Било која формација да ја играме нема да успее, бидејќи играчите не си ги знаат улогите на теренот, оваа безидејност се провлекува веќе 2/3 години.
Исто така делуваат многу демотивирано уште од почетокот на сезоната, а да си тренер и играчите да ти играат така за твојот роденден и да не можеш да ги мотивираш....сварно не знам што да кажам.
Вчера кога го направивме пресвртот бев пресреќен, но еве сабајлево се вратив во реалноста, едни Андерлехт, кои исто беа десеткувани од повреди, ни одржаа лекција по фудбал.Има некој проблем во екипава, се провлекува веќе 3 години и лани кога бевме први во ПЛ немавме убава игра, тоа што гриндавме победи ги ставаше во сенка проблемите, но еве сега испадна се на виделина.Најмалце ги кривам играчите, најголема вина треба да сносат Венгер и неговиот тим од помошници.