Боби[Мкд];3420623 напиша:
На Робен би му било тешко да се носи на левата позиција, негова природна позиција е десно крило при што може да влегува во средина и да шутира, ако вгодина ќе го однесеме на лево ќе го уништиме. Ако Рибери си оди, со тие пари земаме или еден играч од самиот врв, светска класа играч. Може ќе ни изненадат од управата. Или земаме двајца играчи со тие пари по 20-22 милиони евра. Искрено Прањич, Лел, Алтинтоп, Брафхајд не ги посакувам за идната година а фактот дека и Тимо ќе остане ни кажува на тоа дека нема да земеме DM во летниов период. Тоа е 100% сигурно. Според мене најдобро е вгодина да се вратиме на 4-4-2 или може и 4-3-3 ако не купиме друг напаѓач.
------------Бут/Нојер---------------
---Лам---Бадштубер---*---Контенто
---Бомел------Крос--------Швајни--
---Робен------Гомез-------Рибери*?--
*екстра централен дефанзивец, најпотребен моментално
*?под знак прашалник, најверојатно замени: Озил, Красиќ, Гуркуф etc...
Освен тоа мора да се прошири и клупата, Милер би бил прва замена за Робен и Рибери*?, со што би добил многу натпревари за играње. Со најверојатното заминување на Алтинтоп и Прањиќ треба да се земе уште еден играч кој може да ги покрива скоро сите офанзивни позиции во средината, искрено желба ми е Марко Марин.
Централен е од најголем приоритет.Нас ни треба централен од светска класа.Ван Бајтен од догодина ќе е 33 години,и тешко дека ќе може да ги издржи натпреварите константно.
Демикелис е дрво.
Остануваме само на Бадштубер,што е трагично.
По мое мислење треба еден светска класа центрлаен,и по можност еден кој ќе има голем потенцијал како Бонучи на пример,или пак да се врати Брено,но незнам колку дечкото има да понуди.
Во секој случај НЕ СМЕЕМЕ да останеме само со Бадштубер како стандарден централен дефанзивец.
Околу ДМ позицијата.И тука по мое мислење е клучно да се засилиме со светска класа играч.Дај не тропајте глупости со играчи ко Марин или незнам кој таму.Која ви е таа логика дека нападот е проблем????
Па ние ради таа дефанзива ќе испадневме од Фиорентинта.
Ќе биде феноменално да се појачаме со играч како Тулалан,Диара,Сисоко.....играчи кои не се приметуваат премногу,но решаваат натпревари.Ни треба дефанзивна стабилност на средината,сооглед дека кај нас сите сакаат да одат во напад.
Ван Бомел реално догодина може како искуство да игра во важни натпревари,но далеку од тоа дека ќе може да издржи цела сезона.
Тимо е добар,но не е толкав квалитет за ЛШ,барем не се снајде кај нас.
Плус ќе се појачаме со Тони Крос,и заедно со Шавјни имаме одлични играчи на средината,кои се одлични плејмејкери,особено Крос.