Дечки мене натпреваров не ми беше реален дека се случил и малку ми е “срамна“ победава. Но, не е дека не сум задоволен од играчите, туку едноставно не можам да кажам “еј го победивме Ливерпул“, колку и да го покажува резултатот тоа. Нема да коментирам играта т.е. неиграта, ниту пак статистиката со шанси што беше до сам крај 21-2, или поседот статистика што се појави при крај од последни 10 минути дека е 90%-10%, сум се навикнал Арсенал да е на другата страна и да има такви статистики во негова полза, но не и обратното. Можам збор два да коментирам и да дадам пофалба на 2 места иако после примениот гол дефанзивно со исклучок на некои конфузии, сите беа доста посконцентрирани, што е за колективна пофалба, се можело ако се сака.
Мартинез - Последнава интервенција во 95 минута беше негова најдобра одбрана досега, не знам, свака му част, цел натпревар беше одличен, ама и немаше пресериозни интервенции, ама ова последново беше нереално добро. Само нека продолжи вака, кај голманот годините не значат ништо, ќе му претстои одлична кариера.
Лаказет - Колку и да е критикуван, денес беше за секоја пофалба. Точно грешки беа на Ливерпул, ама некој треба будно да прати за да ги искористи тие грешки, да ги пресече топките, а и не е дека не постапи исклучително паметно во двете ситуации. Прво се одбра да дрибла за првиот гол, бидејќи виде дека добро затвори, втора ситуација асистенцијата беше одлична со точна силина топката беше упатена, за ниту да отскокне многу кога ја прими Нелсон, ниту да е преспора па да ја пресече некој или кога ќе стигне веќе да нема агол. Си го обработи своето за сите пофалби, браво мајсторе.
Второ полувреме, немам што да кажам, сме играле против Баерн и Барса, ама до волку не било.