Тоа што ќе игра Иско ме загрижува, имаат плус еден играч кој што помага многу во одбрана, а и во одлична форма е моментално. На сметка на Бејл кој можеше повеќе да ни користи оти е мрза цела сезона и формата му е далеку од врвна, штета што се повреди сигурно ќе играше. На претходните утакмици со Мадрид поради неговото неангажирање во одбрана имавме некој гол и многу шанси.
Со Иско во средина ваљда нема да биде лошо и ние да пикниме 4ца средњаци, за да имаме поголеми шанси да ги издоминираме таму. Под ова подразбирам Иниеста формациски крило и Ракитич, Чави и Бускетс во средина. Од друга страна пак мислам дека Марсело ќе им игра лев бек наместо Коентрао што е голема предност, Марсело е многу послаб од Коентрао во дефанзива.
Назад мислам најдобро е да се игра со Матје лев бек, стопери Пике и Маскерано, а десен бек Дани. Маскерано иако е малку само повисок од Алба многу е подобар при прекини кога треба да игра на човек, плус тука ќе бидат Ракитич, Бускетс, Матје, Пике. Не сакам да примиме гол од прекин. Од друга страна па можда е подобро со помалку играчи во среден ред заради нивната релативно послаба игра во дефанзивниот дел од средината, после заминувањето на Чаби и Ди Марија во тој дел се послаби. Луис Енрике си знае (се надевам), Реал во одлична форма како и пред секое Ел Класико, да ги победиме на Бернабе ќе биде тешко, но далеку од невозможно. Еуфорија ме фаќа уште од сега.
Иначе, Лучо ја стави сликава на официјалниот твитер и пиша дека се возбудени и дека го подготвуваат Ел Класико, мило ми е што со олку љубов и елан си ја работи работата. Тоа се пренесува и на играчите и може да донеси само позитивни работи.