Шчесни чести навивачи
Голманот на Арсенал, Војчех Шчесни сретнал во еден лондонски ресторан дваесетина млади навивачи на „топџиите“, се сликал со нив и им платил вечера.
Полскиот чувар на мрежата полека им влегува во срцата на навивачите на Арсенал. Шчесни блеска меѓу стативите (на последните шест меча прими само четири гола), па е добро расположен и надвор од теренот.
Кон крајот на минатата недела ја искористил слободната вечер за да излезе на вечера и во ресторан сретнал група млади фанови кои навиваат за Арсенал.
Ја прифатил нивната покана да се сликаат, разговарал со нив и на излегување, дошол до келнерот и им ја платил целата сметка. Не сакал да им открие што направил.
Децата потоа воодушевено отишле до
новинарот на "Lohboro Eha" и му го опишале гестот на младиот Полјак.