Ауу не, одбраната не е подобрена, тоа што Барнли се скапаници и некако се извадивме да примиме гол, далеку е од подобрена одбрана. Никако не смееме да не интервенираме тука, им се остава на играчи да дојдат во опасна позиција, сите наши играчи во дефанзива Барнли си игра со нас, пет пати беа преблиску до гол бидејќи ние им овозможивме такви позиции, нивно беше тоа што си утињаа од 5 метра, не дека ние добро се браневме. Едноставно немаат концентрација нашиве за 90 минути и постојано се прават пасови. Тоа што можеби е подобрено е што стоперите не дриблаат и губат топки во шеснаесетник, ама океј, ова не требало никогаш ни да го прават, не се за фалење воопшто.
Иначе тоа од Cannon и јас го мислам, имам и неколку пати пишано, ми дојде да пишам и после оваа ама ај да не биде спам. Значи нема простор за никакви подобри очекувања додека Озил стартува, тој играч не може да профунцкионира, и не може да не залажува више со една добра утакмица на 50 лоши, под итно на клупа и да се продаде. Потоа со таа амф позиција нека се експериментира, унаказување е Оба и Мартинели кои се шпицови да се играат како крила, Мартинели е млад и може да се докажува секаде, Оба мора да игра шпиц. Пепе мора да игра дека немаме квалитетни крила, па да се седи на клупа, останува амф позицијата непокриена, што не е новитет, и пак ќе кажам таму никако не смее Озил да се игра, бидејќи ако Озил е во депресија, а секогаш е тоа случај, нема креација, нема шанси, или се спасуваме како денес или губиме ако противникот е малку посериозен од Барнли. Лака нека игра амф, ако не го биде, нека се бара амф најитно што може, тоа е единствена позиција каде што сме мртви, бидејќи цела сезона имаме премалку шанси креирано и тоа е најмртво. Ако средиме тоа, ќе бидеме Ливерпул сезоната пред ВВД, што не е воопшто лошо од сегашна гледна точка.