До пред 3 недели ставовите за Артета беа дека мора да си отиде и дека уште утре треба отказ да му биде врачен, а сега гледам дека се прават планови што Артета требало да прави за следна сезона и дека малку се омекна после 5те победи, па да искажам мое мислење. Во 80% од тие натпревари играта беше иста како и кога губевме, крајно неатрактивна, фудбалот беше досаден, голем број од головите беа индивидуален квалитет (Елнени, Пепе х2) или противничка грешка (ЕСР). Ретко кој гол беше од убава акција (Мартинели со Оба), а такви голови сме давале порано по 3-4 на натпревар, секој натпревар.
Артета уште од старт, сфатил дека тимов нема креативност и цело време се труди да постави дефанзивен пристап на игра, односно дел од тактиката е да даваме голови на индивидуални квалитети, да си чекаме трпеливо шанса, дур сме коска во одбрана, преферира победа од 1:0 пред победа од 4:3. Да бидеме искрени, ова му се оствари во 80% од сезоната, тргаше на лошо кога имавме Давид Луиз, Џака синдром, а само еднаш ми текнува каде што сме биле тотално дефанзивно растурени во лигата(против Астон Вила), може имало уште 2-3 пати максимум.
Тоа што би ми сметало многу е ако Артета или било кој тренер што дојде на негово место, би продолжил да гради ваков дефанзивен Арсенал, со 2 креирани шанси на натпревар и со голови од индивидуални квалитети. Треба головиве на Пепе да се само шлаг на тортата, а не секој натпревар да очекуваме такви голови. Треба да изобилуваат голови од тимски акции, на контри, со тап инс, од што се одело по конец. Јас таков фудбал воопшто не видов, и не ми е сеедно да сме 8ми без таков фудбал, или 8ми со таков фудбал.
А околу табелата, ете може немаме квалитет за 8мо место, имаме за 6то,7мо, па не треба да си ја маваме главата од ѕид и да си правиме бајрам дека подобро нешто заслужуваме. Сити, Ливерпул, Јунајтед, Челси, Лестер се тимови што се подобри водени од нас, како тим сите функционираат подобро од нас. Тотенхем исто очекуваав да е во ова друштво, ама веројатно распад систем му се дешава и завршува нивниот најсјајен период во историјата. Освен ако нема огромни промени во играчкиот кадар, таргетирање играчи креативци кои ќе им биде кажано да негуваат напаѓачки фудбал, континуирано со наш посед и да висиме околу противнички шеснаесетник наместо во наш, тогаш не би требало и следна сезона да има драстични промени околу табелата. Топ4 пак би било мисловна именка. Се мислам дека ниту тренерот ќе му текне да врати напаѓачки пристап, ниту ќе има играчи како Казорла, Росицки, Ремзи и Вилшер за да гледаме пак убав фудбал.