Фан Клуб: Арсенал

Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Ептен силен вчера ми се виде Арсенал, мислам најдобар натпревар одиграа оваа сезона во ПЛ.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
Едно нешто вчера што ми падна у око. Сите, ама баш сите играчи го таргетираа Бруно Гимараеш, човекот помина пола утакмица на земја. Сака убав лакт му здрви у грб.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.671
Поени од реакции
66.729
Едно нешто вчера што ми падна у око. Сите, ама баш сите играчи го таргетираа Бруно Гимараеш, човекот помина пола утакмица на земја. Сака убав лакт му здрви у грб.
Затоа што е на 9 жолти. Со наредниот му следи 2 меча суспензија, а Њукасл и онака мака мачи со повреди на играчи од средина, па по секоја цена избегнуваше да добие картон.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Го прашав ChatGPT како би се викале фудбалерите на Арсенал, на Македонски. Нешто ситно поправив, ама во глобала се е дело на Џипити.

Некои се очигледни, за други треба повеќе мозгање. Досада :D

Цветан Сугаревски (Cvetan Sugarevski)
Јорго Јоргиевски (Jorgo Jorgievski)
Леон Дрвенков (Leon Drvenkov)
Мухамед Еленовски (Muhamed Elenovski)
Александар Зинченков (Aleksandar Zinchenkov)
Томе Партиевски (Tomе Partievski)
Мартин Оденоски (Martin Odenoski)
Давид Раев (David Raev)
Таки Томески (Taki Tomeski)
Гаврил Христов (Gavril Hristov)
Деки Ризов (Deki Rizov)
Раиз Николов (Raiz Nikolov)
Еди Кетиев (Edi Ketiev)
Емил Ковач-Роески (Emil Kovac-Roeski)
Кај Хаверцов (Kaj Havertzov)
Арон Рамадановски (Aron Ramadanovski)
Бењамин Белов (Benjamin Belov)
Јуријан Дрвенков (Jurijan Drvenkov)
Јаков Киров (Jakov Kirov)
Гаврил Магловски (Gavril Maglovski)
Фабијан Веров (Fabijan Verov)
Буко Саков (Buko Sakov)
Вилијам Слабов (Vilijam Slаbov)
Гаврил Мартинеловски (Gavril Martinelovski)
Јанко Христовски (Janko Hristovski)
Амар Козар-Дубревски (Amar Kozar-Dubrеvski)
Лино Сушев (Lino Susev)
Итан Ненов (Itan Nenov)
Миле Левков-Скелов (Mile Levkov-Skelov)
Карло Хејновски (Karlo Hejnovski)
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
565
Поени од реакции
1.021
Без clean sheet нека не се враќаат во Лондон.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
Нека зачуваат нешто за Порто...
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.723
Поени од реакции
12.729
Во првите 20 кола: дадени 37 - 20 примени
Во овие 7 кола: дадени 31 - 3 примени
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Падна форумов не успеав да пишам неколку работи.

- Парти е тотално паднат во формата поради низата на повреди, ништо нема од играчот што беше порано. Се надевам дека ќе успее да се врати пак, денес не можеше со топка да се состави, трапав беше секој допир негов.
- Кога се вака играчиве во форма, делува дека може да ги победиме и Сити и Ливерпул и секој можен клуб, но прашањето што се појавува тука е што ако паднат во форма како што беше декември месец чинам (со Фулам,Вест Хем...), што ако почнат пак повредите. Клупата е реално очајна. Не зборам за играчи за ротација како Тросард и Жоржињо, што имаат улога во тимот и во зависност од формацијата која треба да се изнесе пред противникот се ротираат. Туку зборам за баш втора постава играчи, сите некако ми делуваат млитави како да немаат желба да се борат за прв тим, како да се задоволни со улогата да греат клупа и да примаат плата. Па мртов Шефилд ти игра, размонтирајте го, покажете дека заслужувате и вие да сте прв тим.
- 0.31 expected goals примени што е брутално, во моето гледање на Арсенал јас не сум видел вака да доминираме во одбрана, толку добро играат играме одбрана преку константен напад и притисок, заедно со дисциплина и чувањето топка, што Раја ќе дојде до golden glove :D
- Измениве не ги очекував, Седрик не очекував да влезе пред Нелсон, ЕСР, изгледа Артета дефинитивно има расчистено со овие двајца за наредна сезона.
- Жезус гори од желба да даде гол и пак да е главна ѕвезда во тимот како што беше на почетокот на ланската сезона.
- Најмногу победи во низа сме имале во 2002 и тоа 14, сега сме на 7. 9тиот меч ако се оди по план би бил против Сити.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
Падна форумов не успеав да пишам неколку работи.

- Парти е тотално паднат во формата поради низата на повреди, ништо нема од играчот што беше порано. Се надевам дека ќе успее да се врати пак, денес не можеше со топка да се состави, трапав беше секој допир негов.
- Кога се вака играчиве во форма, делува дека може да ги победиме и Сити и Ливерпул и секој можен клуб, но прашањето што се појавува тука е што ако паднат во форма како што беше декември месец чинам (со Фулам,Вест Хем...), што ако почнат пак повредите. Клупата е реално очајна. Не зборам за играчи за ротација како Тросард и Жоржињо, што имаат улога во тимот и во зависност од формацијата која треба да се изнесе пред противникот се ротираат. Туку зборам за баш втора постава играчи, сите некако ми делуваат млитави како да немаат желба да се борат за прв тим, како да се задоволни со улогата да греат клупа и да примаат плата. Па мртов Шефилд ти игра, размонтирајте го, покажете дека заслужувате и вие да сте прв тим.
- Измениве не ги очекував, Седрик не очекував да влезе пред Нелсон, ЕСР, изгледа Артета дефинитивно има расчистено со овие двајца за наредна сезона.
1. Partey nema igrano fudbal so meseci, prvichno beshe trapav ama se uhoda i pochna da dava od negovite pasevi.
2. Vchera od klupa vlegoa, Vieira, Jesus, Trosard, Partey i Cedrik, a ostanaa na klupa ESR I Nelson + se vrakjaat sega Zinchenko,Tomiyasu i Timber. Jas bi rekol ova e prilichno dobra rotacija. Edino fali samo eden rasen napagjach da vlegue koga kje e teshko, toa na leto kje se kupuva sekako World Class.
3. Mora odmor za White, igrachiste e sezonava, posebno posle Dubai. Drugite shto vlegoa site zasluzhuvaat pred ESR i site tie ni se potrebni da vlezat vo ritam za runin-ot.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Изгледа Артета гледа нешто на тренинг што ние не гледаме а?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom