Натпреварот го пропуштив, кажете ми само Штеген како се покажа
Со нога беше добар, две нафрлени топки ги фати, една се сопна со Пике, единствениот шут кон голот го прими тоа, се на се му требаат повеќе минути во лигата за да си фати ритам. Мислам дека после Ел Класико, Енрике ќе му даде шанса и на Тер Штеген во лигашките натпревари, секако под претпоставката дека ќе прими гол Браво на Ел Класико.
Иначе Пике денеска ужасен, со оглед на тоа дека и не напаѓаа многу Ајакс. Не знаеше што со топката кога беше под притисок, доцнеше на стартови. Мислам дека си го зацементира местото на клупата за Ел Класико.
Суарез нека го пушти од почеток, Меси често играше десно денеска а Педро во средина, значи си подготвуваат терен за Суарез.