Не ја гледав утакмицата.По подолго време првпат да не гледам некоја утакмица на Баерн,ама од оправдани причини беше.
Во секој случај од прочитаното и од инсерти што гледав нешто,можам да заклучам дека повторно ни се случил истиот проблем како и во многу наврати кога сме биле блиску до пораз или кога сме биле поразени.
Дупки во одбраната,киксови,немање на креативност,немање решение,и таа болест од која патиме а би ја нарекол Риберизам,а која се манифестира со постојано барање на еден човек кој се вика Франк Рибери,а со никнејм Исус Христос во Баерн.Значи се додека играчите како Швајнштајгер Ван Бомел Лел не престанат ама буквално постојано да се креативно блокирани и само да се бара Рибери,се до моментот кога ке се ослободат од таа блокадата,ние пак ке се срамотиме ко со Херта.
Нема доволно креативност,нема ширина во играта,се стискаме само на левата страна,наместо да одат течни и долги акции.Денес го гледав дербито Интер-Милан.Значи таквии акции одамна немам видено,а да не зборам за Баерн.Течни долги акции со брзи потези по целиот терен,од лево од десно,од средина,буквално до секаде.Тоа ни треба.
Пазите, доволно е само да се запре Лам или Зе Роберто,и таа врска по лево се прекинува.Тогаш сме во големи срања.
Немаме план Б.Целиот план се вика Франк Рибери.Тоа е жалосно стварно.Со тоа само го гушиме него како играч,и така само побрзо ќе не напушти.
Незнам што да речам,глупо е више сите да се повторуваме.Ама веќе и на малите деца им е јасно дека НИ ТРЕБААТ КВАЛИТЕТНИ ЗАСИЛУВАЊА,а не гратис дедовци по 30 години ко Олиќ.Тимошчук е добро засилување,ама треба уште.Сто пати више кажав на кои позиции сме слаби.Само незнам Хенес и Руменига кога ке сватат.Веројатно кога пак ке бидеме 4ти на табела во Бундеслига.