очекував дека ќе има реакции, ама не до волку.
немав и некое лошо мислење за милан, мислам дека легитимно си се бранеа првата, реваншот не изиграа толку лошо (исклучиво во споредба со други екипи како поминале) и мислам дека тоа беше нивниот максимум.
добро, најубаво се гледа во вакви моменти кој е плачко кој не знае да поднесе пораз, повеќе од заслужен. ако барселона не заслужи да помине , што заслужи милан??
ко ќе ми текне само на полуфиналето со интер, првата утакмица каква лакрдија беше, кражба, повреда на материјалните правила - гол од офсајд. реваншот го играа со формација милито дупли штопер, ето екстра десен бек. коа свирна крај судијата не знаеа како да се радуваат, праша некој дали заслужено поминале, а подоцна и шампиони?
абе како имаат образ мене ме чуди да зборат кој заслужил и кој не!
5 шута во 180 минути, наспроти 40 на барселона, тоа не е фактор?
судиите па судиите. сите овде се сложивме дека вториот пенал можеше и да не се свирне, ама единствениот аргумент е тој - обично не се свирел!? ма немој, ајде да видиме да го седнат на маса оние од уефа главниот судија, да речат чекај да видиме каде згрешил, што досудил а не постоело, каде се повредени правилата? - ќе видат чиста ситуација. прекршок во шеснаесетник, прекршок со умисла држење за дрес. не се ни збори дали имало или немало држење. тоа не се судело баш...! ...ете така си ги толкуваат правилата оние кои губат. особено оние кои по сите параметри заслужија да изгубат, по сите можни параметри!
во исто време да го седнат тој што судеше во милано, да видиме дали тој направил повреда на правилата. кој ќе биде казнет?
прашање од милион долари: кој судија направи грешка, повреда на правилата, овој вчера или оној од милано?
па уште ко ќе прочитам критики од т.н. неутрални навивачи, ауу ма немој молимте! неутрален навивач (он демек општ љубител на фудбал, за никого не навива) и делат мудрости како ова немало смисла...вечерта им се расипала...бла..бла... само секој што се декларира како неутрален во двобојот барса-милан, нека каже за кого навива.
второ прашање од милион долари: интер, реал, челзи, арсенал?
што да не навива за динамо киев или розенборг?!
читам биле горди (миланисти) они не сакале на ваков начин да победат... абе до кога со такви патетики, до кога?!? пораснете еднаш да му се сневиди. соочете се со реалноста, понудете дискусија на ниво.
ибрахимович сега го разбирал (комплексот на) мурињо кога играл на ноу камп. очигиледно дека не го разбрал, бидејќи јас не видов он некому да збрца со прст во око на крај од утакмицата. што значи - not there yet!
уште неколку трауми како оваа од вчера, е тек тогаш ќе го разбере мурињо. до тогаш лаже
челзи или бенфика.. сееедно. целта е "ушкото" така кој сака нека дојде..