Фан Клуб: Баерн Минхен

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Ок, сега сите овие што ги наброја спореди ги со Кристијано Роналдо, Рибери, Меси, Кака... И ќе видиш за што ти зборувам јас. Со пензионери ни титула во Германија нема да може да освојат.
Во ред, нели не е до годините дали некој е добар играч, сакав само да кажам дека има доста квалитетни играчи над 30. А за тие што ги спомна горе треба да платиш 50-100 милиони Евра а вака Баерн го зеде Тимошчук за 11 милиони Евра, исто ко и Клосе и Тони лани. А не требам да ти докажам дека Тони лани растураше. Тој за година ипол за Баерн има ставено над 50 голови и тоа во лигата, европски куп и германски куп.

Во првенството во 47 утакмици има 33 голови, Германски куп 6/6, куп Уефа 10/11 а во ЛШ 1/5 = 50/64!
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839

Тоа се е точно.Само што главниот проблем е дека рокот нивен на траење е многу мал.Еве и Тони,изигра фантастично една сезона,сезонава се мачи,а за догодина мислам евентуално од клупа џокер да биде.Едноставно ја нема таа полетност,и поише гледа да падне него ли да даде гол.Затоа не ми се свиѓа и трансферот на Олиќ.Од догодина ќе биде 30 ќе изигра може ко Тони една добра сезона и толку.Ама неможеме ние сеа секоја година нови напаѓачи да купуваме.Мора малце да мислат на иднината.Не од сезона до сезона.Затоа треба да се земе некој ко Гомез или Пандев да може да изигра добри 3-4 сезони.Вака ко што се стиснати од управа,сеа Тони којзнае до кога ке го форсираат само за да не купат некој нов.Тоа не ми се свиѓа.Ај за Тимошчук не е толку проблем,си треба за неговата позција и искуство.Ама со нападов сме утка тотално.И Клосе више не е тоа што беше.Далеку е од тоа што беше.Па со Дортмунд едвај во последните минути даде гол.5000 шанси пропушти.За такво нешто во ЛШ испаѓаме 100%.Види дали Бербатов коа би ги имал тие шанси кои Клосе ги има дали нема да ги искористи.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Никако не смеат да се купуваат играчи од 29 години на горе.Еве одлични примери ти се Тони И Клосе.Кој ќе сети на времињата кога Клосе ми беше идло, најдобар напаѓач во светот.Тони лани имаше одлична сезона а оваа година се мачи да го погоди голот од минимални растојаниа.Мислам играчот од својата 30 година постепено ја губи формата и ова купување стари играчи на крај тешко ќе не издупчи.Во тоа сум сигурен.:nenene::nenene:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Клосе и Тони маат по 9 гола во првенството плус голови во купојте. Не се слаби но го разбирам проблемот ваш. Баерн даваше 30 милиони за Гомез ама Штутгарт не го даде, значи да купиш млад напаѓач те чини три пати повеќе него постар.

Бидете сигурни дека Хенес и Румениге се доста свесни за тоа но чекаат со финансиската криза дали ќе можат да купат јаки играчи за посолидна цена. Не е Баенр Реал Мадрид да зема кредити за играчи и да се задолжува. Тоа е.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не треба да се тешиме со тоа не е Баерн Реал Мадрид. Не вложуваат ич, со тие пензионери што ги купија лани не успеа да освојат ни Куп на УЕФА иако беа далеку најсилни според имиња. Сакаш да освојуваш титули, епа братко фрли некое евруле.
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Не мора да значи ако има 30 години и не треба да се купи играчот, затоа што го купуваш за 70% поефтина цена од младиве таленти и ќе ти служи некои 3 солидни години. Горе Игор наброја неколку такви играчи јас ќе го додадам и Дел Пјеро без кој Јувентус сега ќе беше 8-9 на табела во Калчо, и Л.Ш ќе испаднеа уште во групи а има некои си 34-35 години. За Олич ич не жалам што го земавме го гледам уште буши во Хамбург и не верувам да му падне формата зошто вака игра веќе 5 години без пад на формата, и нема врска што од другата сезона ќе има 30 години, ќе послужи барем 2-3 солидни сезони.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Не треба да се тешиме со тоа не е Баерн Реал Мадрид. Не вложуваат ич, со тие пензионери што ги купија лани не успеа да освојат ни Куп на УЕФА иако беа далеку најсилни според имиња. Сакаш да освојуваш титули, епа братко фрли некое евруле.
Да беше така лесно Челси и сега Сити требеа да газат. Не е све до парите и тоа е во корист на Баерн.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ne velam deka e loso da se kupuvaat igraci bespari , tuku za da se stane sampion treba da se frlat dobri pari kako sto pravat golemite ekipi.Ne moze realno da se ocekuva golemi dostignuvanja od ekipa koja dava minimalni sredstva za dokazuvanje.

izninete za latinicava
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Го гледав Диего вчера.Феноменален фудбалер!Баерн со еден таков фудбалер би постигнал многу.Рибери многу би се растеретил и целата игра би се поделила на два водечки фудбалери.Диего знае многу добро да ја стабилизира играта на средината со неговите потези,подавања и дриблинзи.Само еден таков фудбалер барам.
 
Да ама кажи им на овие стегнативе .Кој ќе плати за него 20 милиони и колку ќе бараат незнам.Плус е млад и ќе ни го расипе просекот.Незнам како може да се купуваат играчи кои се во залез на кариерата!
 
ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Го гледав Диего вчера.Феноменален фудбалер!Баерн со еден таков фудбалер би постигнал многу.Рибери многу би се растеретил и целата игра би се поделила на два водечки фудбалери.Диего знае многу добро да ја стабилизира играта на средината со неговите потези,подавања и дриблинзи.Само еден таков фудбалер барам.
Токму така.Факт е дека ни треба таков фудбалер.Немора баш на позицијата на Диего.Може исто и на позицијата на Зе Роберто,некој млад добар техничар,да ја носи играта низ средина,да го растерети Рибери,нешто од типот на Марек Хамшик од Наполи или Монтоливио од Фиорентина.И факт е дека ни треба првокласен десен бек.Такада џабе се расправаме.Нас ни се неопходни овие појачувања,и не некој од 30 години,него млади фудбалери,некој и за во иднина да изиграат повеќе сезони.Не секоја година некој нов да се купува пак по 30 години што ќе трае максимум 2 сезони.Мора да се мисли на подолг рок.
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Да ама кажи им на овие стегнативе .Кој ќе плати за него 20 милиони и колку ќе бараат незнам.Плус е млад и ќе ни го расипе просекот.Незнам како може да се купуваат играчи кои се во залез на кариерата!
Не го купуваш Диего ни за 35 милиони а не за 20. И од лето се преговара на големо дека ќе оди во Јувентус.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Не го купуваш Диего ни за 35 милиони а не за 20. И од лето се преговара на големо дека ќе оди во Јувентус.
Тешко под 30 милиони да го дадат и плус Баерн е конкурент на Вердер. Многу тешко дека ќе оди во Баерн иако е феноменален играч.
 
Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Токму така.Факт е дека ни треба таков фудбалер.Немора баш на позицијата на Диего.Може исто и на позицијата на Зе Роберто,некој млад добар техничар,да ја носи играта низ средина,да го растерети Рибери,нешто од типот на Марек Хамшик од Наполи или Монтоливио од Фиорентина.И факт е дека ни треба првокласен десен бек.Такада џабе се расправаме.Нас ни се неопходни овие појачувања,и не некој од 30 години,него млади фудбалери,некој и за во иднина да изиграат повеќе сезони.Не секоја година некој нов да се купува пак по 30 години што ќе трае максимум 2 сезони.Мора да се мисли на подолг рок.
Без навреда, ама за Хамшик и Монтоливо ќе ви требаат околу 30 милиони, а и не верувам дека Наполи и Фиорентина ќе ги пуштат најдобрите нивни играчи.:wink:
Би можеле да се насочите кон некој млад талент, скаутите на Баерн мора да си ги заслужат парите, хехе.
Само мислам дека сте доста талентирани, ги имате Брено, Крос, Рибери, Соса, Отл, Лам и Хамелс.
Но сепак треба да се бараат замени за 2-3 играчи.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.591
Поени од реакции
22.312
Без навреда, ама за Хамшик и Монтоливо ќе ви требаат околу 30 милиони, а и не верувам дека Наполи и Фиорентина ќе ги пуштат најдобрите нивни играчи.:wink:
Би можеле да се насочите кон некој млад талент, скаутите на Баерн мора да си ги заслужат парите, хехе.
Само мислам дека сте доста талентирани, ги имате Брено, Крос, Рибери, Соса, Отл, Лам и Хамелс.
Но сепак треба да се бараат замени за 2-3 играчи.
Хумелс кој сите го гледаат за иден германски репрезентативец ќе си замине од Баерн. Засега е изнајмен на Борусија Дортмунд но пред некоја недела тие и го купија за 4 милиони Евра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom