Ај да пробам една анализа.
Како прво не се сложувам дека сме изиграле слабо.
На почеток имавме страшна иницијатива каде после неколку добри шанси поведовме со 1-0. Но и понатаму продолживме да напаѓаме и после неколку добри акции не успеавме да зголемиме. Потоа следуваше несреќната ситуација за Кошиелни каде беше нокаутиран и примивме гол. Не го кривам него за голот сепак иако беше зашеметен проба нешто да направи но по оној удар добро и толку што остана на нозе. Можеби да паднеше одма ќе беше подобро, но тоа моабетот што би било кога би било. Потоа мала пауза и пад на играта. Но тоа не ме нервираше толку колку што ме нервираше што запнаа сите напред и поставуваа офсајд стапици далеку напред скоро до центар. Камара беше едно 5-6 пати во офсајд но една грешка (иако и тогаш беше во офсајд Камара) можеше да не чини премногу среќа фабијански беше на висина на задачата. Мислам дека требаа на 1-1 да ја смират малку работата и стрпливо да ги отворат затоа што после 1-1 Фулам се затворија добро и одеја на контри со камара, а знаеме дека против такви екипи тешко даваме голови.
Во второ Венгер виде дека е така и сметам дека намерно ги пуштија фулам да се отворат и стрпливо си ја градеја играта каде резултираше со непримен гол а ние дадовме. Тоа е тоа што ми се свиде. Иако беше нервозно за гледање сепак смирено и доста паметно го изиграа второто полувреме иако за око играта беше многу слаба. Знам дека можеби многу нема да се сложат со ова но сепак јас мислам дека многу паметно одиграно (али нервозно за нас). НЕбарам да се сложите со мене сепак тоа е мое мислење за "слабата" игра во второ.
И се сложувам со LoGix дека одбраната индивидуално изигра одлично али како група не е баш на ниво. Скилачи е доста искусен но некако нешто не ми штима кај него. Незнам што али.... Со Кошиелни не се баш добар тандем. Со Џуру повеќе си одговараат.
За играчите:
Фабијански: Одлично изигра и доста излагаше на нафрлени топки. Само на една ќе кикснеше нафрлена, а на другите сите ги освои или боксува иако мислам дека треба да тргнува порано. Малку касни со излегувањето сепак денес повеќе од одличен беше. Спаси зицер, пред крај добар шут и излагањата за боксување му беа навремени. Точно во последен момент.
Сања денес беше перфектен, без една грешка, дури и имаше одличен центаршут кон Шамак, кој за жал биеше во Шварцер.
За Скилачи пишав погоре и мислам дека тоа беше топка на Кошиелни кога го удри. Дугото одлично.
Џуру пријатно ме изненади. Ниту еден воздушен дуел не изгуби и ми делуваше доста стабилно без паника и со добра проценка на поставеност. Нека продолжи само така.
Напријатното изненадување за мене денес беше Клиши. Денес беше одличен. И сум приметил кога Клиши нема да киксне секогаш победуваме. И денес не одеше многу во офанзива па можеби и затоа добро изигра дефанзивно.
За средината:
Вилшир одличен и доста дисциплиниран во последно време. Доста трча и според мене имаше одлична партија.
Сонг направи неколку грешки во офанзива но сепак ќе кажам дека не беше лош само солиден. Може и далеку подобро но сепак далеку од лош.
Росицки второ падна со темпото но сепак прво одлично изигра. Солидно прво полувреме. Имаше една вратена топка од Сонг на 16 метри и убаво му налегна али не ја искотролира најдобро и замина во голаут. Сакав барем да отидеше во гол али тоа е.
Аршавин исто така одлично прво полувреме а второ солидно. Добро е што во последниве натпревари игра одлично и вољата за надигрување се гледа повторно кај него, тоа ме радува.
Ван Перси иако не е во форма сепак асистираше за голот и мислам дека нетреба да се форсира премногу и врши притисок врз него. Квалитето ќе дојде многу брзо. А Аршесавин и лани на почеток го критикуваше за играта и неговите асистенции но потоа го демантираше, а се надевам дека и годинава за брзо време ќе го направи истото.
Шамак. Иако доста го критикуваат некои сепак денес беше одличен. Неколку пати се врати на средина и одзеде топки. Имаше одличен удар со глава но за жал Шварцер одбрани. Многу вреден играч кој иако добија критики сепак според мене заслужува место во прв тим, а веруам дека ќе има уште поголем напредок кај него.
За Насри кажано е се.. Не е ѕвер S В Е Р И Ш Т Е....
П.С. Добар викенд за нас