Слаб натпревар, иако со оглед на тоа што имаме краток список на играчи.
Не знам што му беше на Пике, де леташе, де се лизгаше...слаб натпревар за него. Меси имаше слаб натпревар, неуспешни додавања, по некој неуспешен дриблинг, ама на него му се може еден слаб натпревар, иако му треба одмор ама немаме играчи за да составиме 11-мина а камо да го одмориме Меси. А мора да проработи малце на пеналите, посигурен ми е Пинто да шутира пенали отколку Меси.
Не знам бе зошто Tello не го стави порано, многу е брз и може да направи многу проблеми за противничката одбрана. Куенка имаше солиден натпревар, исто така и Фабрегас беше солиден по двата слаби натпревари во серија, против Реал и Виљареал.
Сега мора да се концентрираат на Ла Лига, имаме натпревар против Реал Сосиедад. Иако се игра на Камп Ноу сепак знаат да направат проблеми баскијците, а ако се знае дека не ни се дозволува веќе кикс мораме да стигнеме до 3-те бода.
Јас би сакал една голема победа за да се отргне малце притисокот.