Вакви натпревари ми се најболни, не ме болат примените голови, колку што ме боли фактот дека имаме ебан 0 шут во рамки на голот. Кога ништо не постигнувавме и немавме титула со очи видено со години, барем бев горд на тоа што Арсенал (после Барселона ете) важи за клуб со најубав фудбал, највеќе создадени шанси, најубави акции, најубави проигрувања... Што е ова денес, па рак се добива од ова... Не беше толку одамна кога со лордот, Денилсон и Ебуе 5:0 ги плескавме Порто ко ништо...
Мое мислење за Венгер е дека е исклучително интелегентен играч со 0 контрола за својот шут. Знае одлично да брка топки, да врши паметен пресинг, има свои квалитети, но дефинитивно не е за напаѓач, и ама никако сериозно ебано не може да е прв напаѓач на Арсенал и тој да стартува натпревар. Човекот и тие голови што ги има дадено не знае ни сам како ги дал, шутнува без контрола, и ако влеезе - влезе. Жилав е, има брзина, има желба за игра, знае да се бори, ама не е за напаѓач, и дефинитивно нема снага за 90 минути да игра. Нека влага од клупа океј, но нека е ставен како крило да брка топки, па ако треба и нека истрча при контра, ама вака апла се гледа дека не ја бива. За другиве ниту имам ниту сакам нешто да коментирам, Озил 10 топки изгуби, кога ќе ја изгуби не се ни труди да трча назад, одбранава како пинг понг им се одбиваат топки од нозе, Бељерин последен играч одбрана тој ќе смирува ќе конторлира топка... Абе Роналдињо да си ако си последен играч одбрана или пукај ја напред или враќај на голман, нема простор за никакви одовлекувања. Ај да не се нервирам, за жалење сме ние навивачите што све трпиме