Ај мала анализа пошто останатите само плукаат по сите.
Не игравме уопште лошо, Сандерленд дојде да се брани и успеа у тоа, немаа шут во второ, само 2 шута во прво по наши грешки. Против вакви тимови се мачевме и претходните сезони ништо не е ново.
Светла страна: Дијаби и Кацорла. Дијаби ако остане здрав и влезе во натпреварувачки ритам ќе биде многу подобар. Дечкото нема играно цела година не очекувајте одма чуда од него. За Кацорла гледам некои од вас кењаат. Што сакавте повеќе од него на дебито? Скоро во сите опасни акции учествуваше, презадоволен сум, кога ќе се уигра со напаѓачите ќе бидат доста јаки. Жервињо беше одличен исто, цело време беше удвојуван, неговиот напредок ќе го видите против тимови кои не се бранат со 10 души, кога ќе има повеќе простор.
Темна страна: Џенкинсон ништо не научил за една година. Пак е дрво, уплашен, несигурен, позиционирање лошо. Дефинитивно треба да се проба Јенарис таму. Пер заеба на неколку пути, спор е за офсајд стапиците. Волкот беше дрво неделкано, пак се докажува она дека неможе да игра против тимови кои се бранат така да Венгер треба да размисли уопште да не го ни стартува на вакви натпревари. Имаме опции по страните.
Генерално треба да бидеме задоволни. Не заборавајте Окс фалеше исто како и Кош и Росицки. Подолски уште не е уигран со Жервињо али и неговото позиционирање не е баш најсјајно. Мое мислење е Жиру да биде класичен шпиц, мислам дека може повеќе да понуди од Подослки. Промашувањето беше лошо да, ама му дојде на десна и јебига се дешава.
Не сум незадоволен од ова што го видов, повеќе ме плаши тешкиот распоред што го имаме и како може тоа да влијае на фудбалерите доколку имаме серија лоши резултати, ама со Окс и Кош назад ќе бидеме тип-топ.
Замена за Сонг ни треба, ако го земеме Сахин топ, ама треба и класичен ДМ како Мвила, Тиоте, Фелаини, некој таков.
--- надополнето: 18 август 2012 во 18:56 ---
Е да ти кажам јас не сум баш задоволен од играта. Одамна не сум задоволен од играта( во глобала) на Арсенал, уште откога се префрливме на оваа формација. Преспори се акциите, тие 3ца во средината понекогаш премногу пимплаат со топката, напаѓачот во делови од натпреварот останува изолиран и се враќа дури до половина за да прими топка. Крилата по карактеристики не соодветствуваат со играта наметната од везњаците( може таков е и планот, не знам) и се најкорисни кога ќе ги уфрли некој во празно. Нема робустност кога сме во офанзива, се некако се одвива полека и му дозволуваме на противникот добро да ја позиционира одбраната и потоа се гушиме. Е ќе се гушиме.
Неколку години ги имаме тие недостатоци во играта, а еве и по првиот натпревар годинава се воочуваат истите.
Тоа е само против тимови кои доаѓаат да се бранат на Емирати
Јас од дамна кењам дека против такви тимови треба исклучиво 4-4-2 со еден висок напаѓач и еден брз.