од јануари. Мило ми е само што за една недела играме повторно на Сан Мамес, со Нејмар и со Алба во тимот. Се надевам ќе направиме тогаш да се заборави ова.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
29 април 2015
Мислења
4.206
Поени од реакции
4.061
Криво ми е само шо нема да има 6ка, иначе баш ми е мило шо два натпревари по ред примаме по 4 гола.. нека им дојде малку паметот и нека си ја чукнат главата. Мора различен пристап во лигата и ЛШ натаму.
И да, С.Роберто, па и Бартра не се Барса матријал.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920
Веруваме во ремунтада, тоа и сите играчи го рекоа. 90 минути на Камп Ноу со прва постава и со максимална мотивација нема тим што не би паднал, не пак билбао.
Visca el Barsa! Tots units fem forca!!! :D
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Веруваме во ремунтада, тоа и сите играчи го рекоа. 90 минути на Камп Ноу со прва постава и со максимална мотивација нема тим што не би паднал, не пак билбао.
Visca el Barsa! Tots units fem forca!!! :D
Да ама ај да беше 3-0 ќе разберев Ремунтада.. ама 4-0... Не знам шта речи :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.622
Поени од реакции
31.828
Тесно че победи ако победи Барса на Камп Ноу, нешто како со еден до максимум два гола разлика. Плус и гол имам чувство дека ќе си примат ко шо се ранливи во последно.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Со ваква игра (без разлика дали играле со прв или втор тим) би го окркале и дома иако мислам дека ќе победиме, само не сум сигурен дали ќе се приближат до четворката без да примат гол. Со ваква мизерна одбрана тешко дека ќе издржат. Добро би им дошло убаво трескање од земја (ова вчера мислам малку им е) за да си ја почнат сериозно работата кога ќе почне првенството.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.256
Поени од реакции
37.908
Реваншот ќе го играт на јуриш до некаде 60та минута. Ако до тогаш има барем 2-0 , ќе продолжат да гризат , ако не мислам дека ќе ја оставаат и ќе се штедат. А на Сан мамето другата недела мислам дека ќе гледаме тотално друг фудбал од тоа сношти.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
993
Поени од реакции
944
Ма каква ремунтада..не верувам и многу е нереално..Енрике ја усра работата, а и екипата не е на ниво подготвена..Интересен податок видов.. во двата натпревари со Севиља и овој со Билбао, вкупно имало 10 удари кон нашиот гол. Од нив сме примиле 8 голови...Овој податок е поразителен, мислам дека требаше да го дадат Бартра, а да земат некој подобар штопер..Сега ја гледам причината зошто Браво бил опција пред Тер во Ла Лига..И средината не вреди да се коментира..Ова треба да биде како поука за понатамошниот тек од сезоната..Кога ќе дојде Арда ќе добиеме цврстина сигурен сум, но креативноста си замина денот кога Чави замина..Сите ривали оваа година се многу силни и ќе биде ѓаволски тешко да се остане на шампионските патеки на сите фронтови..Сепак со триото напред оптимист сум..Тие ја прават разликата..
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Не туку јадете трици, од овие осум гола, Тер е крив само за првиот на Билбао, кој реално, онаков шут еднаш во кариера може да извади играч како Сан Хосе.
Не се уште стабилни во одбрана, за вторава уткамица не ни кометнирам, таа одбрана никад повеќе нема да заигра заедно, на првата премногу се опуштија, Иниеста излезе од игра, мислеа се е завршено. Ама Тер апсолутно за ништо не е крив.
Инаку fun facts на денот. Последен пат на две утакмици по ред, Барса да прими 8 гола, се случило во 2001ва година, а последен човек што постигнал хет-трик бил Форлан.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.572
Поени од реакции
13.920
Не туку јадете трици, од овие осум гола, Тер е крив само за првиот на Билбао, кој реално, онаков шут еднаш во кариера може да извади играч како Сан Хосе.
Не се уште стабилни во одбрана, за вторава уткамица не ни кометнирам, таа одбрана никад повеќе нема да заигра заедно, на првата премногу се опуштија, Иниеста излезе од игра, мислеа се е завршено. Ама Тер апсолутно за ништо не е крив.
Инаку fun facts на денот. Последен пат на две утакмици по ред, Барса да прими 8 гола, се случило во 2001ва година, а последен човек што постигнал хет-трик бил Форлан.
Имаше и едно исфрлување право во нозете на играчите на Билбао, тоа можеше многу лесно да биде гол. А и не е само тоа, често прави киксови и сега и во Менхегладба и за репрезентација и многу ме нервира шо пробува да го копира Ноер. Ако продолжи вака ќе се зацементира на клупа, а најверојатно и ќе лета од клубов, премногу слобода си има земено, мочко еден тој ќе излегува на 20 метри да исфрла со гла, нека оди во некој нисколигаш и нека се понаша така, а не овде.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Ај доста коментирате глупости, Барса има поставено такви стандарди што и еден ваков пораз одма промена на тим ќе побарате. Се сложувам со Ајсбој дека на душа на Тер оди само голот на Сан Хозе, не е он ништо крив што Дани и Бартра беа на ниво на Дино Најдоски и Брдаровски за останатите. Ова може да му служи на памет друг пат да не излетува надвор од шеснаесетник и да изиграва Ноер кога комотно можеше да ја дочека у раце при наредниот пад. Друга работа точно дека средината беше најлоша у свет, како што кажав и у еден коментар погоре Серхи не би го пуштил ни во Царев Двор да игра, камо ли прва постава за Барса во финале од супер куп. Тоа момче треба потхитно да лета во пакет со Бартра, му помина и нему времето за докажување. Освен овие двајца, не гледам дека треба друга промена у тимов, башка време е да им се даде шанса на младинците. Гревота е Серхи да му ја зима минутажата на Сампер.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.329
Поени од реакции
65.323
Имаше и едно исфрлување право во нозете на играчите на Билбао, тоа можеше многу лесно да биде гол. А и не е само тоа, често прави киксови и сега и во Менхегладба и за репрезентација и многу ме нервира шо пробува да го копира Ноер. Ако продолжи вака ќе се зацементира на клупа, а најверојатно и ќе лета од клубов, премногу слобода си има земено, мочко еден тој ќе излегува на 20 метри да исфрла со гла, нека оди во некој нисколигаш и нека се понаша така, а не овде.
И Ноер истово го има направено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom