Да не ја претеруваме со него да не ни се удри од глава како со Фабијански на почеток. Да не бидам кобник, мислам дека треба да игра натпревари против "послабите" тимови, за него секое искуство е драгоцено. Макар што против Манчестер дечкото покажа завидни квалитети за некој со толку малку натпревари зад него, голмански кажано релативно млад, Венгер и неговите психијатри и педагози и психолози и незнам уште кои други членови и соработници на стручниот штаб треба да го седнат и да му кажат и појаснат што го очекува после ваков натпревар и какво трескање од земја ќе биде ако сега заебе работа бидејќи, да бидеме реални, ние навивачите на Арсенал сме безмилосни кон голманите и нивните грешки. Макар што мислам дека тој е психички посилен од Фабијамски и дека доколку би направил кикс полесно ќе го надмине без да влезе во криза, макар што ништо не се знае што ќе биде кога сите критики ќе се срушат врз него. Очите широко отворени, една добра сезона и ќе сака да му ја дувне во Барса, и без тоа се гледа колку е амбициозен и самоуверен и ако не го држат задоволен или барем да го лажат дека го добива тоа што го сака ќе му ја летне во некој друг "голем" клуб и пак ќе бараме голман.
За Вермален ми се плаче кога ќе помислам. Колку само ни недостига, не само во одбраната туку неговото отсуство се чувствува врз целиот тим. Самото присуство на Верма е мотивирачко за останатите, тој обезбедува еден вид сигурност во целата игра на Арсенал дури и кога само одмара на клупа како резерва (за секој случај против некој отепан тим за некој куп) има позитивно влијание.
Сумирано, и за наводните засилувања, мене не ми треба никој, сакам: помалку повреди, мотивиран Фабрегас, здрав и подготвен Ван Перси, Волкот напаѓач, и секако моментално најважниот ВЕРМАЛЕН назад во одбраната да брани, сече, избива, одзема, тепа, додава, асистира, напаѓа и дава голови - тоа го може само еден, единствениот кој може во иднина да му конкурира на Тони Адамс, жива легенда со само една сезона зад себе - ВЕРМАЛЕН ништо друго и титулата е наша.