Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Н

'Никола'

Гостин
Според мене, супер играч. Само не знам колку години има, и уште покрај Милан и Реал колку имаме шанси за да го земиме. Ај Милан ај, ама сите знаеме Реал колкави суми лупа по играчи. Нормално, за да играат во шпанско, а не во ЛШ.:pos::pos:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
23-4 години е и мислам реално доаѓа во комбинација само ако Рибери си оди - а ако си оди Рибери веројатно оди за Реал што ги елиминира нив од трката за негов потпис. Милан не ги сметам за реална конкуренција во моментов - сем ако не се збудали Силвио и рандом не понуди 30 милиони кеш - нешто што не гледам дека реално може да се случи :smir:
 
Член од
10 март 2010
Мислења
248
Поени од реакции
34
Tulalan sum go gledal 2 pati i ne mi ostavi dobar vpecatok pa ako gresam popravete me :) inace krasic mi bil dobro zasiluvanje no ako ribery si zamine
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Sto planirate be da zamine Ribery ce gi projdeme man... pa posle so francuzite ce a resime na najdobar nacin i taka Ribery ce ostane
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Ма нека игра и Шрек ако ги тепаме да се знае!

Иако да бидеме реални би ни ја олеснело работата за 30-40% (да не се лажеме на пример е еден Есиен секако ќе направеше голема разлика за Челзи со Интер да играше), сепак би сакал овој двомеч сите да се фит од двете екипи па да видиме...

Во контекст на ова се молам и да се свести вГаал и утре вечер да не ризикува со повреди на првотимците :se_ molam :pop:

-----------------Бут
Хамит--вБајтен--Бади--Контенто
------------Тимо--Швајни
Милер---------------------Прањич
---------------------Олиќ
-------------Клосе

Аман нека му даде пауза на Лам. И Милер на полувреме надвор и нека направи некое комбо со Алаба и Швајни на крило или Герлиц па Хамит на крило. Како и да е Робен нека го поштеди - ќе ни треба!

Следат Шалке во Куп па Штутгарт во домашно па Манчестер па Шалке пак па Манчестер и на крај Леверкузен:vozbud: Не може овие 3 недели со само 11 играчи да се истераат!
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Па си пишува убаво де Красиќ има 25 год. и не знам колку е добро да се земе непроверен играч како него.Кој може да гарантира дека може вака да игра во континуитет,може ова е само една добра сезона и толку. Сепак мислам дека треба да се оди на проверени играчи.

За Тулалан се слагам дека е доста солиден за својата позиција,а нас ќе ни треба играч на тоа место,али не би дал повеќе од 20М за него.

Ако Руни не игра 90% сум сигурен дека ќе ги добиеме,ама не е тоа тоа,после ќе какаат не им играл едно друго. Ако ги тепаме да ги тепаме сите комплет.
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ако си оди Рибери,по мене треба да се донесе Озил.Со тоа ќе добиеме играч кој долгорочно може да ни користи на таа позиција.Мислам дека има потенцијал да стане еден најдобрите играчи во Европа.Сепак тоа се зависи од тактиката.Мислам дека Озил е малку повеќе како плејмејкер,а не класично крило.Во таков случај е проблем,бидејќи ќе дојде Крос.Такашто трбеа добро да размисли Ван Гал.
Може да се премести Робен на лево,и во таков случај може да се донесе Ибрахим Афелај,Луис Суарез,или да се проба да се донесе Ван Перси.Ќе видиме!

Околу утакмицата утре,што се тиче мене,воопшто не се потресувам за купот,но сооглед дека е полуфинале,пласман во финалето ќе значи дополнителен стимул за екипата.Но никако на сметка на тоа да ни се повредат клучните играчи особено од одбрната пред дуелот со Манчестер.Подобро да не декласира Шалке со втор тим,него ли сакати да играме против Манчестер.

И не сакам да се повреди Руни......Кад је бал, нек је бал!
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Ако Руни не игра 90% сум сигурен дека ќе ги добиеме,ама не е тоа тоа,после ќе какаат не им играл едно друго. Ако ги тепаме да ги тепаме сите комплет.
Da no nie nema da bideme kompletni Shfajni nema da igra
No ja bi sakal da igra Runi
 
M

Mario Gómez

Гостин
На Робен би му било тешко да се носи на левата позиција, негова природна позиција е десно крило при што може да влегува во средина и да шутира, ако вгодина ќе го однесеме на лево ќе го уништиме. Ако Рибери си оди, со тие пари земаме или еден играч од самиот врв, светска класа играч. Може ќе ни изненадат од управата. Или земаме двајца играчи со тие пари по 20-22 милиони евра. Искрено Прањич, Лел, Алтинтоп, Брафхајд не ги посакувам за идната година а фактот дека и Тимо ќе остане ни кажува на тоа дека нема да земеме DM во летниов период. Тоа е 100% сигурно. Според мене најдобро е вгодина да се вратиме на 4-4-2 или може и 4-3-3 ако не купиме друг напаѓач.

------------Бут/Нојер---------------
---Лам---Бадштубер---*---Контенто
---Бомел------Крос--------Швајни--
---Робен------Гомез-------Рибери*?--

*екстра централен дефанзивец, најпотребен моментално
*?под знак прашалник, најверојатно замени: Озил, Красиќ, Гуркуф etc...

Освен тоа мора да се прошири и клупата, Милер би бил прва замена за Робен и Рибери*?, со што би добил многу натпревари за играње. Со најверојатното заминување на Алтинтоп и Прањиќ треба да се земе уште еден играч кој може да ги покрива скоро сите офанзивни позиции во средината, искрено желба ми е Марко Марин.

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Боби[Мкд];3420623 напиша:

Централен е од најголем приоритет.Нас ни треба централен од светска класа.Ван Бајтен од догодина ќе е 33 години,и тешко дека ќе може да ги издржи натпреварите константно.
Демикелис е дрво.

Остануваме само на Бадштубер,што е трагично.

По мое мислење треба еден светска класа центрлаен,и по можност еден кој ќе има голем потенцијал како Бонучи на пример,или пак да се врати Брено,но незнам колку дечкото има да понуди.
Во секој случај НЕ СМЕЕМЕ да останеме само со Бадштубер како стандарден централен дефанзивец.

Околу ДМ позицијата.И тука по мое мислење е клучно да се засилиме со светска класа играч.Дај не тропајте глупости со играчи ко Марин или незнам кој таму.Која ви е таа логика дека нападот е проблем????
Па ние ради таа дефанзива ќе испадневме од Фиорентинта.
Ќе биде феноменално да се појачаме со играч како Тулалан,Диара,Сисоко.....играчи кои не се приметуваат премногу,но решаваат натпревари.Ни треба дефанзивна стабилност на средината,сооглед дека кај нас сите сакаат да одат во напад.

Ван Бомел реално догодина може како искуство да игра во важни натпревари,но далеку од тоа дека ќе може да издржи цела сезона.

Тимо е добар,но не е толкав квалитет за ЛШ,барем не се снајде кај нас.

Плус ќе се појачаме со Тони Крос,и заедно со Шавјни имаме одлични играчи на средината,кои се одлични плејмејкери,особено Крос.
 
Голман:
Ренсинг ќе си оди, останува да видиме дали годинава ќе земеме втор или прв голман. Ако иде Нојер/Фреј/Лорис ќе бидат први а Бут втор голман, ако идат голманот од Утрехт или од Регензбург (што е поверојатно) ќе бидат втори голмани а Бут прв.

Одбрана:
Доволно е еден централен, нема потреба од двајца, Бадштубер ќе игра стандартно со новиот а Брено и Бујтен ќе бидат замени плус Бадштубер може да настапи како лев бек во одредени случаи. Демихелис си оди 99%.

Среден ред: Швајни не е плеј мејкр, тој е фокусиран на дефанзива и тука се пронајде, ако вгодина играме 4-2-3-1 ќе играат и Швајни и Бомел како двајца деструктивци кои се потребни за таква формација.
Да речеме дека Рибери ќе остане, што е подобро ќе играме вака.

Robben------Kroos-------Ribery

Со Милер како замена за било која позиција, ако си одат Прањиќ и Алтинтоп кои се замена за Робен и Рибери ќе ни треба уште еден флексибилен играч кој може да игра на било која позиција, (пр.Марин) кој е одличен играч. Ќе добиеме широк состав, и можеме да ротираме лесно играчи.

Напад: Гомеж, Клосе*? и Олиќ.

Инвестиции:

Марин - 10-12 милиони евра.
Дефанзивец - 15-18 милиони евра.
Голман(пр. Нојер) - 20 милиони евра.

Продадени играчи:

Алтинтоп, Прањиќ, Демихелис, Отл, Лел, (може и Клосе) - 15-18 милиони евра.

Според мене ова е идеално и максимално што може да очекуваме летово.

Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Bek ce ni treba i toa da bidete sigurni deka ce kupime
Rafinha,Bosingva,Srna od ovja trojca eden e nas i normalno Tulalan bi bilo fenomenalno zasiluvanje
Vam Persi,Mata eden od ovja dvajca ne bi bilo loso
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Руни ќе игра, не го спречува повредата да игра, само му создава непријатности, самиот така изјавил. Затоа одмара еден натпревар. Информацииве се од новинар кој работи за Манчестер Јунајтед, поофицијално здравје :):smir:
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Боби[Мкд];3420623 напиша:
------------Бут/Нојер---------------
---Лам---Бадштубер---*---Контенто
---Бомел------Крос--------Швајни--
---Робен------Гомез-------Рибери*?--

Абе кој Контенто!
Има 19 години и изигра 2 утакмици се покажа малку, и оп стандарден си го сметаш за следната сезона стандарден првотимец??? Браво.
Во одбраната треба да се земе десен бек, за лев не треба, лев бек си е Лам. Десен бек според мене треба да се земе како шо кажав на предпоследниот мој пост, Даријо Срна. Човекот е ѕвер. Може да ја држи цела страна сам :) а работата ќе му биде олеснета бидејки тука оперира Робен.
А за средниот ред: како мислиш ван бомел на таа позиција, кога тој си игра класичен деструктивец.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom