Може ќе ме наречете луд ама јас сум сеуште оптимист, надеж ми влева изјавата на Меси "We need to continue in the Liga. There are still too many points left to surrender, the second round had just begun
и текстот на Филе
БАРСА СЕ ОДДАЛЕЧУВА ОД ШАМПИОНАТОТ, РЕАЛ СО УШТЕ 5 „МЕЧ ТОПКИ„ ?
by
Igor Filevski on Sunday, 29 January 2012 at 00:16
Премногу експериментирање не е на арно. Промените и ротациите во веќе подолго време „стандардизираната„ 3-4-3 на Пеп со само тројца назад, посебно наспроти 4-4-2 на Виљареал и тие како него, мораше да доживее промена, барем сега кога „болница„ завладеа во клубот.
Без Виља, Иниеста, со заморен Чави, Меси под притисок како „задолжителен спасител„ и пополнување на празнините со Тељо и Тјаго, повеќе од сигурно беше дека ќе дојде до нов кикс.
Кикс, со тоа што сега е веќе 7 бодови предност на Реал.
Предност која тешко се стигнува ако се знае дека отсега Барселона ќе е во многу потешка ситуација отколку Реал.
И да се победи во април, ќе останат уште -4.
Каде тие ќе бидат проблем на Реал?
Барселона веќе со останување во Копа дел Реи има два дополнително тешки натпревари веќе во наредните 10 дена и тоа со Валенсија. И уште еднаш пак со Валенсија во Ла Лига на 19 февруари.
А измеѓу Лига на Шампиони. Додека Барселона ќе игра Реал ќе си одмара.
Многу тешко да се намалува предноста. Посебно ако се знае дека сите овие екипи кои мака мачат да се спасат од испаѓање, кога играат против Реал сериозноста ја сфаќаат многу полежерно, а кога играат против Барселона играат против европскиот и светски шампион и императивот „победа„ е на врвно ниво , до последна капка адреналин.
Пеп тешко дека вака ќе успее, но добро е што тоа се случува сега, во второто коло од пролетниот дел.
Има време за исправка.
Има време да се согледа проблемот на „болницата„ во клубот.
Ако до април остане истата предност, тогаш може со скоро сигурност веќе да се насети промената на шампионот во Ла Лига.
Но реков, до април, до месецот каде Реал има пет можности за кикс и тоа тогаш кога најмалку се очекува.
Леванте, Рајо, Бетис, Малага и Валенсија.
Ако ги победи Моу и нив, само „фрустрацијата„ ќе остане во април, но титулата ќе може да ја замени.
Наместо Копа дел Реи, повторно само една титула и годинава, но од Ла лига.
Времето е пред нас да покаже дали грешам со претпоставката
Факт е дека Реаел една ќе киксне и една ќе изигра Х верувам во тоа. За мене ништо не е готово.
Visca el barca !!