Очекував да се изглупираме во некое натпреварување и да не ги освоиме сите 6 и ете. Лучо што направи ротирање, играчиве немаа играно сигурно ни на тренинг во ваков состав. Доволно ќе беше да ротира еден стопер, еден во средина и еден во напад. Тој смени ТРОЈЦА во одбрана од минатата утакмица, ТРОЈЦА во средина и еден во напад. Поразот - i saw it coming, ама на ваков дебакл ни најхардкор навивачите на Реал не се надеваа. Не ми е толку битна утакмицава искрено, не изгубивме три бода во Ла лига и не отпаднавме од некое натпреварување кое ќе го играме цела сезона, сепак ремет голем ќе јадеме. Пресврт не очекувајте, во три дена нема време ни салам да се наспијат.[DOUBLEPOST=1439624115][/DOUBLEPOST]Адриано и да си замине немам ништо против, на ниво на аматер е моментално. Грималдо од Барса Б сигурно ќе се покажи подобро ако го промовираат. Бартра цела претсезона правеше грешки за гол, во официјалните утакмици само си продолжи со мизеријата, како излетуваше напред без врска жал ми беше да го гледам, не бил послаб никогаш од моментално. Вермален беше единствен од четворицата назад што не беше мизерен, тој беше само лош. Се виде само повторно колку сме слаби без Пике назад. Роберто освен за влегување во 75 минута да го замени Иниеста или Ракитич кога ќе водиме 5/6-0 со некоја екипа не знам дали служи за нешто. Во Рафиња имам доверба и простено му е од мене за играта вчера, ќе биде топ играч од овој сигурно. Педро мене не ми е јасно зошто го молиме да остани, јасно е дека ако сака минути треба да си бара друг тим, едноставно МСН се класи над него. Рафиња, Сандро и Мунир ќе ја одиграат неговата ланска улога, воопшто не се плашам, Арда и Видал исто можат да играат таму од јануари. Мило ми е само што за една недела играме повторно на Сан Мамес, со Нејмар и со Алба во тимот. Се надевам ќе направиме тогаш да се заборави ова.