Фан Клуб: Арсенал

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Абе таа цена повеќе ќе му одговара :).....Хехее шала на страна, кај било нека иде ,секое евренце повеќе што ќе земеме од него ќе биде ќар ......
Проблемот е што он несака да оди за помала плата. Не е будала да зема 75к и да си го лади отколку да трча некаде за 20к. Логика ;)
 
Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923

Не верувам дека и он сака да остане во Арсенал, кога знае дека чат пат ќе влезе ко резерва.....Не ми изгледа дека е таков карактер...
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Се изначитав за потенцијални трансфери, хе хе добро де така е секое лето, но од сите тие најмногу ми „бодат“ очи Вертонген и М'Вила.

http://news.arseblog.com/2012/05/a-message-for-jan-vertonghen/

Сакав да дојде овој човек, порано, сега не сум сигурен... Мистер Арсеблог убаво го има тоа претставено. Не може Арсенал да ти биде резервна опција на Тотенхем. Инаку, по денови расправа со фанови на нашиот сакан клуб, дојдовме до заклучок дека всушност за Вертонген немаме место. Кого ќе седнеме на клупа? Кошеилни? Вермален?... За трет или четврт бекап не можеме да најдеме подобар играч од Мертерсакер и Џуру, кој добар дефанзивец би се согласил да седи на клупа и да игра по 10-15 натпревари по сезона. Енглезиве викаат дека можел да игра и дефанзивен среден... па ако можел досега сигурно ќе играше среден ред, во Холандија постојано експериментираат а јас немам видено централен дефанзивец кој игра поубаво со топка од Кошеилни. Па тој би бил подобра опција за деструктивец...
Со ова доаѓаме и до М'Вила, речиси иста ситуација. Кој тука ќе седи на клупа? Артета и без тоа нема да биде постојано стартер, треба да игра и (Ремзи) вонбрачното дете на Венгер, да не зборам за Вилшир и преродениот Росицки. Но случајот на М'Вила е далеку пореален отколку на Вертонген. Во средина сме секогаш кратки и имаме доста повреди, Сонг на моменти знае да се изгуби или да се трансформира во Фабрегас, па да остави позади простор за цел батаљон. А и сигурно би му годела мала конкуренција (ако М'Вила може да се нарече мала конкуренција) ако ништо друго ќе го мотивира и натера да ги поправи тие недостатоци во неговата игра. А кога Венгер би имал избор за таа дефанзивна позиција би го одмарал Сонг а со тоа и би спречил евентуални повреди (иако типов е како Терминатор, ништо освен црвен картон не го спречува да игра)
Според мене доаѓањето на М'Вила, посебно ако се земе предвид и Подолски, доста ќе го зајакне нашиот тим. Нашиот проблем со одбраната не е до последната четворка, индивидуално тие сите се одлични играчи (освен таа лева бековска позиција каде сеуште имаме некои слабости). Проблемот е што многу често средниот ред не ги извршува своите дефанзивни обврски, играта против Сити дома (1-0) и Њукасл 2 полувреме (2-1) треба да бидат земени како пример како треба да се игра. Тимот напаѓа како целина и треба да се брани како целина, но во нашиот случај не е така.
Искрено многу сакам да го видам М'Вила во Арсенал, само да не испадне и тој ќилаво дете како Шамак и Скилачи или да се изгуби како Жервињо (после тој мочан африкански куп).
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
За трет или четврт бекап не можеме да најдеме подобар играч од Мертерсакер и Џуру, кој добар дефанзивец би се согласил да седи на клупа и да игра по 10-15 натпревари по сезона.
незнам за тебе ама ја едно сфатив од сезонава, Вермален и Кошчиелни неможе да играат заедно против сите тимови. Мертесакер е далеку подисциплиниран од двајцата и иако е спор сепак е командант у одбрана а тоа ни треба.
Колку пати сезонава ни се дигаше коса кога Кошчиелни а претежно и Вермален идеше напред?

За мене Вермален беше слаб сезонава, така да ако гледаме за идна сезона само Кошчиелни со ваква форма си има обезбедено место у први 11 а Вермален треба да се бори со Мертесакер.

Лошото е тоа што од толку што сите го сакаме Вермален поради неговата прва сезона и поради тоа што дава голови, забораваме да го критикуваме за неговите слабости кои сезонава и те како излегоа на виделина. Дисциплина = 0.

Вертонген не ни треба пошто е курва ко хазард а башка ги става гаднине кокошки на прво место. Ако направиме таков трансфер ќе го плукам Венгер за тоа.

Мвила ни треба пошто е квалитетен играч, не треба да гледате "на чие место" ќе игра. Кога ќе дојде нека се борат на тренинг па кој е најдобар ќе игра, ми е гајле мене за Сонг или Ремзи или Росицки ако овој е подобар од сите тројца ќе игра он. Е сеа скоро убеден сум дека нема да го купиме, Венгер не дава 25 милиони за никој играч.

Патиме неколку години поради тоа што клупата ни е слаба и ретко кој од таму може да им конкурира на првотимциве. Ни треба конкуренција за сите позиции у клубот.
 
Искрено за првиов ама ич нема да ми бие жал ако не потпише, едноставно нема теорија да дојде после сите негови изјави....(нека пати кога ќе гледа како Ајакс си игра Лига на шампиони).
За вториов и јас многу сакав да дојде, али прочитав пред некое време изјава на Венгер и ме пресече, не се надевам веќе дека ќе потпише....
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
незнам за тебе ама ја едно сфатив од сезонава, Вермален и Кошчиелни неможе да играат заедно против сите тимови. Мертесакер е далеку подисциплиниран од двајцата и иако е спор сепак е командант у одбрана а тоа ни треба.
Колку пати сезонава ни се дигаше коса кога Кошчиелни а претежно и Вермален идеше напред?
Ааа не, не ми го чепкај Кошиелни. Сезонава беше маестрален.
Единствена причина поради која не зема некоја награда или пофалба е тоа што Компани е капитен на тимот кој освои ПЛ титула.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Ааа не, не ми го чепкај Кошиелни. Сезонава беше маестрален.
Единствена причина поради која не зема некоја награда или пофалба е тоа што Компани е капитен на тимот кој освои ПЛ титула.
Не реков дека беше лош ама Вермален и Кош ко комбинација беа повеќе лоши него ли добри.

Види подоле убаво си пишав само Кош у ваква форма си има обезбедено место у прв тим ;)
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
незнам за тебе ама ја едно сфатив од сезонава, Вермален и Кошчиелни неможе да играат заедно против сите тимови. Мертесакер е далеку подисциплиниран од двајцата и иако е спор сепак е командант у одбрана а тоа ни треба.
Не можеше да кажеш поточно :). Затоа и имаме 3 комплетно различни дефанзивци, мислам на различни карактеристики, а доброто е што сите може да играат заедно. Сега... точно е дека Вермален немаше баш сјајна сезона, но да не заборавиме, 3 месеци играше надвор од позиција (крпеше кај што беше потребно).
Сезонава беше луда и се случија многу нелогични работи, но едно е јасно, имаме уште многу да работиме ако сакаме да бидеме конкурентни наредната сезона (барем за некој куп). Под „работиме“ мислам и на трансфери и на подобрување на дефанзивниот аспект од нашата игра, кој ни е болна точка. А пред се мора да се најде решение за честите повреди...
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Па се виде дека со повреден Артета средната дефанзивна линија беше катастрофа. Затоа го гласав артета за играч на сезоната пред Ван Перси бидејќи изигра како да игра во Арсенал 3-4 години. Дефанзивно на средина беше маестрален со неговите чисити стартови што ми направи посебно мерак што многу топки без фаул или жолт гиодзеде и одлично стопираше контри. Знаеше кога и како да направи фаул. Плус тешко губеше топка. Едноставно на средината сезонава можеби беше најдобар ДМ.
За одбраната многумина со скептицизам го гледаа Мертезакаер бидејќи е спор но неговото истуство и интелегенција за поставеност на игра не си ни примети тоа. Ѓто значи имаме одлични дефанзивци за ротација. Вермален точно беше дефанзивно послаб од првата сезона но далеку од слаб, би рекол солиден накај просек далеку од лош. Али како што кажа топче поради добрата прва сезона не ги гледавме тие недостатоци но да не забораваме дека имаше и долго отсуство поради повреда а и играше неколку натпревари како лев бек.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.594
Поени од реакции
6.353
Јас мислам дека треба да земете и еден десен бек, Сања е често повреден па со Мигел и Џуру како бек бевте тенки сезонава. :)
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Јас мислам дека треба да земете и еден десен бек, Сања е често повреден па со Мигел и Џуру како бек бевте тенки сезонава. :)
Јенарис, Карл и Коквелин ни изиграа на таа позиција, и Јенарис и Коквелин супер се покажаа, само Карл малку забушава работа..
 
Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Јас мислам дека треба да земете и еден десен бек, Сања е често повреден па со Мигел и Џуру како бек бевте тенки сезонава. :)
Абе си го имаме ние Џенкис ;).....Ееееее златен Ебуе :tapp:.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Јас мислам дека треба да земете и еден десен бек, Сања е често повреден па со Мигел и Џуру како бек бевте тенки сезонава. :)
Сања не е баш често повреден туку скрши нога годинава 2 пати. Не е хронична повреда.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
незнам за тебе ама ја едно сфатив од сезонава, Вермален и Кошчиелни неможе да играат заедно против сите тимови. Мертесакер е далеку подисциплиниран од двајцата и иако е спор сепак е командант у одбрана а тоа ни треба.
Колку пати сезонава ни се дигаше коса кога Кошчиелни а претежно и Вермален идеше напред?

За мене Вермален беше слаб сезонава, така да ако гледаме за идна сезона само Кошчиелни со ваква форма си има обезбедено место у први 11 а Вермален треба да се бори со Мертесакер.

Лошото е тоа што од толку што сите го сакаме Вермален поради неговата прва сезона и поради тоа што дава голови, забораваме да го критикуваме за неговите слабости кои сезонава и те како излегоа на виделина. Дисциплина = 0.

Вертонген не ни треба пошто е курва ко хазард а башка ги става гаднине кокошки на прво место. Ако направиме таков трансфер ќе го плукам Венгер за тоа.

Мвила ни треба пошто е квалитетен играч, не треба да гледате "на чие место" ќе игра. Кога ќе дојде нека се борат на тренинг па кој е најдобар ќе игра, ми е гајле мене за Сонг или Ремзи или Росицки ако овој е подобар од сите тројца ќе игра он. Е сеа скоро убеден сум дека нема да го купиме, Венгер не дава 25 милиони за никој играч.

Патиме неколку години поради тоа што клупата ни е слаба и ретко кој од таму може да им конкурира на првотимциве. Ни треба конкуренција за сите позиции у клубот.
Вертонген не е курва, туку размислува како секој нормален човек. Самиот кажа дека во Тотенхем ќе игра нон-стоп прва постава, која му треба за да игра за репрезентацијата, додека во Арсенал, знае дека нема да биде прв избор. По тоа, што тој го кажа го оправдувам, дека е вистина. Нема што тука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom