Фан Клуб: Барселона

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
Повели
Честито нова Петарда :).

Може да не казнат затоа што почнавме да пукаме петарди пред нова година :) :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Еспањол ти се едни анти-каталонски настроени ѓубриња кои ќе дадат се само Барса да не ја земе титулата. Ако треба и ќе отпаднат, ама ќе му ја поклонат на мадрид.
Сетете се, пред 3 сезони, во 2006-07, во последното коло изигравме нерешено со нив и реал станаа шампиони, со исто бодови колку нас. Да ги победевме ѓубрињата еспањол во последното коло, ќе бевме шампиони со 2 бода пред р. мадрид. :nesum:

Не се анти - каталонски тим, него се анти - Барселона тим :) И они се во Каталонија така да нема логика да се анти каталонски :)

Не беше последно коло таа сезона, него на 2 - 3 кола до крај, ама беше клучен кикс во борбата за титулата. Во последно коло Барса во гости победи некој до тие слабите тимови со 6 - 0 или слично, ама заврши позади Реал заради полош меѓусебен дуел, а со исти бодови (нерешено и пораз, ако добро памтам).

Како и да е, се сложувам за Еспањол дека се гнасен тим, колку и да се лоши во сезоната против Барса даваат 110% и освен една победа од 0 - 3 во времето на Роналдињо, не памтам друга лесна победа со нив последниве сезони. Една победа во 97 минута, лани дома 1 - 0 со непостоечки пенал, на гости нерешено, пред тоа пораз на Камп Ноу од 1 - 2 итн.

Сезонава имаат 7 од 7 дома, ама мислам дека им е време да се прекине таа серија :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Само да играат вака играчите на Барса па нека даваат и по 200% тие од Еспањол џабе ќе им биде.

Се зависи од тоа како ќе бидат подготвени психолошки нашите.Но мислам дека овојпат рутински ќе ги земеме 3-те бода!
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Метла дечки, екипите кои треба да гостуваат на ноу камп, треба да подразмислат за недоаѓање на ноу камп, ем само со 3:0 ке изгубат, ем ке заштедат пари :) (посебно ако името им почнува на Реал)
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Ваков тим се појавува еднаш во 20-30 години!!! Волшебство, магија, играат фудбал дечките без тактика, без резерва, секој од нив ко да игра за мерак. Секоја чест!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Супер натпревар.Ми изгледаше дека вечерва Меси не дава 100% од можностите.

Иначе и овој Реал=со тој Реалот од Мадрид :)
:nenene::nenene::nenene::nenene:
Напаѓачите на овој Рерал барем му ја видоа од поблиску фацата на Валдес :)

Нека е честито победава дечки, следува Еспањол. Незнам отсекогаш сум бил скептичен во врска со нив, едноставно луѓето играат како да се на стероиди против нас. Трчаат, дриблаат, пуцаат, погодуваат.
Ние играме во една посебна форма за која зборовите се одвишок, ама прогнози за натпреваров не давам. Ќе си дочекам сабота/недела и после мечот ќе видиме дали ќе славиме есенска титула или не.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Не се анти - каталонски тим, него се анти - Барселона тим :) И они се во Каталонија така да нема логика да се анти каталонски :)

Не беше последно коло таа сезона, него на 2 - 3 кола до крај, ама беше клучен кикс во борбата за титулата. Во последно коло Барса во гости победи некој до тие слабите тимови со 6 - 0 или слично, ама заврши позади Реал заради полош меѓусебен дуел, а со исти бодови (нерешено и пораз, ако добро памтам).

Како и да е, се сложувам за Еспањол дека се гнасен тим, колку и да се лоши во сезоната против Барса даваат 110% и освен една победа од 0 - 3 во времето на Роналдињо, не памтам друга лесна победа со нив последниве сезони. Една победа во 97 минута, лани дома 1 - 0 со непостоечки пенал, на гости нерешено, пред тоа пораз на Камп Ноу од 1 - 2 итн.

Сезонава имаат 7 од 7 дома, ама мислам дека им е време да се прекине таа серија :)
Нека ни е честито победа,а за тогаш со Еспањол ми текнува Реал примија гол и Барса поведоа 2-1 со Еспањол,па Реал дадоа и Барса прими.Беше предпоследно коло,и на крајот ние игравме со Гимнастик Тарагона и тепавме 0-6,а Реал последното коло го тепаа 3-1 со пресврт и ја изгунивме титулата заради подобар скор на Реал во меѓусебните дуели.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.192
Поени од реакции
1.080
Честито нека е новата петарда пред нова година...
Нема потреба од паничење пред натпреварот со Еспањол... И тие ќе си го добјиат... Ако ја играме нашата игра, ако сакаат нека лазат по терен...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Нема што да се зобри за натпреваров... Може само рекордите да се стават.

- Меси со овие два гола има 71 гол во 71 натпревар во 2010 година. :icon_eek:
- Меси има 42 гола во 2010 во ла лига. Рекорд во 21 век, (Роналдо 2003 имал 32)
- Со овие 3 поени, Барселона има 100 освоени бода во 2010 година. Најмногу во историјата на ла лига.
- 938 успешни пасови на натпреваров. Најмногу од кога почнале да се бројат пасовите во 2006.
- Најдобриот старт на некоја екипа во историјата на ла лига после 15 натпревари.
+ Кркич даде гол. :vozbud:
Плус Валдес си го подобри сопствениот рекорд и сега цели 604 минути нема примено гол.
Имаме 21 натпревар без пораз од кои дури 18 победи.
Имаме 9 победи по ред во Ла лига со гол разлика 36-3.
:tv:

ФАНТАЗИЈА !
Се е кажано со овие два поста. Нека стојат овие два поста на крај и може комотно да се затвори темава, оти нема шо друго да се каже после ова :)
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
да се здрави и живи дуото Иниеста-Чави,поддржани од Меси вака ќе се продолжи не знам до кога :vozbud:
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Честитки за победата, се чуствува пред новогодишна атмосфера рокат петарди.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.538
Поени од реакции
22.395
Не се анти - каталонски тим, него се анти - Барселона тим :) И они се во Каталонија така да нема логика да се анти каталонски :)
Еспањол, во превод шпански или шпанско. Тоа е клуб на про-шпанско ориентираните во Каталонија. Нивните фанови за разлика од нас, не сакаат независност на Каталонија, тие не се поздравуваат со VISCA CATALUNYA. Тие се заљубени во Шпанија и најголеми ривали не им се некои екипи од мадрид или од било кој друг шпански град, туку најголем ривал сме им ние, Барселона!
Гнасите се со максимален скор дома, од стадионот Корнела Ел Прат направија нивен бастион кој досега никој не го освои сезонава. Од 7 натпревари имаат скор од 7-0-0 и имаат гол разлика 12-2.:icon_eek: Редно е вистинските Каталонци да им покажат кој владее во Каталонија, а кој е вишок.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
^ Ако де... и Мајорка лани немаше изгубено цела сезона на нивни терен па ги победивме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom