Фан Клуб: Арсенал

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Дечки мене натпреваров не ми беше реален дека се случил и малку ми е “срамна“ победава. Но, не е дека не сум задоволен од играчите, туку едноставно не можам да кажам “еј го победивме Ливерпул“, колку и да го покажува резултатот тоа. Нема да коментирам играта т.е. неиграта, ниту пак статистиката со шанси што беше до сам крај 21-2, или поседот статистика што се појави при крај од последни 10 минути дека е 90%-10%, сум се навикнал Арсенал да е на другата страна и да има такви статистики во негова полза, но не и обратното. Можам збор два да коментирам и да дадам пофалба на 2 места иако после примениот гол дефанзивно со исклучок на некои конфузии, сите беа доста посконцентрирани, што е за колективна пофалба, се можело ако се сака.

Мартинез - Последнава интервенција во 95 минута беше негова најдобра одбрана досега, не знам, свака му част, цел натпревар беше одличен, ама и немаше пресериозни интервенции, ама ова последново беше нереално добро. Само нека продолжи вака, кај голманот годините не значат ништо, ќе му претстои одлична кариера.
Лаказет - Колку и да е критикуван, денес беше за секоја пофалба. Точно грешки беа на Ливерпул, ама некој треба будно да прати за да ги искористи тие грешки, да ги пресече топките, а и не е дека не постапи исклучително паметно во двете ситуации. Прво се одбра да дрибла за првиот гол, бидејќи виде дека добро затвори, втора ситуација асистенцијата беше одлична со точна силина топката беше упатена, за ниту да отскокне многу кога ја прими Нелсон, ниту да е преспора па да ја пресече некој или кога ќе стигне веќе да нема агол. Си го обработи своето за сите пофалби, браво мајсторе.

Второ полувреме, немам што да кажам, сме играле против Баерн и Барса, ама до волку не било. :D
Да порано статистиката беше таква за нас, ама и резултатот беше исто така обратен. Така да конечно и ние еднаш обратно да изигравме
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Да порано статистиката беше таква за нас, ама и резултатот беше исто така обратен. Така да конечно и ние еднаш обратно да изигравме
Дада, токму тоа ми беше муабетот, прво што ми падна на памет беше тогаш со Јунајтед кога изгубивме на 30+ шанси, кога Де Геа беше повампирен. Затоа кажав чудно ми е и нереално вакво обратно сценарио.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Абе ебаве, каква е таква победа си е
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Има ли некој претстава кое место води во ЛЕ?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Хех, а на крај Холдинг еден од подобрите у одбрана.

Мене само не ми е јасно зашто игра Колашинац а не Холдинг кога играат со тројца позади. Полош од Колашинац како централен неможе да биде

Тирни искина денес.

Тепавме на среќа :D
Холдинг секогаш е одличен во одбрана, затоа реков САМО заради немањето доволно знаење со топка

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.085
Фале добар среден ред за да играме подобар фудбал, затоа зборев Лака да се жртвува ако може да се појача солидно тај дел ...
Се надевам следната сезона ќе бидат подобро физички спремни, и нема да се бранеме по 45-60минути...
Пепе доста слабо сезонава, очекувам многу повеќе наредната...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Шефилд и Тотнем имаат тешки утакмици.
Добро е тоа што и двата клуба играат против Лестер, а на Лестер му се многу битни утакмициве за ЛШ да обезбеди, бидејќи имаат притисок од Јунајтед.
Сепак јас би сакал да обезбедиме ЛЕ, за играчи како Вилок, Нелсон, Нкетиа, Мартинели да добиваат повеќе шанса.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Шефилд и Тотнем имаат тешки утакмици.
Ние имаме наводно добитни утакмици со кои можеме до 59 бодови, ама нереално некако да кикснат и Волвс и Тотенхем дури на две утакмици.

Се заебавме многу со Тотенхем некња, макар и нерешено ќе беше подруго, не знам реално колку губиме, ама сигурно 10-20 милиони се со неиграње во ЛЕ.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Ја сакам ЛЕ само ако е вистина тоа дека клубовите ќе бидат олабавени од ФФП ( не дека треба веќе некој да го ебе тоа), ама ако не е така, ја не би во ЛЕ. Не сум со помисла дека би се фокусирале на лигата и би се бореле за нешто, ама мислам треба една сезона за Артета слободна од такви глупи патувања. Што знам може сум јалнаш :D
Автоматски споено мислење:

Ние имаме наводно добитни утакмици со кои можеме до 59 бодови, ама нереално некако да кикснат и Волвс и Тотенхем дури на две утакмици.

Се заебавме многу со Тотенхем некња, макар и нерешено ќе беше подруго, не знам реално колку губиме, ама сигурно 10-20 милиони се со неиграње во ЛЕ.
Астон Вила се борат за опстанок а и едвај тепаат утакмици, Астон Вила 3-1 Арсенал.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.859
Поени од реакции
7.085
Ја сакам ЛЕ само ако е вистина тоа дека клубовите ќе бидат олабавени од ФФП ( не дека треба веќе некој да го ебе тоа), ама ако не е така, ја не би во ЛЕ. Не сум со помисла дека би се фокусирале на лигата и би се бореле за нешто, ама мислам треба една сезона за Артета слободна од такви глупи патувања. Што знам може сум јалнаш :D
Автоматски споено мислење:


Астон Вила се борат за опстанок а и едвај тепаат утакмици, Астон Вила 3-1 Арсенал.
Бадијала ако сме ослободени од ФФП, добивка ќе имаат само нафташите, ние без скршен денар каде ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom