http://bleacherreport.com/tb/b7ARv
--- надополнето ---
http://bleacherreport.com/tb/b7ARw го најдов и ова пред малку, ме интересира ваше мислење, јас се двоумам ама повеќе како да сум за.
Во секој случај интересен предлог за трампа
--- надополнето ---
Освен ако веќе сакаме да го задржиме, односно ако Венгер сака да го задржи, ќе треба да му се понуди нешто. Јас предлагам да го постави за капитен на некој натпревар, немора да биде за стално но може да го проба во оваа улога на неколку натпревари, сепак од моменталниот играчки кадар тој има најдолг стаж. Треба да му се даде нова инспирација, нешто што ќе го крене психички и ќе го натера да одигра на повиско ниво, нешто што за него порано беше рутина, имам впечаток дека игра затоа што мора, Клиши веќе помина 7 години во Арсенал и му требаат, како и на секој нормален човек, нови предизвици. Мислам дека тоа би требало да биде првиот чекор бидејќи тој е веќе етаблиран играч од светска класа и седнувањето на клупа би имало само негативен ефект, т.е ќе сака да си замине.
Во секој случај Венгер најдобро знае, сепак тој го создаде овој тим и тој го развива, така да знае во која насока треба да се подобруваат, трампата што ја предлага Реал е интересна и донекаде прифатлива, ама тоа ќе го извади Шамак од тимот а дечкото има неверојатен work rate и дарба да забива важни голови за нас, а Бензема и не се покажа во најдобро светло во Реал, иако седи на клупа играч од негов калибар требаше досега да ги капитализира шансите што му беа дадени, така да ова носи голем ризик, огромен да не речам, ова е чисто коцкање. Да го земеше пред 4 години друга ќе беше приказната за него.
He has looked disinterested at times and drawn the ire of the supporters with his wasteful passing. Also, his work rate leaves much to be desired and he looks a tired man on the pitch.
Можеби и не е толку Мрзашавин, како што јас милувам да го именувам, ама и јас заборавам еден факт што го прочитав во текстов чиј дел цитирав:
-
Аршавин има 29 години
- На таа возраст е тешко да игра 3 натпревари неделно, можеби и два му се премногу
- Изгледа го фати арсеналовата паника "над 30" па повеќе мисли каде ќе заврши на крајот со платата која ја бара
Најверојатно, Аршавин треба да игра само по 1 натпревар неделно, со Астон Вила беше инзвореден ама одмараше против Брага, ако го сакаме на највисоко можно ниво неговата минутажа треба да се намали за сметка на Волкот, а одморен ни е покорисен. Јас го критикував делумно безпредметно кога виновникот е всушност Венгер, иако Ле Бос секогаш знаел да го извади максимумот и од постарите (преку посебни тренинг програми и поставеност на теренот до тимски задачи) , во случајов со Аршавин греши, на човекот му треба одмор, сепак имаме играчи кои можат барем достојно да го заменат на некоја утакмица (Ебуе-ако насри оди лево, Волкот, па и Ремзи уште малку ќе се врати) и ако е потребен може да одигра 20 минути во high profile.