А добро, Парти го игра десен бек за да напраи место за Хаверц во тимот или заради повредата на Тимбер ги измеша? Пошто вака првиот тим е послаб од лани, а требаше сезонава да ја подобрат и клупата.
Не знам што изведува со ова али очигледно е дека не функционира. Не е тоа што Парти е толку лош на десен бек ( иако не е сјаен ), средината е тиња без него.
Не знам дали:
- му има ветено на Вајт дека ќе го игра централен сезонава
- ја има спукано нешто со Габриел
- не е сигурен дека Габриел ќе остани
- го привикнува тимот на алтернативни формации во случај на измореност/повреди
Ништо друго освен последнава наведена причина не можам да ја сфатам. Дури и таа не можам да ја сфатам, затоа што со форсирање на друга позиција и други формации ќе ја поремети и таа што функционираше.
Рајс не сум го следел многу во Вест Хем, али од до сеа виденото, слабо гради позиции. Не повлекува луѓе на себе, погрешно проценува и бара топка. Дефанзивно е добар, меѓутоа како supporting плеј, воопшто не е. Ниту тој ниту Хаверц. Одегард фактички сам префрла топка. Парти/Рајс/Одегард е каде каде покорисна формација. Дури и ЕСР во средина е покорисен од Хаверц. Од тоа до сеа што видов од Хаверц, стварно не глеам разлика меѓу него и Шамак. Висок, тромав...и тоа е тоа...од толку што е некорисен не можам ни 3 епитет да му најдам да го опишам. До толку го неам видено.
Вајт е по дифолт добар, али иако централен му е природна и ваљда сака да ја игра, на десен бек кинеше човекот. Мали ротации се потребни за да играме многу подобро и мајке ми не можам да сфатам што изиграва со позицииве.